Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
2Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи
3САД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на Трамп
БалканДетали на црногорски медиуми по пописот: Повеќе жители на Петњица живеат во странство Повеќе жители на Петњица живеат во странство отколку во својот град.Минатогодишниот попис на населението во Црна Гора покажа дека секој четиринаесетти граѓанин не живее во оваа земја или секој тринаесетти, ако се исклучат странците вклучени во пописот, јавија црногорски медиуми. Според конечните податоци од пописот на населението во Црна Гора, од 623.633 лица со вообичаено место на живеење, 44.017 живеат или работат во странство. Дирекцијата за статистика на Црна Гора (Монстат) претходно објави дека најголем број од нив студираат, живеат или работат во Германија, а порталот Банкар објави анализа колку жители на црногорските општини живеат во странство во однос на вкупниот број, а кои се државите најатрактивни за работа и кои за образование и кои се најчестите причини зошто го напуштиле родното место. Според таа анализа, општина Петњица има повеќе жители во странство отколку во таа општина. Од 5.552 жители на Петњица, колку што е изброено минатата година, 3.271 од нив живеат, работат или студираат надвор од својата општина. Тоа практично значи дека во таа општина живеат само 2.281 жители.Најголем број од нив има во Луксембург, речиси секој втор жител на оваа општина, односно 1.580 од нив. Околу 600 се во Германија, додека Швајцарија, Франција и Словенија се меѓу најчестите дестинации што ги избираат жителите на таа општина. Втор град со најголем број жители кои живеат во странство е Гусиње. Од 4.662 граѓани, 1.032 живеат во странство, односно речиси секој четврти, а најголем дел се во САД. Од вкупно 44.017 жители на Црна Гора кои живеат, работат или студираат во странство, повеќе од десет илјади се во Германија, односно секој четврти. Повеќето од нив се жители на Бијело Поље и Рожаје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВодата за пиење во Крушево бактериолошки неисправнаЦентарот за јавно здравје Прилеп ги информираше граѓаните на Крушево дека водата од градскиот водовод е бактериолошки неисправна и не се препорачува за пиење.До надминување на состојбата, жителите треба да користат пакувана вода за пиење. Водата од градскиот водовод може да се употребува за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само доколку претходно се преврива најмалку 10 минути. Од ЈП „Комуна“ Крушево информираат дека се врши редовно хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на нивото на хлор во водоводниот систем.... Од таму велат дека препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата.Тагови: вода Крушево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализиГостиварци би можеле да добијат вода за техничка употреба до крајот на неделава.Кризниот штаб информираше дека во првата фаза нема да смее да се конзумира водата, а по прочистување на системот и потврда од лабораториските испитувања што се очекува да биде завршено идната недела, водата од чешмите во гостивар би можела да биде добра и за пиење... Од Гостивар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави и дека секој кој се огрешил пред законот во случајот со водата во Гостивар, ќе одговара.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
СветСАД воведуваат нови увозни царини: ЕУ, Кина, Канада и Индија меѓу најпогодените од мерките на администрацијата на ТрампСАД воведоа нови царини за 60 трговски партнери – меѓу нив се ЕУ, Кина, Канада, Јапонија и ИндијаСоединетите Американски Држави(САД) синоќа објавија дека воведуваат царини од десет или 12,5 проценти на увоз од 60 држави, со образложение дека државите не успеале да воведат или не применуваат ефикасна забрана за увоз на стоки произведени со принуден труд. „Трговските партнери што презеле обврска да воведат и ефикасно да применуваат забрана за увоз на стоки произведени преку принуден труд ќе подлежат на царина од десет отсто, додека трговските партнери што не усвоиле таква забрана ќе подлежат на царина од 12,5 отсто“, соопшти американската администрација. Меѓу засегнатите производи има и одредени стоки од Европската Унија, соопшти Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR). Дополнителните царини ќе се применуваат на поголемиот дел од увозот од засегнатите трговски партнери, почнувајќи од 00:01 часот по источноамериканско време денеска (04:01 часот по Гринич). Од мерките ќе бидат изземени стоките што веќе се натоварени на бродови, се наоѓаат во завршна фаза од транспортот и за кои царинската документација била завршена пред 28 јули. Веднаш на најавите реагираа ЕУ, Австралија, Нов Зеланд. Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, ги посочи како неосновани тврдењата за недостатоци во контролата врз принудниот труд во Унијата. „Тоа не може да се каже за Европската Унија“, изјави Калас. Таа рече дека споредено со САД, европското трудово законодавство предвидува платени одмори и високи стандарди за условите на работа. „Затоа ова навистина не е оправдано“, оцени Калас, најавувајќи дека ЕУ ќе бара дополнителни објаснувања од Вашингтон. Таа посочи дека ЕУ ги исполнила обврските од трансатлантскиот трговски договор постигнат минатата година и дека новите царини ги доживува како „шок“.Тагови: САД царини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter