Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
2Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
ЖивотДете скршило амфора стара 3.500 години, таткото се правда: Сакаше да види што има внатреЧетиригодишно момче случајно скршило амфора стара 3.500 години во музеј во Израел додека патувало со своето семејство.Музејот Хехт во Хаифа за Би-Би-Си изјави дека садот датира од бронзеното време, помеѓу 2200 и 1500 година п.н.е., и дека тоа е редок артефакт бидејќи бил добро сочуван. Амфората била изложена веднаш до влезот на музејот и не била заштитена со стакло бидејќи музејот верувал дека тоа ѝ дава посебен шарм на изложбата. Таткото на момчето, Алекс, рекол дека неговиот син ја повлекол амфората бидејќи бил љубопитен што има внатре. „Бев во шок кога го видов како стои покрај скршената амфора“, рече тој. Музејот Хехт објави дека го поканиле семејството повторно да ја посети изложбата. „Кога некој намерно ги оштетува изложените предмети, таквиот случај го сфаќаме сериозно; ова понекогаш ја вклучува и полицијата“, велат од музејот. „Сепак, ова не беше таква ситуација. Садот беше случајно оштетен од мало дете за време на посетата на музејот“, додаваат. Древната амфора ќе биде реставрирана од стручен конзерватор и наскоро ќе се врати на своето место. Таткото на момчето рече дека ќе му олесни кога ќе го види реставрираниот сад, но дека му е жал бидејќи „тоа повеќе нема да биде истиот предмет“. Музејот за Би-Би-Си изјави дека, секогаш кога е можно, предметите се изложени без заштита или стаклени ѕидови и дека, и покрај овој инцидент, ќе продолжат со таа традиција. Амфората потекнува од времето на библискиот крал Давид и цар Соломон, а веројатно во неа се чувало вино или маслиново масло. Обично таквите садови се наоѓаат скршени и цела амфора е вредно откритие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански. Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија. - Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски. Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение. -ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети. Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМолк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенцијаМолк од бугарското МНР по реакциите од македонското Министерство за надворешни за провокативните и навредливи изјави на бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков, но и на тамошниот министер за внатрешни работи Демерџиев за случајот со Ива Михаилова. Изјавата на Радуков дека би бил изнанден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од Македонија, од македонското МНР ја оценија и како дирктнно мешање во внатрешните работи на земјава, а тоа јасно му било укажано и на вршителот на должност во бугарската амбасада кој вчера беше повикан на разговор во МНР. Премиерот Мицкоски одби да ги коментира ваквите изјави на Демерџиев и Радуков, иако потенцираше дека имал што да им одговори. Ваквата реторика од бугарската страна, според аналитичарите ќе продолжи па дури и ќе се заоаструва бидејќи официјална Софија го политизира случајот со Михилова. Според Петар Арсовски можно и прогласување на бугарскиот амбасадор за персона нон-грата во земјава согласно Виенската конвенција за дипломатски односи. „Не очекувам деескалација на таа реторика брзо и очекувам дека ќе биде тешко да се оствари нормален разговор по димпломатски канали со Софија во догледно време, односно се додека не спласне овој случај. Во основа на македонското МНР мустојат на располагање повеќе мерки од формална протесна нота до подигање на протесна нота на ниво на МНР со МНР, до посериозни импликации за вршителот на должност, ако се смета дека тој ги пречекорил дипломатските протоколи согласно Виенската конвенција дури и до прогласување за персона нон-грата. Повеќе од тоа не може да се оди бидејќи сепак тоа е реторички, а не дипломатски инцидент“– Петар Арсовски, политички аналитичар. Бугарската министерка за наворешни Петрова Чамова пак не ја спомена реакцијата од Македонското МНР, а во однос на евроинтеграциите на земјава порача дека била потреба поголема политика воља од македонска страна. Инаку бугарскиот министер за внатреши Демерџиев во поткаст за тамошните медиуми посочи дека не планираат ниту да ја бараат, ниту да ја испорчаат Михаилова во замјава, додека бугарскиот амбасадор Радуков изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија, но порача дека го разбирал нејзиот очај поради ниската доверба во македонските институци. Токму вакава изјава е оценета како мешање во внатрешните работи на земјава од страна на македонското МНР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во ПрилепПо децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција.Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот. Спортската сала се наоѓа на улицата „Цане Кузмановски“, во урбано подрачје со добра сообраќајна поврзаност со останатиот дел од градот. Изградена е во 1978 година, а во 1993 година била зафатена од пожар, по што била обновена и реконструирана неколку години подоцна. Денес објектот е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изграден, поради што е предвидена негова целосна реконструкција. Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал. Според проектната документација, просторот за игра е димензиониран според ракометно игралиште со должина од 40 метри и ширина од 20,33 метри, додека висината до највисоката точка изнесува 13,90 метри. Предвиден е заштитен појас од два метра зад головите и по 1,20 метри по должина на страничните линии на салата. По реконструкцијата, спортскиот објект ќе располага со 1.959 седишта за публика, распоредени во 15 реда од двете страни на теренот. Покрај посебните влезови за публика, професионални спортисти и корисници на рекреативните содржини, предвидени се и соодветни пристапи за лицата со попреченост. Проектот не опфаќа само архитектонска реконструкција, туку и зафати во електричните инсталации, водоводот и канализацијата, како и во термотехничките системи. За објектот веќе е изработена техничка документација за основен проект за реконструкција и санација, со намена Б6 – спорт и рекреација. Предвидената вредност на реконструкцијата изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Средствата се планирани да се исплаќаат во три фази: два милиона денари во 2026 година, 89 милиони денари во 2027 година и уште 89 милиони денари во 2028 година. Со обновувањето на салата „Македонија“, Прилеп треба да добие репрезентативен спортски објект што ќе создаде подобри услови за развој на спортот, за тренинзи и натпревари, но и за секојдневна рекреација. Инвестицијата претставува повеќе од обновување на спортската инфраструктура. Таа е вложување во здравјето и правилниот развој на младите генерации, како и во создавањето услови за идните спортски таленти да ги развиваат своите способности и да градат спортски кариери во современ и соодветно опремен објект. Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter