Десет новозаболени, еден починат и петмина оздравени

Десет нови пациенти со ковид 19 се потврдени во изминатите 24 часа.

Шест во Скопје, двајца во Куманово, еден Прилеп и еден во Велес. Петмина оздравеле, а 60 годишен пацинет од Делчево почина на инфективната клиника. Вкупно на заразени од Ковид се 1674. Министерот Филипче објасни дека се направени 189 тестирања, но бројката на тестови се намалувала бидејќи немало доволен пациенти со симптоми. Според него животот се враќа постепно во нормала но дека во иднина мора да се внимава во делот на носење на маски, социјална дистанца и редовна дезинфекција на рацете. На сила останува мерката секој кој ќе се враќа од странство да биде во 14 дневен карантив. Министерите за здравство од регионот ќе разговараат за начинот на патувањето на граѓаните.

Филипче рече дека и топлото време ќе влијае на намалување на силата на вирусот. Тој очекува дека во наредните два месеци очекуваат намалување на ширење на вируост, но дека Ковид 19 нема целосно да исчезне и затоа мора да се почитуваат здравствените мерки за ширење на заразата.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер