Детали од животот на париската жена-самоубиец: Разуздан живот и забави до зори - Канал 5

Детали од животот на париската жена-самоубиец: Разуздан живот и забави до зори

Само месец дена пред да се разнесе пред полицијата во Париз, Хасна Аитбулахсен (26) имала репутација на девојка која сака да се забавува, пренесува „Daily Mail”.

Детали од животот на париската жена-самоубиец: Разуздан живот и забави до зори
Хасна, по се изгледа, го преминала патот, од девојка која сака облека и алкохол, до радикална исламистка која е подготвена да загине во бомбашки напад.

Девојката е родена во Франција на 12 август 1989 година. Нејзините родители по потекло се Мароканци, кои во Франција пристигнале 1973 година.

Кога била мала нејзините родители се развеле а таа со својата мајка се преселила во Париз, но едно време живеела и во старателско семејство. Татко и живеел во едно мало гратче, источно од Мец и често го посетувала.



Нејзиниот брат изјави дека не разговарале цели пет години и нивниот однос бил комплициран.

Тој изјави дека Хасна живеела во старателско семејство и дека имала тешко детство со полно злоставувања. Кога пораснала, се интересирала за забави. Хасна објавувала селфи фотографии од забавите, а дека не била срамежлива доказ е и нејзината фотографија од купатилото.



„Цело време критикуваше. Одбиваше да прифати било каков совет. Живееше во свој свет. Не беше заинтересирана да ја проучува својата религија. Никогаш ја немав видено да го отвори Куранот. Цело време беше на мобилниот“ – изјави нејзиниот брат.

Последните години, станала симпатизерка на ИСИС, а тоа е видливо и од нејзиниот профил на социјалните мрежи. Поради нејзината блискост со Абауд, француските разузнавачки служби ја држеле под надзор.

И претходно нејзиниот телефон бил прислушуван поради сомнение за трговија со дрога. После нападите во петокот продолжено е со прислушувањето на нејзиниот мобилен. Токму поради информациите добиени од прислушувањето на нејзиниот мобилен, разузнавачките служби знаеле каде се наоѓа терористичката ќелија во Сен Дени, по што следувала голема полициска акција.

После размената на оган, полицијата ја прашала Аитбулахсен каде се крие нејзиниот пријател на што таа одговорила дека тој не и е пријател. Еден од соседите тврди дека ја слушнал девојката како неколку гласно довикувала „Помогнете ми“.

Останува нејасно зошто 26-годишната девојка го детонирала својот самоубиствен појас. Според некои информации можеби тоа го направиле снајперистите додека пукале по неа. Сепак, не била случајно на местото каде е убиена.

На Фејсбук оставила статус напишан со сленг: „Наскоро заминувам за Сирија, ако Бог даде, наскоро тргнувам за Турција“.

Наводно му се восхитувала на Амеди Кубали, мажот кој четири дена по нападите на Шарли Ебдо, нападна еден супермаркет во Париз и уби четири лица. Француските медиум изјавуваат дека била опседната со ИСИС.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат  Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов

Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер