Десет годишна пливачка се натпреваруваше на СП во Казањ

Светското пливање има нов рекордер, десет годишната Алзаин Тарек пливачка од Бахреин се појави на стартот во квалификациите за 50 метри пеперутка и со тоа стана најмладиот натпреварувач во историјата на пливањето.

Тарек очекувано се пласираше на последна позиција, но нејзиното појавување на стартот предизвика и шок и симпатии кај конкурентите и медиумите.

-Никогаш не сум пливала пред олку публика, сите се љубопитни и изненадени, ме прашуваат од каде сум и како се викам... Многу сум среќна, сакам да научам уште подобро да пливам, изјави таа по трката.

Нејзината цел е да плива на ОИ 2020 во Токио.

Шкотскиот парламент го избра Џон Свини за нов премиер

Новиот лидер на владејачката Шкотска национална партија (СНП), Џон Свини, денеска и официјално е избран за премиер на Шкотска, откако освои мнозинство гласови во Парламентот.

Свини вчера беше избран за нов лидер на СНП, пренесе N1, дополнувајќи дека тој и претходно беше на чело на партијата, од 2000 до 2004 година.

-Бидејќи мнозинството пратеници гласаа за Џон Свини, во име на Парламентот му честитам за неговата кандидатура за премиерската функција, изјави по гласањето претседателката на шкотскиот Парламент, Алисон Џонстон.

Премиерот на Шкотска го избираат пратениците во парламентот, а Свини е избран на функцијата иако на неговата партија и недостигаат два гласа во парламентот за апсолутно мнозинство.

СНП, инаку, е најголемата партија во Шкотска со 63 од 129 пратенички места во парламентот.

Во Штип двојните избори почнаа на 74 избирачки места

 Вториот круг од претседателските и парламентарните избори утрово во 7 часот почнаа на територијата на Општина Штип.

Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев изјави дека на двата избирачки списоци има по 41 379 избирачи, кои своето демократско право ќе можат да го искористат на 74 избирачки места.

Посочува дека сите избирачки места се отворени точно навреме и засега се се одвива во најдобар ред, но се уште е рано да се зборува за некоја процентуално излезност, зашто првите податоци до комисијата ќе пристигнат после 9 часот.

МИА утринава беше на гласачкото место лоцирано во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Претседателот на Избирачкиот одбор 22 99, Столе Хаџи-Николов вели дека гласачкото место навреме е отворено. Своето право на глас на оваа избирачко место можат да го остварат 655 избирачи за претседателските избори, а за парламентарни еден гласач повеќе иле 656.

-Имаме едно лице кое станало полнолетно и затоа на списокот за парламентарните избори имаме еден гласач повеќе. За околу половина час,гласаа десет избирачи и тоа за двата типа на избори, вели. Хаџи Николов.

Вчера гласаа болните и изнемоштени лица во домашни услови. Од пријавените и одобрени 208 барања, гласале 187 за парламентарни и 186 за втор круг претседателски избори. Според податоците на ОИК, ваква разлика меѓу пријавени и оние кои го исполниле правото на глас во текот на вчерашниот ден е што 21 лице од пријавените починале помеѓу двата изборни круга. Вчера се гласаше и во КПУ- Затвор- Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 146 осудени лица или 72 проценти, што е скоро идентично со првиот круг за избор на претседател.

Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија

Повторно во функција системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија, не е пријавен кибер напад.

Автоматизираниот систем за контрола на пасошите повторно работи на аеродромите во Велика Британија, јавија британските медиуми, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од Министерството, проблемите со системот биле отстранети по полноќ. Нема знаци за кибер напад и не е нарушена граничната безбедност.

Претходно, телевизијата „Скај њуз“ објави дека имало голем дефект во системот за гранична контрола на аеродромите во Велика Британија. Аеродромите „Станстед“, „Гетвик“, „Хитроу“ и „Манчестер“ потврдија дека имаат проблеми со системот.

притисни ентер