Десет факти кои сигурно не сте ги знаеле за Хитлер, ја измислил секси куклата на дување! - Канал 5

Десет факти кои сигурно не сте ги знаеле за Хитлер, ја измислил секси куклата на дување!

Големиот германски фашист и диктатор Адолф Хитлер кој во 1933 година стана германски канцелар а по смртта на претседателот Пол вон Хинденберг се прогласи за фирер владееше со земјата се до самоубиството во 1945 година.

Десет факти кои сигурно не сте ги знаеле за Хитлер, ја измислил секси куклата на дување!
Сето ова сигурно го знаевте, но сигурно дека овие десет работи ќе ве шокираат. Овие се интересните факти за нацистичкиот лидер кои не сте ги знаеле:

1.Номинација за Нобеловата награда за мир.

Хитлер во 1939 година бил номиниран за Нобеловата награда за мир од страна на Ерик Брант , член на шведскиот парламент. Имено, тој бил посветен на антифашизмот и самата номинација била шега, неговиот сарказам не наишол на одобрување.

2. Ја измислил секси куклата на дување.

Наредил да се направи кукла која војниците ќе може да ја стават во ранецот , германските војници често заболувале од сифилис поради контактот со француските проститутки.
3. Неговата прва љубов била Еврејка.

Со 16 години Адолф Хитлер напишал многу љубовни песни посветени на една Еврејка, меѓутоа тие двајца никогаш не се сретнале.

4. Ја водел првата кампања против пушењето.

Со оваа нацистичка кампања било забрането пушењето во јавниот превоз , а војниците имале организирани предавања за штетноста на пушењето.

5. Бил вегетаријанец.

Хитлер забранил да се биде суров кон животните, поради тоа ги ограничил и ловот и тестирањето на лекови на животните. Нив најверојатно ги
заменел со Евреите, а законот забранувал мачење и искористување на животните.

6. Кога бил дете , бил спасен од свештеник.

Кога имал само четири години Хитлер од давење бил спасен од страна на еден човек кој скокнал во заледената вода и му го спасил животот. Човекот подоцна станал свештеник и до крајот на животот жалел што го спасил лидерот на Нацизмот.

7. Британски војник му го поштедил животот.

Еден британски војник за време на Првата светска војна го спасил Хитлер иако имал наредба да го убие. Хитлер подоцна пронашол една новинарска вест за војникот Хенри го препознал и ја сочувал во својата архива.

8. Сакал да создаде „Музеј на истребена раса“

Хитлер планирал да собере илјадници предмети кои им припаѓале на Евреите и по војната да го направи овој музеј. Колекцијата од преку 200 000 предмети е фотографирана и заведена во книга.

9. Никогаш не стапнал во концентрационен логор.

Секогаш бил далеку од валканите работи и никогаш не бил во ниту еден логор. Наредбите ги издавал тивко и никогаш не оставал писмени траги за налозите за убивање и геноцид.

10 . Имал само еден тестис.

Хитлер е повреден во една битка , кога му страдале стомакот и интимните делови. Поради тоа останал без еден тестис, ова го потврдиле и воените доктори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

Санте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминал

ДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП Скопје

ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи.

Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа.

Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата.
Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна.

Канал 5 ТВ Интернет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пристигна во Шенжен, Кина, каде што на аеродромот лично го пречека кинескиот претседател Си Џинпинг, што претставува отстапување од вообичаениот протокол. 

Видео: Трамп, Путин и Си на свечена вечера во Кина

Претходно, Си се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, а за утре е предвидена трилатерална средба меѓу тројцата лидери во рамките на самитот на АПЕК. Се очекува нуклеарното разоружување да биде една од главните теми.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин пристигнаа на свечена вечера, чиј домаќин е кинескиот претседател Си Џинпинг, во рамките на самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

На 7. декември, со почеток во 20 часот, во Т-Арена, спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска ќе го одржи својот голем солистички концерт „25 години љубов“, со кој одбележува четврт век музичка кариера.

Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената

Публиката ја очекува вечер исполнета со музика, емоции и спомени, со песните што одбележаа повеќе генерации, но и со новиот музички материјал од „Кукла жива“ – првиот македонски визуелен албум.

На сцената ќе настапат повеќе од 40 музичари и хор, а целокупната музичка изведба ќе биде под водство на реномираниот диригент и музичар Емин Џијан.

Во тек се интензивните подготовки и проби за концертот, за кој се подготвува посебен музички и сценски концепт, со цел публиката да доживее нешто поинакво од досегашните концертни настапи на Тамара.

„Искрено, многу сум возбудена. Последниве недели речиси целото мое секојдневие е посветено на подготовките за концертот. Заедно со Емин и целиот тим работиме на секој детаљ, затоа што сакам на публиката да ѝ понудиме едно поинакво музичко и сценско искуство. Ќе пееме песни со кои сме растеле заедно, песни што нè потсетуваат на убави моменти, но и нови песни од „Кукла жива“, кои едвај чекам да ги изведам во живо. Ова за мене не е само концерт, туку прослава на сите овие 25 години љубов што ги делам со публиката. Голема благодарност до Канал 5 ТВ која е медиумски партнер на овој настан и даваа поддршка на македонската музика“, вели Тамара.

Концертот „25 години љубов“ ќе биде музичко патување низ различните периоди од кариерата на Тамара Тодевска, со нови аранжмани, богата музичка продукција и бројни изненадувања.

Генерален спонзор на овој музички настан е А1.

Билетите се достапни преку karti.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер