Десетти пораз за Оклахома - Канал 5

Десетти пораз за Оклахома

Екипата на Оклахома ноќеска го забележа десеттиот пораз во НБА лигата, откако загуби на гостувањето кај Мемфис со 90:87.

Десетти пораз за Оклахома
Единствената победа на гостински терен ја оствари Кливленд кој славеше во Лос Анџелес против Лејкерс со 120:118.

На другите две средби: Шарлот - Њујорк 108:98 и Индијана - Сакраменто 116:92.

Вечерва се играат 12 натпревари: Орландо - Чикаго, Филаделфија - Шарлот, Вашингтон - Мајами, Бостон - Торонто, Милвоки - Мемфис, Минесота - Сакраменто, Њу Орлеанс - Хјустон, Сан Антонио - Јута, Феникс - ЛА Лејкерс, Портланд - Кливленд, Голден Стејт - Денвер и ЛА Клиперс - Далас.

Пласман Источна конференција: Индијана 30-7 (победи-порази), Мајами 27-10, Торонто 19-17, Атланта 20-18, Чикаго 17-19, Вашингтон 17-19, Детроит 16-22, Шарлот 16-23,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 30-8 (победи-порази), Портланд 28-9, Оклахома 28-10, ЛА Клиперс 26-13, Хјустон 25-14, Голден Стејт 25-14, Далас 23-16, Феникс 21-16,... /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување.

Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.

Одвои осум дена. Остануваат уште седум.

Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“.

Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог.

Ќе почекаме да се врати.

Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош.

Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален.

Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи.

Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа.

Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт.

Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената.

Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи.

Со нетрпение го чекаме.

Ќе имаме многу да учиме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“.

Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски.

Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката.

Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови.

Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев.

Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“.

Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија.

Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. 

Постапка против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за – Тешките дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил “сеат алтеа” по улицата “Радишанска”. На крстосницата со улица “18”, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл “кавасаки” кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење.

За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока.

Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил “алфа ромео” кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот “алфа ромео”.

Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.

Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер