Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураДетална програма на МОТ од 19 до 21 септемвриСо претставата „Ла мама Кантата“ на авангардниот њујоршки театар „Ла мама“ вечерва во 20.00 часот во Младинскиот културен центар се отвора 39-то издание на фестивалот „Млад отворен театар“. Композиторка и режисерка на проектот е Елизабет Свадос, а претставата ѝ е посветена на Елен Стјуард, основоположничката на театарот „Ла мама“, и во неа е раскажана нејзината лична приказна, во која се испреплетени страста, веселиот хумор, силата во борбата за надминување на расната дискриминација, економските битки и политичките судири. Нашите гости од „ЛаМама“ денеска во 16 часот во МКЦ ќе одржат презентација на нивната работа и искуството од над 50 годишната историја, а а утре во 12 часот ќе одржат и музичка и вокална работилница. Ла Мама кантата работилницата ќе биде спроведена како културна и музичка размена во која музичкиот режисер на Ла Мама кантата, Крис Кукул, ќе предава вокални техники и вежби со актерите во Кантата и учесниците во работилницата. Викендов МОТ нуди богата програма. САБОТА 20.00 часот МКЦ Алексис. грчка трагедија на Мотус од Италија. Проектот Сирма Антигони, започнат во 2008-ма година, произлегува од идејата за анализирање на врската/конфликтот помеѓу генерациите преку земање на трагичната фигура на Антигона како архетип за борба и отпор. Мотус е трупа формирана во 1991-ва година од страна на Енрико Казагранде и Даниела Николо во Римини. Замислена како лабораторија и отворена за најразлични уметнички содејства, Мотус ги истражува креативните интеракции кај различните форми на изразување. 20.00 часот Драмски театар, мала сцена The Beautiful на Петар Милошевски. The Beautiful е морничава, исклучително визуелна, физичка, постдрамска и постбрехтовска претстава. Таа се занимава со модерното разбирање на убавината на метафоричен и симболичен начин. Што се крие зад потребата на човекот да се трансформира себеси за да стане поубав? Кои тајни, фрустрации и стравови стојат зад сето тоа? Како симфонија од зборови, физички движења, музика и светло, The Beautiful ја раскажува личната приказна на ликот, кој, заробен во сопствениот свет, се обидува да стане поубав без да го знае вистинскиот ефект од неговите постапки: физичкото и моралното распаѓање Петар Милошевски е актер, изведувач и режисер со седиште во Лондон, кој е на сцената од осумгодишна возраст. Роден е во Македонија, со формално образование по актерска игра се стекнал на Националната академија за театар и филм во Софија, а потоа се преселил во Лондон, каде што магистрирал на Краласката школа за говор и драма.Во последниве години, работата на Петар е фокусирана на создавање на индивидуални проекти. Тој самиот ги смислува текстовите, звукот, светлото, сценографијата, и неговите претстави се значајни поради иновативното комбинирање на говорот и физичкиот театар. По 22.00 часот ве очекуваеме во МКЦ на концерт на белградската група Stray Dogg која за првпат доаѓа во Македонија. Бендот кој постои три години веќе има одржано над стотина концерти и е препознатлив по интерактивноста со публиката и умешноста да играат со атмосферата и стиховите. НЕДЕЛА 18:00 Автобус на ЈСП, поаѓање – автобуска станица: Симпо „КОНТРОЛА“ на Теа Беговска. Патници со своја приказна и свој проблем. Едни со билет, други без билет. Затекнати од контролата со која се обидуваат да се соочат или да не се соочат. Овој перформанс зборува за контролата воопшто. Колку знаеме да се исконтролираме во дадени ситуации, да не заплачеме или да не се насмееме? Колку успеваме да се контролираме самите себе во системот што е контролиран сам по себе? Ако слободата и контролата се двете крајности на една личност, тогаш што е средината? Перформансот е всушност вистинско возење со автобус во кој се случуваат вистински случки и каде што публиката е лик (причинител, а воедно и сведок на една вечна тема – контролата). 19:00 МКЦ ЈАС СУМ... перформанс на танчери од насоката за модерен и џез балет ДМБУЦ, Илија Николовски Луј, Скопје 20:00 Театар за деца и младинци „Нашиот клас“ на режисерот Владимир Милчин. Група ученици, Евреи и католици, ги откриваат своите амбиции: еден сака да биде пожарникар, друг филмска ѕвезда, еден пилот, друг лекар. Ја учат азбуката. Полска, 1925-та. Како што растат децата, нивната земја ја распарчуваат странски војски, прво советската, а потоа нацистичката. Додека национализмот незапирливо се шири, внатрешните неправди се продлабочуваат; пријателите се предаваат едни со други; насилството ескалира. Нашиот клас, кој Слобоѓанек го објавува во 2009-та година, е потресна приказна за комплицираните полско-еврејски односи во 20-от век, за колективниот срам, за вистината што никому не му е потребна и за историјата на која не може да ѝ се суди, не може да се реконструира, ниту, пак, може да се објасни. 21:00 Сцена Зебра О(ТЕЛО) на Скопје танцов театар и кореографот Рисима Рисимкин. Како што вели самата Рисимкин - најновата премиера на Скопје танцов театар се занимава со формата, телото и енергијата. Го истражуваме односот, за да дојдеме до суштината. И добро се забавуваме. Бидејќи имаме нешто што сакаме да го кажеме. За нас. За вас. Подетални информации за програмата на www.mot.com.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00