Десетици уапсени при судири меѓу полицијата и учесници на синдикалниот протест во Брисел - Канал 5

Десетици уапсени при судири меѓу полицијата и учесници на синдикалниот протест во Брисел

Неколку десетици лица се уапсени при судири меѓу припадници на белгиската полиција и маскирани учесници на синдикалниот протестен марш што денеска се одржа во Брисел во рамки на еднодневниот генерал штрајк. 

Десетици уапсени при судири меѓу полицијата и учесници на синдикалниот протест во Брисел

Според полицијата, до инцидентот дошло кога група демонстранти почнале да фрлаат кеси со боја и петарди кон седиштето на белгиската Канцеларија за миграција. Полицијата интервенирала за да го спречи насилното однесување, при што употребила солзавец и водени топови. Медиумите јавуваат дека при инцидентот полесно се повредени неколку лица.

- Жалиме поради вандалското однесување во контекст на денот на генерален штрајк, соопшти бриселската полиција.

Според последните информации, дел од демонстрантите одбиваат да се повлечат и се уште стојат во близина на Канцеларијата за миграција, скандирајќи пароли против полицијата.

Белгиската министерката за азил и миграција Анелин Ван Босујт го осуди како што наведе „вандализмот врз зградата“ на Канцеларијата за миграција.

Таа на социјалните мрежи сподели и видео сними на кои се гледаат маскирани лица облечени во црно како фрлаат предмети кон зградата, на која се искршени неколку прозорци и стаклената влезна врата.

- Агресијата и вандализмот врз моите служби немаат никаква врска со правото на штрајк. Ова е без преседан. Секој што ги напаѓа нашите вработени или оштетува јавни згради го напаѓа нашето општество, порача Ван Босујт.

До инцидентот, синдикалниот протест се одвиваше мирно со учество на околу 80.000 лица, според полицијата, и на блузи 140.000 луѓе, според организаторите.

Демонстрантите, кои се движеа по улиците на Брисел од железничката станица „Север“ до станицата “Југ“, свиреа со свирчиња, тропаа на тапани и повремено фрлаа петарди и палеа факели.

- Може да се види дека луѓето се навистина лути. Прават многу бучава, наведе белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ во извештајот од протестот.

Маршот беше одржан во рамки генералниот штрајк против мерките на белгиската Владата за поврзани со работничките права и реформите во пензискиот систем, што го организираа трите главни синдикати во државата - Конфедерацијата на христијански синдикати (АЦВ/ЦСЦ), Генералната федерација на трудот на Белгија (АБВВ/ФГТБ) и Генералната конфедерација на либерални синдикати на Белгија (АЦЛВБ/ВГСЛБ).

Во прогласот на „обединетиот синдикален фронт“ беше наведено дека штрајкот се организира поради социо-економки барања и пред се за „квалитетни и сигурни работни места и фер пензии“. Незадоволство на трите синдикати главно е насочено кон владините одлуки за покачување на старосната граница за пензионирање, за продолжувањето на флексибилното работно време и за намалувањето на надоместоците за ноќен труд.

Лидерот на франкофонскиот огранок на Генералната федерација на трудот на Белгија, Тјери Бодсон најави дека до крајот на годината се планираат и други „акции и штрајкови“, апелирајќи тие да минат мирно.

Утрово пред почетокот на протестот белгиската полиција приведе неколку лица поради, како што соопшти, вандалско однесување, уништување и палење на скутери и градежни скелиња и огради. Според полициското соопштение, станува збор за лица кои се подготвувале за учество во протестниот марш.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. 

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење!

Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!

Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град.

Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани!

Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен.

Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре.

Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат!

За Скопје што дише.

За генерациите што доаѓаат.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. 

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Односите меѓу Италија и Соединетите Држави ќе останат непроменети по победата на демократите на изборите за американскиот Конгрес, изјави италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани.

Италија: Односите со САД остануваат непроменети по победата на демократите

Тајани нагласи дека Италија „секогаш ја почитува волјата на американскиот народ“. Тој додаде дека САД се стратешки партнер на Рим и дека соработката ќе продолжи на истото ниво, без оглед на составот на американската администрација или Конгресот.

„Ќе продолжиме да соработуваме со истата лојалност и коректност како што тоа го правевме со претходните администрации, без разлика дали биле предводени од претседатели од редовите на демократите или републиканците“, рече министерот. И партијата „Лига“ повика на почитување на изборните резултати, наведувајќи во соопштение за јавноста дека „гласот на народот мора секогаш да се почитува и да се разбере“.

Според нив, гласањето ги одразува грижите на граѓаните во однос на војните, меѓународните тензии и порастот на трошоците за живот. Тие исто така изразија надеж дека исходот од изборите ќе го забрза изнаоѓањето решенија за ставање крај на конфликтите и воспоставување мир.

Демократите ја преземаат контролата врз Конгресот

На изборите одржани на 3 ноември, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес. Ова го означува крајот на периодот во кој републиканците ги контролираа и Претставничкиот дом и Сенатот. Новиот Конгрес, со демократско мнозинство, треба да ја преземе должноста во јануари 2027 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер