Детали по акцијата на Онкологија: Обвинителството потврдува дека претреси има и во два стана - Канал 5

Детали по акцијата на Онкологија: Обвинителството потврдува дека претреси има и во два стана

Дали, кој и како препродавал лекови за малигни заболувања на црно. 

Детали по акцијата на Онкологија: Обвинителството потврдува дека претреси има и во два стана

Комјутери, куќишта, електронска и хартиена документација полициски службеници до доцна синоќа вадеа од Онкологија. Сега тука е пусто, но од Обвинителстото потврдуваат дека претреси има и во два приватни станови. Во надеж дека се уште не се уништени, надлежните се обидуваат да дојдат до докази за кривично дело...според сомнежите - дека се краделе лекови на болни од рак и се продавале на црно....

Од Јавното обвинителство појаснуваат дека станува збор за предистрага, а досега земените документи и материјали ќе бидат предмет на анализа и вештачење. А поддршка за органите на прогонот стигна и од Министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој ги осуди сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите.

Во меѓувреме, онколошки пациенти кои се уште се плашат јавно да говорат, за Канал 5 анонимно раскажуваат дека чувствата откако виделе дека полицијата влегува на Онкологија, им се измешани, возменирени сме, но не и изненадени, одамна очекувавме да се одврзе јазолот за јавната тајна.

„Се сомневаа сите дека се крадат лекови, имаше доста зборувања и помеѓу пациентите, во болничките ходници, а и на групите на социјалните мрежи дека се крадат лекови. Тоа беше нешто како јавна тајна. И кога беше сменет директорот од позицијата, тогаш се очекуваше да почне нешто да се разврзува работата, меѓутоа, доста се одолговлечи целата работа. Ние сега, се прашуваме, дали всушност сме примале вистинска терапија, или не знаејќи сме примале само еден дел од неа, а другиот бил препродаван, делен на црниот пазар.“

Дел пак, не веруваат дека правдата и вистинските виновници вообичаено одговаараат во Македонија, но се надеваат дека никој нема да краде лекови од болни.

„Изненадена сум што толку доцна превземаат нешто, а да ви кажам, не знам што чувствувам. Мислам дека правдината пак нема да излезе на виделина. Ќе страдаат невини луѓе. Не знам, сега има терапија, но стари се терапиите, не знам до каде ќе одиме вака.“

Откако полицијата „ја тресеше“ Онкологија Канал 5 побара став и од сегашната Директорка Виолета Клисаровска која кусо одговори дека здравствената институција е достапна на истражните органи, но не сакаше да коментира ништо. Порача дека заклучоците ќе ги донесат надлежните.

Инаку десетина месеци, дел од пациентите на Онкологија алармираа за тоа дека или не добиваат терапија, или им се дели по половина. Во изминатиот период беше фатена медицинска сестра како земала и си се послужувала со цитостатици, а имаше и случај со поткуп на вработен во болничката аптека. Откако пациентите не добиваа терапии, а и поради неофицијалните информации дека за тоа кој ќе добие терапија месецот, а кој не, имало и списоци, преходниот Министер Беким Сали му даде можност на екс директорот на Онкологија сам да се повлече од функцијата, по што Васев си даде оставка, а на негово место дојде Клисаровска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик

Во тричленото претседателство на Босна и Херцеговина ќе има две познати лица, но и еден значаен нов член, а во ентитетите остануваат на власт досегашните партии.

Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик

Ова го покажуваат последните информации за резултатите од општите избори во земјата, на кои се бираше власта на државно, ентитетско и на кантонално ниво, пишуваат босанските медиуми..За изборите беа регистрирани повеќе од 3,4 милиони гласачи, кои избираа членови на државното претседателство, државниот парламент, претседател и парламент на Република Српска, парламентот на федерацијата и собранијата на десетте кантони во федерацијата.

Најследената трка беше онаа за тричленото претседателство на Босна и Херцеговина.Претседателството ги претставува трите конститутивни народи – Бошњаците, Србите и Хрватите – со по еден член избран од секоја од трите изборни единици.

Според изборните резултати, Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици,.

Пратеникот Талевски на Меѓународна конференција во Грузија за јакнење на меѓурелигискиот дијалог

Пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното Собрание на православието, Миле Талевски, кој воедно е и член на Меѓународниот секретаријат на оваа организација, учествуваше на Меѓународната конференција на тема „Цивилизациските основи на Европа - 1700 години од христијанството во Грузија“, што по повод 1700-годишнината од прифаќањето на христијанството во Грузија, се одржа од 2 до 4 октомври 2026 година во Тбилиси.

Настанот, кој заеднички го организираа ИПС на православието и Парламентот на Грузија, овозможи платформа за дијалог за улогата на христијанството, вредностите во контекст на денешните предизвици, како и за придонесот на православието во зачувувањето на заедничкото духовно и културно наследство во Европа.

На Конференцијата присуствуваа парламентарци од повеќе парламенти од Европа, од Европскиот парламент, претставници на европски и меѓународни институции, верски заедници како и академската заедница, со цел размена на мислења за европското културно и духовно наследство, христијанските вредности и нивното место во современите демократски општества.

Поздравно обраќање на Конференцијата имаше претседателот на Грузија, Михаил Кавелашвили, кој истакна дека Грузија низ вековите била физички мост меѓу Истокот и Западот, но и жив пример на културна разновидност и хармонично единство на различни народи и традиции.

Пред присутните се обрати и грузискиот премиер, Иракли Кобахидзе, кој оцени дека Грузија преку своето христијанско наследство е историски и цивилизациски дел од Европа, а нејзиниот европски пат го поврза со зачувувањето на традицијата, духовниот идентитет и христијанските вредности.

Воведно обраќање имаше и претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, кој нагласи дека само преку дијалог и соработка, како и преку размена на искуства и ставови за значењето на културното и духовното наследство на Европа, може да се зајакне меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, како и улогата на парламентите во унапредувањето на демократските и инклузивни општества, особено во контекст на член 17 од Договорот за функционирање на ЕУ и дијалогот меѓу ЕУ и верските заедници.

На Меѓународната конференција се обрати и патријархот на Грузиската патријаршија, Шио Муџири.

Во рамки на Конференцијата се одржаа две тематски сесии. Првата беше посветена на христијанските вредности во Европа во време на кризи, со посебен осврт на член 17 од Договорот за функционирање на Европската Унија и дијалогот меѓу европските институции и религиозните заедници. Фокусот на втората сесија, пак, беше посветен на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики, како и на современите демографски, економски и општествени предизвици.

Единствен беше ставот на учесниците на Конференцијата дека иднината на Европа не треба да се гради само врз политички и економски основи, туку и врз заеднички вредности. Христијанското наследство претставува значаен историски извор на европските идеи за достоинство, правда, љубов, солидарност и одговорност. Посебно беше нагласено дека културната, верската и националната различност може да биде основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби.

На крајот на Конференцијата беше усвоена и Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, која ги содржи главните пораки и заклучоци од дискусиите.

Во рамките на активностите на пролетниот состанок на ИПС на православието се одржа и презентација на Томот за „Аја Софија - црквите на мудроста Господова низ светот” на грузијски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пензискиот систем е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и демографијата

Фискалниот совет ја презентираше одржливоста на пензискиот систем, со особен осврт на вториот столб. 

Пензискиот систем  е неодржлив поради намалување на придонесите,зголемување на пензиите и  демографијата

Според Благица Петрески од Фајнаенс Тинк, перманетното намалување на придонесите во фондот,зголемување на пензиите и демографијата која го опфаќа засиленото иселување на работоспособното население придонесуваат за неодржливост на пензискиот фонд.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер