Десетици пријави за наводен говор на омраза против Бугарите во земјава

Претставка до Комисијата за објавени десетина фејсбук статуси, здружението поднело против активистот и водител Богдан Илиевски за споделени мислења поврзани со Бугарија и бугарски политичари.

Преку Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, здружението на граѓани ДЕЛА од Скопје кое е формирано пред една година а чија една од целите е популаризација на Договорот за добрососедство со Бугарија, бара да се утврди дискриминација по основ на етничка припадност, во мислења објавени на социјалните мрежи. Претставка до Комисијата за објавени десетина фејсбук статуси, здружението поднело против активистот и водител Богдан Илиевски за споделени мислења поврзани со Бугарија и бугарски политичари.

-Проблемот во случајот е што мислењето станува проблем, изнесено мислење станува проблем за некои луѓе односно се прави еден вид на обид за цензура. И особено проблематично е што тоа во моментов се прави преку еден механизам говор на омраза или заштита од дискриминација по етничка основа која сметам дека е веројатно една показна вежба како нас ќе ни изгледа иднината, бидејќи тие механизми сега ќе ги има во преговарачката рамка.изјави – Богдан Илиевски.

Истото здружение тврди дека има дискриминација по етничка основа од страна на српскиот културно информативен центар СПОНА од Скопје, во текст на Фејсбук посветен на настраданите Срби во Сурдулица и околината како резултат на воените злосторства на бугарските вооружени окупациски сили во 1915 и 1918та.

-Ова е само терминолошки детектирање на еден случај кога доаѓа оваа претставка, во еден актуелен политички миг во Македонија и апсолутно симболички тој ја одразува актуелната состојба. Јас така и го доживувам. Ова е се случуваат чувствителни историски моменти во Македонија,изјави – Милутин Станчиќ – СПОНА.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација велат дека од досега 13 вакви претставки дел се отфрлаат, кај дел утврдиле дека нема дискриминација а останатите се во тек. Се слушаат двете страни и се носат заклучоци базирани на факти и аргументи, а не и тужби.

-Одлуките на Комисијата се две. Носиме мислења, или утврдуваме дискриминација, односно и вознемирувачкиот говор е облик на дискриминација, или не утврдуваме. Доколку утврдиме носиме препорака за отстранување на повредата на правото на еднаквост.изјава – Весна Бендевска – Член на КСЗД.

Токму претставките за Илиевски и СПОНА се во тек, затоа од Комисијата засега не ги коментираат. Но велат дека говорот на омраза е кривично дело по кое постапува обвинителството а тие само по дискриминација вклучувајќи го и вознемирувачкиот говор.

-Членот 9 исто така е поврзан со вознемирувачки говор и предвидува секое повикување и поттикнување и инструкција за дискриминација особено на јавните социјални мрежи и тоа исто така е форма и облик на вознемирувачки говор,изјава – Весна Бендевска – Член на КСЗД.

Српското здружение СПОНА , Илиевски но и уште неколку други лица против кои се поднесени вакви претставки имаат уште неколку дена рок да одговорат пред комисијата да донесе заклучок.

Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија.

Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава.

Ивановски го запозна претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз.

Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици.

Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз, се наведува во соопштението.

ВРЕДИ: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

Изјавата на Ахмети за "големата вест" потврдува најмалку две работи. 

Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво. Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание.

Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец.

Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?

Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија, изјави на прес конференција Фари Хисени, од Коалицијата ВРЕДИ.

Независниот синдикат против предложените законски измени за судската служба

Предложените измени на законот за судска служба се неприфатливи за независниот синдикат на судска администрација. 

Според нив, тие се прават со единствена цел, како судска служба, да не добијат покачување на плата со најавеното покачување на минималната плата. Доколку собранието ги усвои овие законски измени, го повикуваат претседателот Стево Пендаровски, да не ги потпише измените, бидејќи, според нив, се против интересите на обичниот граѓанин.

притисни ентер