Деведесет и едногодишен милијардер наоѓа нова девојка шест месеци по разводот (фото) - Канал 5

Деведесет и едногодишен милијардер наоѓа нова девојка шест месеци по разводот (фото)

Милијардерот Руперт Мердок пред пола година се развел од четвртата сопруга, Џери Хол (66), а веќе има нова девојка. Имено, овој дедо, очигледно сè уште има што да им понуди на припадничките на понежниот пол.

Деведесет и едногодишен милијардер наоѓа нова девојка шест месеци по разводот (фото)

Папараците го забележале овој господин како ја шета својата нова девојка Ен Лесли Смит (66) по карипските плажи, па низ светот осамнаа фотографии како тие двајца уживаат на овие плажи од бајките. На една од фотографиите, Ен, која не изгледа лошо за своите години, му помага на Руперт да излезе од водата. Доколку не е познато дека тие двајца се во врска, на фотографијата делува како милијардерот да е на плажа со својата негователка.

Ен-Смит е вдовица на кантри музичарот Честер Смит, кој почина на 78-годишна возраст. Нејзиниот покоен сопруг, покрај тоа што беше пејач, поседувал дури 13 телевизиски станици во Калифорнија. Според ова, Смит добила поголемо наследство, па можеби навистина ужива во романсата со Мердок.

Да потсетиме, милијардерот пред 6 месеци се разведе од поранешната сопруга Џери со која беше во брак 6 години. Во бракоразводната парница како причина се наведени емоционалната дистанца и непремостливите разлики. Наводно, Хол била изненадена од одлуката на нејзиниот сопруг кој телефонски ѝ ја соопштил одлуката да се разведат. Џери била многу заштитнички настроена кон својот сопруг за време на пандемијата и не дозволувала посета на ниту едно од неговите деца. Децата овој чин го протолкувале како обид да ги раздели од нивниот татко, што можеби влијаело на одлуката милијардерот да се разведе од Хол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер