Дескоска: Собранието е веќе конституирано, тече рокот за доделување на мандатот

 Собранието е веќе конституирано и тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на Влада, вели министерката за правда во заминување Рената Дескоска.

– Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, објави Дескоска на незиниот официјален Фејсбук профил во врска со дебатата во јавноста дали Парламентот е конституиран во услови кога не е избран претседателот на законодавниот дом.

Во врска со примерите кои се посочуваат од 2006 и 2016 година, таа наведува дека кога се прават паралели меѓу два случаи треба да се води сметка за правните акти кои важеле во времето на превземањето на дејствијата и при тоа ги споредува членот 9 од Деловникот донесен во 2002 година кој важел во 2006 година кога претседателот Бранко Црвенковски го доделил мандатот за состав на влада на мандатарот Никола Груевски и членот 9 од Деловникот донесен во 2008 година, како што вели, без учество на опозицијата со едностран акт на владејачкото мнозинство, врз основа на кој е доделен мандатот во 2017.

– Не треба посебна анализа за да се согледаат разликите меѓу двата текста: првиот, оној од 2002 година е појасен, попрецизен, подемократски и со пологични одредби. Вториот, насила донесен од страна на тогашната власт во 2008 година, создава дилеми и проблеми во примената, а главна цел му е да ја стави палката за водење на конститутивната седница во рацете на поранешниот претседател на Собранието, вели министерката за правда.

Таа појаснува дека одредбата од членот 9 од Деловникот во 2002, а што го нема во текстот од 2009 уредуваше дека ако поранешниот претседател на Собранието не свика конститутивна седница, пратениците сами се состануваат во 10 часот на 21-от ден од завршување на изборите, дека со конститутивната седница претседава најстариот по години присутен пратеник и дека Собранието може да се конституира ако се верификуваат мандатите на 2/3 од вкупниот број пратеници.

– Во 2006, кога претседателот Црвенковски го додели мандатот за состав на Влада, немаше никакви дилеми дека Собранието беше конституирано со верификацијата на 2/3 од мандатите на пратениците. Деловникот на Собранието од 2008 година внесува чудна, ако не и апсурдна процедура на свикување на конститутивната седница ако тоа не го направи поранешниот претседател. Тогаш „стапува на сцена" најстариот пратеник, а ако и тој тоа не го направи, седницата може да ја свика пратеникот кому му доаѓа ред согласно редоследот на годините. Апсурд!, вели Дескоска и посочува дека новиот деловник го користи терминот „претседател во заминување" што го оценува како апсурд создаден од лични мотиви.

Според неа, потребно е донесување нов деловник за да се превенираат ситуации на неуставното, незаконското и неделовничкото однесување како од „црниот понеделник" од декември 2012 година

– Што можеме од ова да заклучиме?! Дека новиот текст на Деловникот од 2008 година е ретрограден, непрецизен и мотивиран од лични интереси на „владетелите" од тоа време! Собранието треба сериозно да го „препрочита" Деловникот и да донесе нов текст кој ќе ги отстрани ваквите небулози и ќе ги имплементира препораките од ад-хок комисијата за превенирање на ситуации како неуставното, незаконското и неделовничкото однесување претседателот на Собранието на 24 декември 2012, т.н. црн понеделник, наведува таа..

Што се однесува до толкувањето на Уставот и Деловникот околу различни прашања, за жал, оценува Дескоска, се покажува недостатокот на познавање на техниките и методите на толкување на правните норми од страна на многумина, вклучувајќи ги и правниците.

– Во изминативе години како министер се соочив со многу апсурдни толкувања и примени на законите од страна на администрацијата! Време е сите тие закони кои создаваат нефункционални и апсурдни толкувања и пракси да ги менуваме! А тие се во сите области! Ни треба јасен, функционален и логичен систем! Но, исто така ни треба правничко обрзование кое ќе ги учи идните правници како се толкуваат нормите, обрзование кое нема да ја занемарува логиката, порачува министерката за правда Дескоска.

Мајк Џејмс се расплака како мало дете по историскиот пораз (ВИДЕО)

Екипата на Монако претрпе пораз во петтиот натпревар пред своите гледачи по продолженијата против Фенербахче, а Мајк Џејмс не можеше да ги задржи солзите по мечот.

Војводите беа поразени со резултат 80:79, па по последниот судиски свиреж, првата ѕвезда на Монако беше видена како плаче додека го напушта теренот.

Несомнено е дека поразот тешко му падна како играч од кого се очекува најмногу.

Овој натпревар донесе нова страница во историјата, бидејќи ова е прва победа на гостинската екипа во петтиот натпревар од плејофот во Евролигата. Досега резултатот беше 0-19, но сега историјата се промени.

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

притисни ентер