Десетици илјади луѓе во Србија останаа без електричана енергија поради снежното невреме - Канал 5

Десетици илјади луѓе во Србија останаа без електричана енергија поради снежното невреме

Патиштата се затворени, а повеќе од 25.000 луѓе во Србија денеска останаа без струја поради бурните ветришта и снежното невреме.

Десетици илјади луѓе во Србија останаа без електричана енергија поради снежното невреме

Повеќе од 250 километри локални патишта во ридскиот југоисточен дел на Србија се затворени поради снежните врнежи, чија висина беше и до два метри, јавија локалните медиуми.

Властите во црногорскиот приморски град Будва ги предупредија граѓаните да останат во своите домови откако силниот ветер вчера уништи покрив на училиште, урна дрвја и улични светилки, потона туристички брод и го прекина сообраќајот долж брегот.

Босанските власти го забранија возењето тешки товарни возила во планинските подрачја поради провејување на снег и голомразица на патиштата.

Метеоролозите најавија дека температурите под нулата и снежното невреме ширум Балканот ќе продолжат и во наредните денови.

Студеното време ја зафати и Грција со врнежи од снег кои започнаа доцна синоќа, а продолжија и денеска со проблеми во патниот и поморскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, ​​се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“.

Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување.

Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени.

„Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки.

Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци.

На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот.

Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата.

Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат.

Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер