Десет најздрави намирници кои за 2022 година го добија епитетот суперхрана - Канал 5

Десет најздрави намирници кои за 2022 година го добија епитетот суперхрана

Стручниот магазин „Денешен нутриционист“(Today’s dietitian) неодамна спроведе студија во соработка со 1.173 сертифицирани диететичари и нутриционисти за овогодинешните трендови во исхраната.

Десет најздрави намирници кои за 2022 година го добија епитетот суперхрана

Овие експерти објавија и листа на 10 најздрави намирници во 2022 година, фокусирајќи се на хран ана растителна основа со широк спектар на нутритивни придобивки.

Ова е списокот на 10-те супер намирници:

Ферментирана храна

Ферментираната храна како јогурт и кимчи (корејска лута зелка) се на врвот на листата, благодарение на својствата кои го зајакнуваат имунитетот и го поттикнуваат здравјето на цревата. Исхраната богата со ферментирана храна ја зголемува разновидноста на цревниот микробиом и ги подобрува имунолошките одговори, велат истражувачите од Медицинскиот факултет Стенфорд.

Боровинки

Оваа мала овошка има многу придобивки! Тие се богати со антиоксиданси, кои помагаат во заштитата на клетките од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од рак, срцеви и други заболувања. Антиоксидансите се исто така неопходни за поцврста коса, нокти и сјајна кожа.

Егзотични плодови

Стандардните овошја како јаболка и портокали се секогаш добредојдени, но 2022 година ќе биде година на егзотични овошја како што се асаи бобинки и перуански јагоди. Асаи бобинките имаат висока содржина на антиоксиданси, кои помагаат во намалување на холестеролот и го штитат мозокот од оштетување предизвикано од стареењето.

Семиња

Чиа семето и семето од коноп се храна со голема хранлива моќ. Чиа семето содржи голема количина антиоксиданси, минерали, влакна и омега-3 масни киселини, како и со калциум, фосфор и магнезиум.

Зелен чај

Овој напиток Јапонците го консумираат илјадници години и тоа со добра причина! Истражувањата покажуваат дека зелениот чај има антивоспалителни својства и својства кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, но и согоруваат масти и го забрзуваат метаболизмот.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и влакна. Ф'стаците, на пример, имаат висока содржина на антиоксиданси, а некои студии покажаа дека тие можат да го подобрат видот и да имаат превентивен ефект врз срцевите заболувања.

Лиснат зеленчук

Лиснат, зелен зеленчук како се зелката и спанаќот апсолутно заслужуваат место во вашата исхрана! Тие содржат многу протеини и флавоноиди, кои помагаат при заштита разни воспалителни процеси. Спанаќот е богат и со витамини А и Ц, а научно е докажано дека помага во намалување на крвниот притисок и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Кељ

Кељот, исто така припаѓа во лиснат зеленчук, а на оваа листа се најде заради бројните хранливи придобивки. Кељот, како и спанаќот, е богат со протеини и флавоноиди, а богат е и со витамини А, К и Ц и е добар извор на влакна.

Древни житни култури

Овој термин се однесува на сите оние житарки кои не се променети со илјадници години, како што се киноа, амарант, тефа, фаро житарки... Киноата е секако најпопуларната житарка од овој тип, а има висока содржина на влакна, витамини Б6 и C, и ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини.

Авокадо

Авокадото е богато со антиоксиданси, но и со други хранливи материи кои помагаат при проблеми со холестеролот, кожата, го одржува здравјето на очите, густина на коските и содржи масти здрави за срцето.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето денеска според Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Попладне ќе има повремен локален дожд и наместа услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. септември 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 19. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскирани напаѓачи пукаат врз камионџија при обид да го киднапираат- му го украдоа камионот (Вознемирувачко видео)

Камион на турска логистичка компанија што превезувал какао во вредност од околу 6 милиони евра бил ограбен во Италија откако четири маскирани вооружени лица му го блокирале патот на автопат.

Маскирани напаѓачи пукаат врз камионџија при обид да го киднапираат- му го украдоа камионот (Вознемирувачко видео)

Осомничените користеле сигнален прекинувач за да ги прекинат комуникациите, а откако не успеале да ја отворат приколката на камионот што го одвезле од местото на нападот, го напуштиле возилото и избегале, објави DHA.

Камионот, управуван од логистичка компанија со седиште во Анталија, бил управуван од С.С. Камионот бил натоварен со какао во вредност од околу 6 милиони евра во Италија, а потоа се упатил кон Турција. Во среда, 16 септември, околу 18 часот, камионот што се движел по автопатот А-14 во близина на Бари, Италија, бил застрелан од автомобил.

Четири вооружени лица го блокирале патот на камионот

Четири вооружени и маскирани мажи излегле од возилото и, откако го користеле прекинувачот за да ги прекинат комуникациите, го скршиле прозорецот на камионот.

Осомничените го извлекле возачот С.С. од возилото и го претепале, обидувајќи се на сила да влезе во нивниот автомобил. Кога не успеале, избегале, возејќи го камионот.

Моментот на нападот е снимен на камера

С.С., кој немал паричник или мобилен телефон со себе за време на нападот, успеал малку подоцна да ја контактира сопругата и да ѝ каже што се случило. Неговата сопруга ги известила властите во логистичката компанија во Анталија.

Моментите кога напаѓачите пукале биле снимени на камерата на камионот.

Потоа претставниците на компанијата презеле акција и ги известиле властите. Камионот, чија локација била утврдена за време на операцијата спроведена во Италија, бил пронајден. Утврдено е дека напаѓачите избегале откако не успеале да ја отворат приколката.

Италијанските власти го истражуваат инцидентот, додека потрагата по четворицата осомничени кои го киднапирале камионот продолжува.

Камионот е сè уште во Италија и во тек се постапки во врска со него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер