ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3Петрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев
ЗабаваДесингерица повторно шокира: Извади залак од устата на баба му: Ова е веќе премногу (ВИДЕО) Контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ, попознат како Десингерица, продолжува да привлекува внимание со своите бизарни постапки.Откако на настапите им плукаше во уста, рендаше сирење и ги удираше со патиката по глава луѓето во публиката, сега ја шокираше јавноста со видеото што го сподели на ТикТок. Тој на видео ја снимил својата баба како јаде, а потоа ја извадил изџваканата храна од нејзината уста и ја изел. Овој потег предизвика лавина коментари на социјалните мрежи: „Направи си го животот да ти е смрден“, „Ова е премногу, дури и за него“, „Сега видов сѐ“, се само некои од нив. @dragomirdespic_design ♬ original sound - DESINGERICA Да потсетиме, Драгомир Деспиќ Десингерица неодамна ги заинтригира сите кога во видео на Инстаграм ги спомна разводот и „поранешната сопруга“ Невена. Поради ова, многумина мислеа дека нешто не е во ред во нивната врска, а раперот реши да проговори пред медиумите и да открие што се случува. - Луѓето слушнаа дека се разведувам поради лижавчето што го ставав во уста, а после тоа почнаа да доаѓаат и новинарите, но не ми е гајле, нека пишуваат што сакаат. Потоа се случи да сме кај викендицата, Невена не виде како се разведуваме и се изнервира, па ја смирив. Ништо не се случува, моето сандаче е преполно со брачни пораки, но женет сум - изјавил Десингерица и додал ... - Верен сум, ѝ обезбедувам сигурност на сопругата, приврзан сум. Се трудам на секој нов ден да ѝ направам насмевка и тоа е вистинската работа, особено кога се почитувате себеси“, рече тој. Деспиќ потоа се осврна на „постарата“ која неодамна го привлече целото внимание на неговиот настап. -Таа не е постара жена, таа е фина дама, постарите дами имаат 80 и плус години, кај мене доаѓаат сериозни жени кои сакаат добро да се забавуваат. Ми се допаѓаат убави дами на моите насипи. „Никогаш не ми било непријатно искуство, некој да не ме сака, но ми се случило жените многу да ми се допаѓаат и да ми приоѓаат“, изјави раперот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДЕНЕС НА СФФ2026: Свечено затворање на 26. Скопје Филм Фестивал и проекција на „Електричен бакнеж“ Со денешните активности и проекцијата во Кино „Фросина“, официјално се заокружува 26. издание на Скопје Филм Фестивал (СФФ), кое изминатите денови го претвори Скопје во епицентар на европската и светската кинематографија.Последниот фестивалски ден започнува во 12:00 часот во Клуб МКЦ со третиот фестивалски мастерклас, предводен од Ники Никитин, реномиран меѓународен филмски селектор и куратор на СФФ2026. Мастеркласот е посветен на темата „Фестивалски стратегии: Дистрибуција на филмови и ефикасно користење на фестивалскиот пазар“, која нуди насоки и практични совети за младите автори и филмски професионалци. Во 13:00 часот во Кино „Фросина“, во рамки на „А1 Кинотека“, ќе биде прикажан филмскиот класик „Чувар на плажата во зимски период“ на Горан Паскаљевиќ. Со почеток од 19:00 часот во Кино „Фросина“ ќе се одржи Свеченото затворање на СФФ2026, во чии рамки стручното жири официјално ќе ги соопшти добитниците на овогодинешните награди и признанија. Веднаш по церемонијата, во 19:30 часот, Скопје Филм Фестивал ќе ја затвори програмата со проекцијата на „Електричен бакнеж“ (The Electric Kiss) во режија на Пјер Салвадори, филм кој ја имаше својата светска премиера во рамки на отворањето на Канскиот филмски фестивал оваа година. Сите заинтересирани може да ги набават своите билети преку продажната мрежа на MK Tickets.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 02.11.2026 до 06.11.2026 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаПетрушевски: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и ЗаевЕдинствени „испрани“ пари во Македонија влегоа преку Венецуела во Еуростандард банка, во времето на Филипче и Заев.110 милиони евра била првата од неколкуте транши кои требале да стигнат во Македонија преку Венецуела, која тогаш беше под санкции во времето на Мадуро, а вкупната сума која била планирана да влезе во Еуростандард банка изнесувала милијарда и 600 милиони евра. Според јавно достапни информации, фирма од Македонија од шемата Венецуела, за голема сума на пари, купила вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее Лукашенко, другарот на Путин. Парите се префрлаат на сметка во Србија. Потоа истите средства биле замрзнати во Србија, по барање на обвинителството. Затоа кај СДС работи Фројд. Според логиката на СДС, тогашната власт на Филипче и Заев, по се изгледа биле директно вклучени во овие трансакции. Шемата е таа, Венецуела, Белорусија, Русија и Србија. Истите држави чии олигарси и криминалци во Македонија добиваа пасоши, тендери и дупови. Дополнително, од СДС молчат за фирмите на Заеви „Сара инженеринг“, фирмата на Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“, бизнис-партнери на Зоран Заев, кои подигаа кредити од Еуростандард, а потоа не ги исплаќаа. Изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се Филипче и Заев. Кога тогаш ќе одговараат. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter