Десет романи во конкуренција за роман на годината за 2019 година

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината" за 2019 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски", во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа награда

На годинашниот конкурс пристигнаа 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го скуси на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција, во петок, на 13 март.

Во потесна конукренција за добивање на наградата остануваат „Молчи со отворена уста" од Снежана Младеновска Анѓелков, „Правта на библиотеките" од Митко Маџунков, „Мрежата на Мамли" од Блаже Миневски, „Пагански времиња" од Драги Михајловски, „Песот со тажен поглед" од Оливера Николова, „Последните денови на Ханс" од Михајло Свидерски, „Години од слама" од Братислав Ташковски, „Аб’т" од Оливера Ќорвезироска, „Ура, Арал!" од Тања Урошевиќ, „Приказни за госпоѓица Сит", Билјана С.Црвенковска.

Наградата „Роман на годината", што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски", годинава ќе се врачи по 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка" АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Жирито што го прави изборот за роман на годината , е во состав Николина Андова Шопова, минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата, Милован Стефановски, писател, Весна Мојсова Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Славе Ѓорѓо Димовски, писател и Катерина Богоева, претставник на Фондацијата „Славко Јаневски".

Мицкоски и Ахмети на едночасовна средба во Собранието

Попладнево во Собранието се сретнале лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски со претседателот на ДУИ , Али Ахмети.

Средбата се оддржала во Собранието и траела еден час. Било дискутирано за можностите за заедничка соработка и формирање на ново парламентарно мнозинство.

Други детали од средбата засега не се откриваат.

Рита Ора повторно го запали Инстаграм со жешка поза (ФОТО)

Рита Ора позира во минијатурен костум за капење и ги воодушеви фановите со својот изглед.

Пејачката објави неколку фотографии во златно бикини со деколте во преден план и собра многу комплименти.

„Прекрасна си“, „Леле“, „Гориш“, ја пофалија нејзините воодушевени обожаватели. Патем, 29-годишната Рита во моментот е на одмор на Ибица со своето десет години постаро момче, Ромеин Гаврас. Таа е во врска со него веќе четири месеци.

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато" кај Дебар

На граничниот премин „Блато" на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуна.

– Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија./МИА

притисни ентер