ЗдравјеДетската болница Козле од денеска прима пациенти со КОВИД-19На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле од денеска прима возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство, информирајќи дека се прават последните подготовки за нејзино ствање во функција за прием на позитивни на вирусот. На располагање се 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца сомнителни и заразени од вирусот. Предвидено е во оваа болница да се носат пациенти со полесна и средна клиничка слика. Болницата се доекипира со интернистички и инфектолошки тимови, лекари и сестри, кои ќе дојдат и од Инфективна клиника и од внатрешноста. – Уште од почетокот на епидемијата во нашата земја болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле беше дедицирана за третман на сомнителни и заболени деца од КОВИД-19. Во моментот во Болницата се сместени три дечиња сомнителни на вирусот, чии резултати од тестови се чекаат. Од утре болницата ќе врши прием и на возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти вчера Министерството за здравство. Покрај на Инфективната клиника, болницата „8 Септември" која функционира како КОВИД-центар, сомнителни и заболени пациенти со коронавирус се лекуваат и во болниците во Куманово, Тетово, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, а се подготвува и КОВИД-центар во Кавадарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ЗдравјеСЗО: Нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чумаСветската здравствена организација вчера соопшти дека нема јасни одговори за неодамнешната смрт на работник во руски институт кој истражувал чума. Во изолација се стотици колеги и блиски контакти, а има информација и дека друг работник можеби има пневмонија. Сето ова предизвикаа глобална загриженост за ретка форма на чума. Русија вели дека нема ризик од епидемија, додека СЗО се залага за транспарентност во врска со смртта во Лабораторијата за чумаруската агенција за справување со заразни болести, вели дека работничката починала од пневмонија од „непознато“ потекло и ги минимизира сомнежите дека нејзината смрт е поврзана со нејзината работа. СЗО соопшти дека ги видела извештаите на локалните медиуми за инцидент во лабораторијата во кој е вклучена скршена епрувета. Во моментов, „знам она што го знаете и вие од медиумите за кршењето и изложеноста на епруветата“, изјави во средата д-р Марија Ван Керхове, директорка на одделот за управување со епидемии и пандемии на СЗО. На 2 октомври, руската влада одржала состанок „бидејќи се сомневаше дека жител на Институтот Иркутск се заразил со опасна инфекција“, изјави во средата генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус. Според меѓународното право, Русија требаше да го пријави инцидентот во рок од 24 часа .Руската влада, исто така, соопшти дека околу 200 лица кои имале контакт со работникот ставиле во карантин или под внимателно следење , соопшти СЗО. Голем број болници во областа ги ограничија посетителите и спроведуваат сеопфатни здравствени проверки, вклучително и барање од луѓето да пополнат прашалници за „чума“ и други симптоми на заразни болести. СЗО соопшти дека ризикот за пошироката јавност „се чини дека е низок“ во овој момент, врз основа на ограничените информации што ги има.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија На маргините на меѓународната конференција посветена на Коридорот 8 денеска во Софија ќе се одржи билатерална средба меѓу министрите за надворешни на двете земји Муцунски и Петрова Чамова.Средбата дури вчера официјално беше потврдена од бугарското МНР, но без да прецизираат во каков формат ќе се одржи. Во пресрет на средбата премиерот Мицкоски порача дека само преку дијалог може да се дојде до решение, додека од опозициската сдсм се на став дека ништо контруктивно нема да произлезе од неа. Пред средбата со неговата бугарска колешка министерот Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и релативно топло Според УХМР во Скопје, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. 0 Берово, 3 Струмица, 4 Битола, Скопје-Петровец, Тетово, 5 Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Куманово, 6 Прилеп, Штип, Попова Шапка, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Претор, 8 Маврови Анови, Охрид, 9 Крушево, 10 Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook