Десет знаци кои укажуваат дека сте во врска само затоа што се плашите од осаменост - Канал 5

Десет знаци кои укажуваат дека сте во врска само затоа што се плашите од осаменост

Ништо повеќе не е како што порано, но одбивате да раскинете

Десет знаци кои укажуваат дека сте во врска само затоа што се плашите од осаменост

Изговорите за однесувањето на партнерот и недостатокот на емоционална поврзаност се само од некои од показателите дека на врската ѝ дошол крајот.

Многу парови остануваат заедно дури и кога љубовта ја нема. Причините можат да бидат различни, од навика до обид да се зачува семејството. Според психолозите, најчеста причина за останување во дисфункционална врска е стравот од осаменост, пишува порталот „Некс спирит“.

Овие 10 знаци укажуваат дека сте во врска само затоа што не сакате да бидете сами.

1) Пополнување празнина

Имајќи го на ум горенаведеното, размислете како навистина се чувствувате кога сте со вашиот партнер! Дали копнеете за неговото друштво затоа што е забавен или затоа што немате друга опција? Добро би било да го разграничите тоа заради вашата заедничка иднина.

2) Се плашите да бидете сами

Ако вашата врска не е онаква каква што очекувавте и како што очекувате, подобро е да не останувате во неа. Ако му дадете сила на стравот, кој е сосема природна емоција, тој ќе владее со вашиот живот. Мора да го преболите и да сфатите дека е подобро да бидете сами отколку во врска што не ве исполнува.

3) Барате изговор за вашиот партнер

Кога остануваме во врска поради стравот од осаменост, често ги отфрламе сигналите што укажуваат на проблем, како што е лошото однесување на партнерот кон вас. Размислете, доколку имате пријатели со кои би поминувале време, помала е веројатноста да паднете во замката на стравот.

4) Не гледате иднина со него

Ова е многу чест знак. Ако сте заљубени во партнерот, логично е да размислувате за заедничка иднина. Меѓутоа, ако сте со него од страв да не останете сами, тешко е да размислувате за заедничките потези што ги носи времето.

5) Недостаток на емоционална поврзаност

Ако сте емотивно поврзани, вашите разговори не се ограничени само на разговор за секојдневни работи. Еве што вклучува негувањето на односот со партнерот:

Емпатија

Споделување проблеми

Разбирање

Заеднички искуства

Доверба

Заеднички вредности

6) Немате заеднички интереси

Уште еден знак дека сте во врска само затоа што сте осамени. Секој пар би требало да има заеднички активности во кои ќе ужива, без нив нема потенцијал за доживотни спомени.

7) Се чувствувате осамено дури и кога сте со него

Ова е прилично тажно, но е чест случај, особено во долгите врски. Страста и љубовта престануваат, останува само почитта, и во тој момент, единственото решение е да одлучите дали сакате да градите заеднички живот.

8) Се задоволувате со трошки

Ако чувствувате дека партнерот не ве цени доволно, не останувајте во тој однос. Секако дека не постои совршена личност и мораме да се помириме со некои особини на партнерот, но никогаш со фактот дека не нè цени доволно.

9) Фантазирате за идеална врска

Ако сонувате за нешто подобро, тоа е јасен знак дека не сте задоволни во врската. Не дозволувајте стравот од осаменост да ве спречи да ги следите вашите соништа, бидејќи среќата ги следи храбрите.

10) Не можете да бидете свои

Ова е последен знак дека сте во врска само затоа што сте осамени. Можеби се чувствувате исцрпено од тоа што секогаш треба да бидете среќни или чувствувате потреба постојано да ги исполнувате очекувањата на партнерот (без да ги земате предвид вашите). И ова може да укажува дека останувате со него само затоа што се плашите да бидете сами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер