Десетта „Бела ноќ“ во Скопје - Канал 5

Десетта „Бела ноќ“ во Скопје

Со ретроспективна изложба по повод еден век од раѓањето на сликарот и карикатурист Василие Поповиќ-Цицо, основоположник на македонската сценографија, вечер во 20 часот во галеријата Даут-пашин амам официјално ќе биде отворена десеттата манифестација „Бела ноќ“.

Десетта „Бела ноќ“ во Скопје
Организатор е Град Скопје и се вклучени културните институции под негова надлежност и национални установи, кои ќе примаат посетители до раните утрински часови. Покрај домашни уметници, ќе има и гости од Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и од сите балкански земји.

Цела ноќ за посетителите ќе бидат отворени и вратите на Музејот на современа уметност, Галеријата на МКЦ, галериите „Грал“, „3М“, „Арте“, „Галерија 8“, Музеј на Град Скопје, Културно-информативниот центар, Универзална сала, како и кино „Милениум“ со 24-часовен филмски маратон од 11 часот.

Ќе има десет сцени со различни музички жанрови - рок, џез, хеви-метал, хип-хоп, но посебен настан во музичката програма е настапот на 70-члениот хор „Перпетум џезиле“ од Словенија, на плоштадот „Пела“ од 21 часот.

Настаните се бесплатни за посетителите, како и автобусите на ЈСП кои вечер од 19 часот бесплатно ќе превезуваат кон Центар. Од 12 до 19 часот бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина, како и автобусите со броеви 8 и 15А кои поминуват пред ЗОО.

Во пресрет на манифестацијата градоначалникот на Скопје Коце Трајановски пред неколку дена на прес-конференција ги повика скопјани и жителите од цела држава во што поголем број да ја посетат јубилејната „Бела ноќ“ зашто, рече тој, за сите вкусови ќе има по некој настан, содржини од различни жанрови, на многу локации во главниот град и на скоро сите јавни места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер