2Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
3Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
ЖивотДесетгодишниот Василиј Закоски талент за тенис и математика Петтоодделенецот Василиј Закоски од Тетово е еден од добитниците на признание по поводот Денот на Општина Тетово 3 март, кој како поединец придонел во афирмација на градот. Голем талент за повеќе сфери, особено за математика и тенис, голем број награди, медали, дипломи и признанија во овие две различни области, петтоодделенецот Василиј Закоски од Тетово е еден од добитниците на признание по поводот Денот на Општина Тетово 3 март, кој како поединец придонел во афирмација на градот. Во моментот Василиј иако има 10 години (роден е во април 2012 година) е прво рангиран тенисер во категорија на играчи до 12 години на државно ниво. Прв пат сега како државен првак во таа категорија е повикан во репрезентативниот состав, со цел да учествува на двонеделен камп и турнир во Анталија, Турција. Во февруари го освои и првото место на општинскиот натпревар по математика, како и златен медал на Меѓународниот натпревар по математика „Математика без граници“ - единствен акредитиран интернационален натпревар во нашата држава, во кое учество имаат повеќе од 27 држави. И изминатите години неколку години бележи голем број први места во многу натпревари по математика и секако во тенисот. Во 2022 година има освоено први места на Македонската математичка олимпијада, натпреварот „Кенгур“, општински натпревар по математика на пролетен круг од натреварот „Математика без граници“. Воедно има и повеќе втори и трети места. Во тенисот со години наназад успева да биде победник во категории што се над неговата возраст. Во 2022 година бележи едно прво место на турнирите кои во рамки на Отворено првенство на Македонија, како и прво место на меѓународен тениски турнир Чери куп (Cherry cup)-момчиња до 11. На турнирите од Отвореното првенство лани бележи и две втори, две трети места како и едно трето место екипно. Две први места бележи во 2021 година кога на осумгодишна возраст победил на турнирите каде се натпреваруваат деца до 11 години или Зелен тенис, како и прво место во двојки на интернационален тениски куп во Дубровник, Хрватска за деца под 11 години. Во 2022 година бележи едно прво место на турнирите кои во рамки на ОПМ како и прво место на меѓународен тениски турнир Чери куп (Cherry cup)-момчиња до 11. На турнирите од Отвореното првенство лани бележи и две втори, две трети места, како и едно трето место екипно. Две први места бележи во 2021 година кога на 8 годишна возраст победил на турнирите каде се натпреваруваат деца до 11 години или Зелен тенис, како и прво место во двојки на интернационален тениски куп во Дубровник, Хрватска за деца под 11 години. Со тенисот Василиј се запознал како мало дете, додека го чувал дедо му, татко на неговата мајка Марија, гледајќи ги редовно овие спортски натпревари на телевизија. Така некако се родила и идејата Василиј да почне да тренира во тетовскиот клуб Љуботен. Почнал да тренира на четири години во група, а бидејќи во Тетово има можност за вежбање само преку лето, тренерите им препорачале на родителите да продолжи со тренинзи во Скопје. - Ни кажаа дека има талент и ако имаме услови да продолжи да се занимава со тенис. Почнавме да го носиме и во Скопје на тренинзи. Имаше тренинг сам на сам со тренер, кој почна да го носи по турнири и така почна да напредува. Сам сакаше да почне и прифати да продолжи да тренира во Скопје. Жртва е голема за да се постигне секојдневно да се патува и да се тренира, вели неговата мајка Марија Закоска. Родителите го поддржуваат да тренира тенис и поради советите на лекарите дека овој спорт помага за подобар фокус на очите, со оглед дека Василиј носи очила. Ги поттикнало и тоа што добивале совети дека е добар и треба да продолжи со унапредување во овој спорт. За талентот во математиката и двајцата родители се сигурни дека има генетска предиспозиција. Двајцата, мајката Марија и таткото Александар, учеле во природно-математички смер во тетовската гимназија и биле одлични по математика, иако понатаму се определиле за други насоки на факултетско образование. И за спортот има некој фамилијарен ген со оглед дека брат на дедото на Василиј е познатиот фудбалер Стеве Закоски, како и таткото на Марија кој играл фудбал. -За математика има дарба тоа е несомнено. Учителката уште во второ одделение рече дека се истакнува во класот, дека решава задачи и за поголеми деца без некој посебен труд. Сега поради тенисот и жртвувањето за тренинзите тој не ни има време многу да се посвети на вежбање математика. Со малку труд решава многу задачи, а има секој година голем број на награди, први места, медали и слично. Да посвети уште повеќе време на математиката уште поголеми успеси би имал. Но сепак повеќе е концентриран на тенисот, објаснува Марија. Василиј е скромен. Не сака многу да зборува, туку сака повеќе да прави, да работи, да постигнува. -Во тенисот идол ми е Циципас. Кога ќе пораснам сакам да бидам тенисер, вели скромното дете. Тој е петто одделение во ОУ „Братство-Миѓени“ кај одделенската наставничка Негица Павловска. - Денот му е исполнет со обврски. Наутро има фитнес тренинг, а после тоа до времето додека треба да оди на часови, ги извршува обврските поврзани со предметите од училиште. По завршување на училишните часови го носиме на тренинг по тенис во Скопје. Жртвата е во тоа што нема време да учи за во училиште. Па се снаоѓа, учи во автомобилот додека татко му или јас го возиме за да стигнеме од Тетово до Скопје и назад. Исто така и во кола му се случува да јаде, да се пресоблекува и такви работи. Се обидува колку може да се не изостанува и од дружбите со другарите и врсниците, правиме жртва да оди на роденден, да не се дели од децата, се снаоѓаме, не отсуства од школо, вели мајката. И покрај големиот број долгочасовни обврски Василиј оди и на часови по пијано во вторник и четврток. Сега е член на тенискиот клуб МТП од Скопје. Со оглед дека стана прворангиран во категорија на тенисери до 12 години како репрезентативец, а има десет години, морале да му изработат по мерка нови тренерки со македонските национални обележја./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter