Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп - Канал 5

Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп

Една сцена, илјадници детски насмевки и едно прекрасно фестивалско утро. 

Детски насмевки, долготрајни аплаузи и весела публика на изведбата на „Пинокио“ на Битолски театар во Прилеп

Вака беше на првиот ден од театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“ во Прилеп, кој го отвори екипата на Битолскиот театар со претставата „Пинокио“.

„За нас беше огромно задоволство и особена чест што со „Пинокио“, во изведба на НУ Народен театар Битола, го отворивме театарскиот фестивал. Додека нашите актери се подготвуваа зад сцената, пред влезот веќе нè чекаше најубавата публика – дечињата, со љубопитност, возбуда и насмевки на лицата. А кога завесата се крена, започна едно поинакво патување – во светот на Пинокио, фантазијата, музиката и детската магија.

Најголемата награда за секој што создава театар за деца е токму среќата во нивните очи. Благодариме за прекрасниот пречек и за можноста токму ние да го отвориме ова фестивалско патување“, истакнуваат од НТБ.

Оваа е претстава во која Пинокио не потсетува дека секоја голема приказна започнува со детската фантазија. Се работи за приказна што и по повеќе од еден век ни укажува дека патот до тоа да станеш „вистински“ минува низ искушенија, грешки и храброст. Детската претстава не е само забава. Таа е првото место каде што детето учи да препознава чувства, да поставува прашања, да разликува добро од лошо, да верува, да сонува и да ја користи својата фантазија.

„Пинокио“ од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски, е приказна за растењето, изборите, искреноста, љубовта и патот кон тоа да станеме подобри. Главниот лик го игра Никола Стефанов, а во останатите улоги се: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, како и децата од Театарска школа „Бабец“: Ана Анѓелевска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана Марија Каранфиловска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски, Марија Јовев, Андријана Мемет, Каја Крстевска.

Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски, изработка на маски Сара Милевска, ментор на театарската школа Бабец Јулијана Мирчевска.

ТФД „Силјан Штркот“ започна со детска радост, а „Пинокио“ со задоволство ја раскажа својата приказна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

 Големото мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал не донесе возбудувања само на теренот.

Хаос во ложата на „Метрополитано“: Флорентино лут поради противкандидатот

Беше бурно во претседателската ложа на стадионот „Метрополитано“, на големото дерби на Мадрид, кое заврши со победа на домаќинот од 2-1. Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, беше во центарот на вниманието.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, незадоволството на Перез не било предизвикано од резултатот на натпреварот, туку од фактот што Атлетико го поканил Енрике Рикелме – неговиот противкандидат на изборите за претседател на Реал Мадрид во 2025 година – во ВИП-ложата.

Перез освои 65 отсто од гласовите на тие избори, но Рикелме беше првиот сериозен противкандидат на актуелниот претседател на Реал.

Според информациите на новинарот Пако Гонзалез од радиостаницата „Кадена КОПЕ“ (Cadena COPE), самата вест дека Рикелме ќе биде меѓу гостите предизвикала бурна реакција кај првиот човек на мадридскиот клуб.

Оваа информација потоа ја потврди и Хуанма Кастањо.

Наводно, Перес побарал објаснување зошто Рикелме бил поканет во претседателската ложа, а ситуацијата станала толку непријатна што тој се заканил дека ќе го напушти стадионот доколку се сретне со него.

Сè се случи пред почетокот на натпреварот, така што исходот од дербито немаше никакво влијание врз реакцијата на Перез.

Интересно е што челниците на двата мадридски гиганти претходно, според традицијата, заедно ручаа, и токму тогаш претседателот на Реал наводно дознал дека Рикелме ќе биде гостин на Атлетико.

На крајот, претставниците на Атлетико успеаја да ја смират ситуацијата уверувајќи го Перез дека нема да се сретне со Рикелме, по што атмосферата во ложата се врати во нормала. Сепак, тоа беше само вовед во многу непријатна вечер за Реал.

YouTube video

Атлетико победи на градското дерби на теренот, додека тренерот на Реал, Жозе Мурињо, по натпреварот имаше бројни забелешки за судењето. Така, „Ел Мадрилењо“ овој пат имаше два фронта – еден на тревникот на „Метрополитано“, а другиот неколку ката погоре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, чиј домаќин ќе биде италијанскиот вицепремиер Антонио Тајани.

Денеска во Њујорк ќе биде одржан состанок на иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“

Како што соопшти Европскиот парламент, на состанокот, кој е на маргините а Генералното собрание на Обединетите нации, ќе учествува и претседателката на ова тело, Роберта Мецола.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ вклучува 7 земји-членки на ЕУ – Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија, Словачка и Словенија. Земјите од иницијативата имаат за цел да го одржат Западен Балкан високо на политичката агенда на Европската унија и да го поддржат регионот на неговиот европски пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

ЈП Водовод и канализација: Водата во Скопје безбедна за употреба

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.09.2026 до 18.09.2026 зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер