Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотДесет божиќни традиции во Белгија Божиќните празници во Белгија се чествуваат на различни начини во зависност од регионот и областа, но сепак независно дали е тоа во холандофонската Фландрија или франкофонската Валонија.Божиќните празници во Белгија се чествуваат на различни начини во зависност од регионот и областа, но сепак независно дали е тоа во холандофонската Фландрија или франкофонската Валонија, постојат традиционални прослави кои го комбинираат заедничкото наследство со уникатните локални карактеристики. 1. Божиќни панаѓури Божиќните панаѓури е најзначајната традиција низ Белгија, кои ги оживуваат градовите и населените места со празнични светилки и дрвени штандови. Во Валонија, најпознати се панаѓурите во Лиеж и Монс, карактеристични со нивниот пријатен рустикален амбиент и понудата на рачно изработени производи. Во Фландрија, приматот го држат панаѓурите во Бриж, Антверпен и Гент, каде празничниот шарм се комбинира со средновековната градска архитектура. Панаѓурот во Брисел, Зимски чуда, пак, го одразува двојазичниот идентитет на градот, нудејќи празнични прослави и забава и на холандски и на француски и традиции од двата дела на Белгија. Посетителите на панаѓурите можат да уживаат во варено вино, белгиски вафли и локални деликатеси. 2. Бадникова вечера Бадник најзначајниот празник во текот на божиќните чествувања во Белгија. Тој се прославува различно од регион до регион, но заедничко за сите чествувања е традиционалната бадникова вечера. Вообичаени предјадења на секоја бадникова вечера се домашно произведена паштета, чаден лосос, остриги и супи. Главното јадење го сочинуваат полнета печена мисирка, фазан или гуска, а во некои делови од Белгија се преферира дивеч, пред се дива свиња. Месото вообичаено е гарнирано со зеленчук, како боранија, зеље, пашканат или компири подготвени на различен начин. За десерт традиционално се послужува божиќен ролат со крем од чоколадо и костени или чизкејк. Јадењата се „заливаат“ со вино или божиќно пиво, а на крајот на оброкот многу често се служи и топло чоколадо. 3. Полноќна миса Повеќевековна традиција меѓу католичките заедници во Белгија е присуството на полноќната миса по бадниковата вечера. На мисата се пеат црковни песни со кои се слави Исусовото раѓање, но и се упатуваат благослови за семејна благосостојба. По мисата, вообичаено семејствата ги продолжуваат чествувањата во своите домови со слатки или други закуски што траат до доцна во ноќта. 4. Дедо Мраз За делење на божиќните подароци за децата е „задолжен“ Дедо Мраз, кој во франкофонските делови на Белгија се нарекува Пер Ноел, а во холандските – Керстман. Во Белгија, Дедо Мраз не се меша со Свети Никола, кој се чествува на 6 декември. Валонските деца му пишуваат писма на Пер Ноел со желби за подароците што сакаат да ги добијат, а тој потоа „им ги остава“ под елката во текот на ноќта меѓу Бадник и Божик. Слична традиција постои и во Фландрија, каде децата му пишуваат на Керстман, но во овие делови на Белгија делењето подароци повеќе се врзува со чествувањето на Денот на Свети Никола. На овој начин Белгијците имаат изградено двојна традиција на уникатно преклопување, при што Свети Никола се чествува како светител, додека Дедо Мраз како личност која се врзува со Бадник и Божик. 5. Новогодишни елки Како и во многу европски земји така и во Белгија новогодишната елка има централна улога во божиќниот празничен декор. Елките вообичаено се китат во првата недела од декември и се чуваат до Богојавление по Грегоријанскиот календар, односно до 6 јануари. Традиционално во Белгија најпопуларни за китење се природните елки, но последниве години тие се повеќе „им отстапуваат простор“ на пластичните елки. Покрај по домовите, новогодишни елки се китат и на градските плоштади, при што култна е елката на бриселскиот плоштад Гран Плаз. 6. Сцени на Христовото раѓање Поставувањето на сцени со фрагменти од Христовото раѓање е уште една од божиќните традиции во Белгија. Вакви сцени со фигури од Светото семејство, тројцата мудреци, овчарите и животните можат да се најдат во многу домови и цркви. Во некои делови од Белгија фигурите во сцените на Христовото раѓање се облечени во локални носии, а во целиот амбиент е вклучена и локалната архитектура. Оваа традиција се толкува како одраз на католичкото наследство на Белгија. 7. Празнични задоволства и десерти Белгијците се љубители на кондиторски производи, што особено доаѓа до израз за време на Божиќ. Така, традиционално, особено во Валонија, се прави бриош во форма на бебето Исус, кој често се служи со топло чоколадо или кафе. Неизбежно за божиќните празници е и познатото белгиско чоколадо, од кои се изработени фигури во различни форми како елки, снегулки, Дедо Мраз, Свети Никола, ѕвончиња, ѕвезди... 8. Празнични пијалаци Топлите пијалаци, како што се топлото чоколадо и вареното вино, се традиционални напитоци во текот сезоната на божиќните празници низ Белгија, но тука се и специјалните божиќни пива. Топлото чоколадо се прави само од темно или млечно белгиско чоколадо, кое се потопува и се растопува во врело млеко и по желба може да се прелие со шлаг или бел слез. Кога станува збор за вареното вино, тоа во франкофонските делови на Белгија е по правило поблаго, додека во Фландрија е појако. Специјалните божиќни пива, како „Делириум Ноел“ и „Сент Бернардус Кристмас Але“, се произведуваат само за божиќните празници и можат да се нарачаат во угостителските објекти или да се купат во маркетите во текот на декември. 9. Адвент Периодот од 1 до 24 декември е време на Адвентот, кога се одбројуваат деновите до Божиќ, при што со секој изминат ден на децата им се даваат чоколада, бонбони или помали играчки. Многу белгиски семејства изработуваат и Адвентски венци, кои содржат четири свеќи како симболи за надежта, мирот, радоста и љубовата и секоја од нив се пали во текот на одбројувањето до Божик. 10. Празнични паради и концерти Празничната атмосфера пред Божиќ е видлива во сите градови и населени места низ Белгија. Во пресрет на празникот се организираат божиќни концерти, често со хорски настапи, и паради, а градовите се осветлени со разнобојни светилки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 10. ноември 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно. Кариера Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност. Кариера Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро. Здравје и совет Не може ништо да ве одмине. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција. Кариера Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи. Кариера Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи. Здравје и совет Не се измачувајте со ситни работи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност. Кариера Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола. Здравје и совет Работите ви одат се подобро и подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават. Кариера Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка. Здравје и совет Мали нервози и грижи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа. Кариера Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните терапии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата. Кариера Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно. Здравје и совет Денеска ќе ви биде полесно. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте. Кариера што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале. Здравје и совет Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни. Кариера Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи. Кариера Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе. Здравје и совет Настинка и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики. Кариера Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата. Здравје и совет Чувствителност на синусите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter