Десничарот Жерар Ларше реизбран за претседател на францускиот Сенат - Канал 5

Десничарот Жерар Ларше реизбран за претседател на францускиот Сенат

Претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше, денеска беше реизбран за шеф на Горниот дом по петти тригодишен мандат на позицијата, што е формалност бидејќи десничарскиот Ларше ја има поддршката од центристите на власт.

Десничарот Жерар Ларше реизбран за претседател на францускиот Сенат

Ларше доби 218 од 320 гласови, многу повеќе од другите кандидати на левицата и зелените.

Претседателот на Сенатот (74) веќе ја извршуваше таа функција од 2008 до 2011 година и од 2014 година.

- Сенатот е повеќе од кога било во срцето на демократскиот живот, рече Ларше по изборот.

Тој е член на десничарската Републиканска партија, но секогаш обезбедувал да ја има поддршката од владејачките центристи.

Властите редовно сметаат на него да постигне компромис за законските текстови, бидејќи центристите на францускиот претседател Емануел Макрон немаат апсолутно мнозинство во парламентот. /МИА

На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година

Се очекува самитот на НАТО,  следната недела во Хаг да ја потврди Албанија како домаќин на самитот на Северноатлантската алијанса во 2027 година.

На самитот во Хаг се очекува да се потврди Албанија како домаќин на самитот на НАТО во 2027 година

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на Радио Слободна Европа Нацрт-декларацијата „потврдува дека Албанија ќе биде домаќин во 2027 година".

Овогодинешниот самит на НАТО се одржува во Хаг, Холандија, следната недела, додека самитот во 2026 година ќе се одржи во Турција.

На крајот од нацрт-декларацијата се наведува: „Изразуваме благодарност за топлото гостопримство на Кралството Холандија. Со нетрпение го очекуваме нашиот следен состанок во Турција во 2026 година, по што ќе следи состанок во Албанија.“

Според нацрт-декларацијата, лидерите на НАТО ја потврдуваат својата посветеност на колективната одбрана согласно Член 5 и својата решеност да ги заштитат граѓаните и демократијата. Тие ветуваат дека ќе ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку 5 проценти од БДП до 2032 година, 3.5 проценти за воени капацитети и 1.5 проценти за критична инфраструктура, иновации и одбранбена индустрија.

Поддршката за Украина останува силна и ќе биде вклучена во пресметките за трошоците за одбрана. Алијансата, исто така, се обврзува на зајакнување на заедничката одбранбена индустрија, отстранување на трговските бариери и промовирање на технолошката соработка меѓу сојузниците, според нацрт-изјавата.

Албанскиот премиер Еди Рама уште минатото лето објави дека Албанија ќе биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година.

Албанија е дел од НАТО од 2009 година и ова ќе биде првпат да биде домаќин на ваков самит.

НАТО има воздухопловна база во Албанија, поточно во Кучово, единствената во регионот на Западен Балкан, која беше отворена во март 2024 година, откако НАТО инвестираше приближно 50 милиони евра, додека албанската влада повеќе од 5 милиони евра.

Албанија, исто така, е во преговори со НАТО за изградба на поморска база во Порто Романо на јадранскиот брег, кај Драч.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

Европските сили го повикаа Иран да продолжи со дипломатијата за да најде решение за неговата нуклеарна програма, додека Израел продолжува со бомбардирањето на Исламската Република.

Европските сили го повикуваат Иран да ги продолжи разговорите за нуклеарната програма со САД

„Добриот резултат денес е што ја напуштаме просторијата со впечаток дека Иран е подготвен дополнително да разговара за овие прашања“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во изјава заедно со неговите британски, француски и колеги од ЕУ по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами рече - „ние сме заинтересирани да ги продолжиме тековните дискусии и преговори со Иран и го повикуваме Иран да ги продолжи разговорите со САД“, додека францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро рече дека „не може да има дефинитивно решение преку воени средства за нуклеарниот проблем на Иран“.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ју-Ес-Ес Џералд Р. Форд“ ќе замине за Европа следната недела, изјави официјален претставник на морнарицата, тоа ќе биде трет американски носач на авиони во близина на Блискиот Исток.

САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток

„Ударната група на носачот на авиони Џералд Форд ќе замине од Норфолк (Вирџинија) утрото на 24 јуни за редовно распоредување во зоната на одговорност на Европската команда на САД“, изјави официјален претставник на морнарицата.

Американскиот носач Карл Винсон е на Блискиот Исток од почетокот на оваа година, учествува во воздушна кампања против јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран.

И официјален претставник на американската одбрана потврди дека шефот на Пентагон, Пит Хегсет, наредил ударната група на носачот Нимиц да се испрати на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа е „за да се одржи нашата одбранбена позиција и да се заштити американскиот персонал“.

Трамп изјави вчера изјави дека ќе одлучи дали да се придружи на нападите на Израел врз Иран во следните две недели, наведувајќи ја можноста за преговори за прекин на конфликтот.

притисни ентер