Детали за разводот: 92- годишниот милијардер ѝ пратил меил со 33 збора на поранешната сопруга - Канал 5

Детали за разводот: 92- годишниот милијардер ѝ пратил меил со 33 збора на поранешната сопруга

Медиумскиот магнат Руперт Мардок го прекинал бракот со Џери Хол преку е-пошта во која пишувало дека сака развод.

Детали за разводот: 92- годишниот милијардер ѝ пратил меил со 33 збора на поранешната сопруга

Двојката се венчала во март 2016 година, една недела пред 85-тиот роденден на Мардок. Тие биле во брак шест години, а потоа се разведоа. Хол поднесе барање за развод наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

Еден месец подоцна, разводот бил финализиран, а Vanity Fair сега пишува дека Мардок бил тој што решил да го прекине бракот и дека тоа го направил со краток мејл од 33 зборови. Џери го чекала сопругот да пристигне на нивниот имот во Оксфордшир кога го погледнала мобилниот телефон и видела дека има мејл од него.

Во тој мејл Руперт напишал дека нивната врска дошла до крајот. "Џери, за жал решив да го прекинеме нашиот брак. Сигурно си поминавме одлично, но имам многу работа. Мојот адвокат од Њујорк веднаш ќе контактира со твојот", пишувало во пораката.

Џери, пишува Vanity Fair, била изненадена од пораката бидејќи никогаш не се скарала со Руперт. Како дел од случајот за развод, Мардок ѝ рекол на својата поранешна сопруга дека не смеела да им дава идеи за сценарија на писателите на шоуто Legacy.

Тој, наводно, ѝ наредил да ги исели своите работи во рок од 30 дена и да покаже сметки за да докаже дека работите што ги земала навистина ѝ припаѓаат. Во разводот, Џери ја добила нивната куќа во Оксфордшир, каде што наводно открила дека безбедносните камери на имотот сè уште испраќаат снимки до Фокс, телевизиската мрежа која е дел од медиумскиот конгломерат на Мардок. Таа ги исклучила камерите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Почувствуван земјотрес во  Гостивар и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Холивудската актерка Бриџит Фонда ужива во своите пензионерски денови далеку од Холивуд.

Холивудска ѕвезда од 90-тите забележана по подолг период во јавноста

Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста.

Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката .

Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век.

Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет години.

Ѕвездата на филмот *Single White Female* се појавува многу ретко во јавноста а, најголемо медиумско внимание привлече нејзиното излегување со сопругот Дени Елфман.

Тоа се случи кога беа фотографирани заедно за првпат по 16 години, по враќањето од патување во Лос Анџелес. Таа се омажи за поранешниот фронтмен на бендот „Оинго Боинго“ (Oingo Boingo) во 2003 година.

Една година подоцна, парот објави дека Фонда очекува дете, а својот син Оливер го добија на почетокот на 2005 година. Актерката, позната и по улогата во *Кум 3* (The Godfather Part III), се повлече од глумата за да се посвети на одгледувањето на својот син, кој сега има 21 година.

Бриџит Фонда потекнува од познато актерско семејство; таа е ќерка на Питер Фонда, внука на Џејн Фонда и внука на Хенри Фонда. Во 2023 година, таа му изјавила на еден папарацо дека нема намера да се врати на глумата бидејќи е „прекрасно да се биде обичен граѓанин“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер