Десет грешки што го спречуваат понатамошното слабеење - Канал 5

Десет грешки што го спречуваат понатамошното слабеење

Патот до витка линија обично не е лесен, бидејќи бара отфрлање на старите навики и усвојување нови. 

Десет грешки што го спречуваат понатамошното слабеење

Без помош на нутриционист и личен тренер, грешките во процесот на трансформација се чести, па така многумина бргу ја губат мотивацијата.

Еве кои се најчестите грешки при усвојувањето нови навики за ослободување од вишокот килограми.

1. Квантитет наместо квалитет

Калорискиот дефицит е од пресудна важност при слабеењето, па многумина се фокусираат на броењето калории отколку на квалитетот на намирниците.

На пример, побрзо согоруваме калории во мирување доколку исхраната е базирана на протеини наместо на јаглехидрати.

2. Исклучување на една група намирници

Многу диети се базираат на исклучување на една група намирници, најчесто тоа се јаглехидратите кои се главен извор на енергија.

-На телото му се потребни сите групи на намирници, вклучувајќи ги протеините, мастите и јаглехидратите за метаболизмот да се покрене, да се произведуваат невротрансмитери и да се одржува добар микробиом на цревата. Со исклучување на која било група намирници, се исцрпува разноликоста на цревниот микробиом, а тоа доведува до забавување на метаболизмот и до појава на отпорност на инсулинот - вели нутриционистот Тања Боровски за „Womanandhome“.

3. „Брзи“ диети

Нискокалоричните диети брзо доведуваат до видливи резултати, но се ризични за здравјето.

Според нитриционистката Ричард Кларсон, секој од нас има различна генетска верзија поради која различно се метаболизираат хранливите материи, па кај некои луѓе извесни нискокалорични диети даваат брзи резултати, а кај некои не функционираат.

4. Помалку пртотеини

Протеините се основен градбен материјал на нашето тело, тие се неопходни во создавањето на мускулната маса, коските, кожата и косата.

Оброкот во кој доминираат протеини долго време држи ситост, па помала е веројатноста да посегнете по грицки. Затоа јадете лосос, скуша, сардина, јајца, пилешко, малку говедско и јагнешко. Доколку сте вегетаријанец, протеините од животинско потекло, заменете ги со мешунки, леќа и производи од соја.

5. Помалку влакна

Намирниците богати со влакна го помагаат варењето и одржуваат ситост, ги има во овошјето, зеленчукот и житарките. Доколку вашата диета ги исклучува овие намирници, побавно ќе ги топите мастите и постои ризик од опстипација.

6. Нестабилно ниво на инсулин

Инсулин е хормон што нашето тело го произведува кога шеќерот во крвта се зголемува или кога сме под стрес.

Инсулинот му дава инструкции на телото да ги складира мастите и го блокира нивното согорување. Одржувањето на оптимално ниво на инсулин во организмот го спречува складирањето на масните наслаги во телото.

7. Постојаното мерење на вага

Многумина кои се на диета, постојано застануваат на вагата за да видат колку килограми изгубиле.

Според нутриционистката Кларсон, мерењето на вага не открива дали сте ја зголемиле мускулната маса или сте изгубиле вишок на течности.

Таа предлага да го измерите обемот на надлактиците, струкот, колковите и бутините.

8. Претерано вежбање

Многу луѓе веруваат дека колку повеќе вежбаат, согоруваат повеќе калории и слабеат побрзо. Иако теоретски ова има смисла, во пракса е далеку од вистината.

Прекумерното вежбање, посебно кардио-тренинзите, може да го зголемат хормонот на гладот.

9. Недостиг на вежби за сила

Вежбите за сила се одлични за стимулирање на растот на мускулите, за забрзување на метаболизмот и ублажување на симптомите на менопауза. Дваесет минути ваков тренинг е сосема доволен за мускулите да бидат убаво обликувани. Доколку, пак, тренингот трае пократко, мускулите нема да имаат доволно стимулација за да почнат да растат.

Од друга страна, според нутриционистот Кларксон, доколку имате предолги тренинзи за сила тоа може да доведе до губење на мускулите, особено ако внесот на протеини е низок, а времето за опоравување помеѓу тренинзите не е доволно.

10. Игнорирање на важноста на спиењето

Помалку стрес, барем седум часа сон и добро избалансирана исхрана со контролирана физичка активност доведуваат до трансформација на телото.

-Доколку сте постојано под стрес, телото ќе лачи повеќе кортизол, кој влијае на складирањето на масните наслаги и доведува до потешкотии во губењето килограми. Исто така, лошиот квалитет на сон или недостатокот на сон може да ги стимулира хормоните на гладот и ситоста, па ќе паѓате во искушение да посегнете по слатки или мрсна храна - заклучува нутриционистот Кларксон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 26. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот.

Кариера

Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома.

Кариера

На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите.

Здравје и совет

Бидете поодговорни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол.

Кариера

Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа.

Кариера

Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни.

Здравје и совет

Искажете го она што другите ги интересира.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност.

Кариера

Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се.

Здравје и совет

Изразете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот.

Кариера

Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни.

Здравје и совет

Нема другите ништо да одработат наместо вас.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање.

Кариера

Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете.

Здравје и совет

Поработете на својот карактер.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции.

Кариера

Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време.

Здравје и совет

Бидете нежни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво.

Кариера

Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози.

Здравје и совет

Покажете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден.

Кариера

Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза.

Здравје и совет

Верувајте во себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација.

Кариера

На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас.

Здравје и совет

Кашлица или вироза.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат.

Кариера

Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи.

Здравје и совет

Постојано нешто очекувате. Опуштете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“

 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ  во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube  во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му  гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. 

„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ

Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот.

Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер