Десетици жртви во катастрофални поплави на северот на Кина, меѓу загинатите најмногу стари и немоќни - Канал 5

Десетици жртви во катастрофални поплави на северот на Кина, меѓу загинатите најмногу стари и немоќни

Обилните дождови и поплави во северна Кина во текот на изминатата недела одзедоа 60 животи, од кои повеќе од половина во дом за стари лица на периферијата на Пекинг, соопштија властите.

Десетици жртви во катастрофални поплави на северот на Кина, меѓу загинатите најмногу стари и немоќни

Заменик-градоначалникот Сја Линмао на прес-конференција изјави дека 44 лица загинале во Пекинг поради поплави, објави Ројтерс.

Официјалните лица изјавија дека најмалку 31 лице се водат како исчезнати во главниот град и соседната покраина Хебеј. Обилните дождови започнаа пред една недела и го достигнаа својот врв околу Пекинг и околните покраини.

За само неколку дена, планинскиот округ Мијун североисточно од главниот град прими до 573,5 милиметри дожд. За споредба, просечните годишни врнежи од дожд во Пекинг се околу 600 милиметри.

Триесет и едно лице починале во дом за стари лица во Таишитун, град во округот Мијун во Кина, веднаш спротиводно од резервоарот Мијун и на околу 90 минути возење од центарот на Пекинг.

Вкупно 69 постари жители биле во домот за стари лица кога се случиле поплавите, а 55 од нив страдале од некаков вид функционално оштетување, соопштија властите.

Не е познато дали меѓу загинатите има и вработени во објектот. Во соседната покраина Хебеј, 16 лица загинале во обилните дождови.

Во летото 2023 година, обилните дождови убија најмалку 33 лица во Пекинг. Десет години претходно, во јули 2012 година, 79 лица загинаа во најсмртоносните поплави во градот во поновата историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Вистинската драма се одвивала во Трст, кога автомобилот заедно со возачот завршил во Јадранското Море. 

Видео: Драма во Трст: Автомобил падна во морето, кадети од Воената академија го спасиле возачот

Благодарение на брзата и одлучна реакција на припадниците на Воената академија од Модена, возачот бил спасен само неколку секунди пред возилото да потоне.

Италијанското Министерство за одбрана објави дека членовите на Воената академија, кои во тој момент биле во посета на градот, без двоумење дошле на помош. Војниците скокнале во морето, допливале до возачот и го извлекле на брегот, каде што потоа го предале на екипите на брзата помош.

Во официјалното соопштение беше истакнато дека оваа брза реакција е израз на вредностите што Воената академија им ги пренесува на идните офицери на италијанската армија и карабињерскиот корпус, имено храброст, чувство за должност, несебичност и дух на служба.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето, исто така, ја пофали храброста и обуката на војниците. „Тие дејствуваа инстинктивно, ставајќи ги сопствените животи во служба на спасување на друг човек. Тоа е највистинското значење на воениот повик - да ѝ служите на вашата земја и да го заштитите човечкиот живот, секогаш, дури и кога тоа не е официјална обврска. Ви благодарам“, рече Крозето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

Филипче: Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, тоа ли е премиер, професор, пример за младите?

Изнуденото извинување не го брише срамот на Мицкоски, вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во однос на вчерашните навреди од страна на Мицкоски во Собранието. Филипче посочи дека вистинското извинување подразбира преземање одговорност, а не формален обид за спас на политичкиот углед.

„Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Јован Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. Граѓаните заслужуваат почит, достоинство, заслужуваат премиер кој што обединува, а не човек кој што ги дели и ги навредува“, рече Филипче.

Тој додаде декаа ваквото однесување не е срам само за премиерската функција, туку и за институциите што Мицкоски ги претставува, и со ваквото однесување премиерот испраќа крајно погрешна порака и до младите и до меѓународната јавност.

„Ова е срам и за функцијата која што ја извршува, и за универзитетите, и за Собранието, и за Владата, и за државата. Каква порака им испраќа примерот на младите? На студентите? Каква порака им испраќа на граѓаните на Македонија? При тоа, ова не го гледа само Македонија и граѓаните тука, ова го гледа цела Европа. Вакво однесување од еден претседател на Влада до сега не е видено. Ниту кај нас, ниту пак сега има било каде во Европа. Ваков потценувачки однос кон граѓаните, кон пратениците во Собранието, нема никаде во Европа“, истакна Филипче.

Воедно, Филипче укажа дека нервозата на Мицкоски е последица на падот на довербата кај граѓаните и на неговите неисполнети ветувања.

„Спуштањето на политичката комуникација на ова ниво не може да се оправда со ништо, најмалку со нервозата што произлегува од падот на довербата кај граѓаните и од личниот рејтинг, кој самиот премиер го урна со секојдневните лаги и неисполнетите ветувања изминатиот период“ , рече Филипче.

YouTube video

Скопје, 14.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“

Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“ сите основни училишта во Центар преминуваат на едносменска настава.

Герасимовски: Со проширување на капацитетите на „Јохан Хајнрих Песталоци“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар денеска, на продолжението на 9. седница, ја изгласа одлуката за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за доградба на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ,последен чекор кон целосно воведување едносменска настава во општината.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се зголемат просторните капацитети на училиштето, ќе се обезбедат современи услови за учениците и наставниот кадар, а конечно ќе се создадат услови наставата да се одвива исклучиво во една смена. Со доградбата, Општина Центар го заокружува целосниот процес на трансформација на образованието, сите основни училишта на нејзина територија ќе работат единствено во прва смена.

„Ова е значаен момент за образованието во Центар. Со доградбата на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ не само што ги зголемуваме капацитетите на училиштето, туку конечно го исполнуваме и едно од нашите најважни ветувања, сите основни училишта во Општина Центар да преминат на едносменска настава. Тоа значи подобри услови за учење, поквалитетна организација на наставата и повеќе квалитетно време за учениците и нивните семејства“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар останува пример во инвестициите во образованието, создавајќи современи, функционални и безбедни училишта, во кои секое дете ќе има еднакви можности за квалитетно учење и целосен развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер