Десетици илјади луѓе протестираа во Бугарија против нацрт-буџетот, избувнаа и нереди - Канал 5

Десетици илјади луѓе протестираа во Бугарија против нацрт-буџетот, избувнаа и нереди

Над 70 приведени и тројца повредени полицајци е епилогот од вчерашните масовни протести во повеќе бугарски градови поради незадоволството од предлог-буџетот за 2026 година, за првпат изготвен во евра. 

Десетици илјади луѓе протестираа во  Бугарија против нацрт-буџетот, избувнаа и нереди

Протестот кулминираше кога поголема група маскирани лица со качулки во црна облека се собраа пред зградата на партијата „ДПС – Нов почеток“ и се судрија со полицијата.. Групата фрлаше петарди, камења и шишиња, а запали и контејнери за ѓубре. Оштетени се полициски и противпожарни возила, а била искршена и канцеларијата на владејачката ГЕРБ.

Дел од проценките се дека на синоќешниот протест само во Софија се собрале над 50 илјади луѓе, што го прави еден од најмасовните во последните 25 години. Граѓаните сметаат дека со предвидениот буџет значително се зголемуваат платите на државната администрација, а во исто време го оптоварува приватниот сектор со повисоки придонеси за социјално осигурување и двоен данок на дивиденди.

На барањата на граѓаните за оставка на владата се придружи и бугарскиот претседател Румен Радев кој синоќа се огласи на фејсбук.

„Ова не е судир меѓу полицијата и демонстрантите, туку провокација од страна на мафијата која има цел да се соочи со нив. Бугарите рекоа НЕ на оваа Влада. Има само еден излез: оставка и предвремени избори“ – напиша Радев.

Утринава се огласија и од младинската организација на ГЕРБ во Софија. Од таму велат дека тие како млади луѓе секогаш ги поддржувале протестите како форма на изразување на граѓанската волја, а младите да бидат пример за тоа тоа треба да изгледа.

-Ние како млади луѓе секогаш сме го поддржувале протестот како форма на граѓанска активност, граѓанска позиција, но не да прераснува ваков тип на напнатост и кршење на отворен простор за кои се грижат други млади луѓе. Младите луѓе треба да се обединат и да покажат како треба да се случуваат нештата,- изјави Никола Скорчелиев – Претседател на МГЕРБ.

По вчерашните протести, утринава бугарската Влада испрати предлог до парламентот да го повлече предлог-законот за државниот буџет, а по одлуката на парламентот, владата ќе треба да започне нова буџетска постапка. Протести освен во Софија имало и во Варна, Бургас, Русе и Пловдив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија без активни пожари

Центарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.

Македонија без активни пожари

Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати.

На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Шефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи.

Поранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвото

Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот.

-Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи.

На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана.

Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила.

-Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс

Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко.

-Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД

Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер