Дерматолозите предупредуваат дека бројот на лица со рак на кожата е зголемен - Канал 5

Дерматолозите предупредуваат дека бројот на лица со рак на кожата е зголемен

Во пораст е бројот на заболени на еден од најопасните видови на рак на кожата- меланомот, алармираат дерматолозите. 

Дерматолозите предупредуваат дека бројот на лица со рак на кожата е зголемен

Велат ги загрижува зголемената стапка, особено кај младата популација и дека меланомот не бира ниту возраст ниту пол. Токму затоа раното отривање може да има помали последици по здравјето. Лекарите апелираат при секоја промена на бемка на кожата веднаш да се замине на лекар, а најмалку еднаш годишно на редовен дерматолошки преглед. Како повремана превенција, апелираат на користење на заштитен УВ фактор на кожата.

- Од аспект на примарна превензија препораките се да се заштитува кожата од неразумното изложување на сончеви зраци, како природни така и вештачки, покрај сонцето тука се и солариумите за помладата генерација, а секако да бидат свесни дека еднаш годишно треба да се јавуваат на дерматолошки преглед во секоја дерматолошка ординација кадешто ќе се направи дерматоскопски превентивен преглед.- Д-р.Зорица Зафировиќ – дерматолог

Генетската предиспозиција, честата историја на изгореници, постојаната изложеност на сонце и посета на солариум се само дел од факторите за појава на рак на кожата .. Според лекарите, пациентите можат и самите да ги препознаат нетипичните промени на кожата, користејќи го тн. а,б,ц,д,е метод, но потенцираат дека понатамошната состојба треба ја следат дерматолозите.

- А-асиметрија да добие различна форма бемката наеднаш, б е бордер- односно границите да станат неправилни. Ц ни е колор, односно бојата да ја смени д е димензија да стане наеднаш голема, особено бемки коишто се над 5цм треба да се пријават и да се прегледуваат и е значи елевација односно бемката одеднаш од рамна да стане топчеста.- Д-р Тања Борјаковска – дерматовенеролог

По повод одбележувањето на Европската превентивна кампања за борба против ракот на кожата ЕУРОМЕЛАНОМА 2024, дерматолози од целата држава во центарот на Скопје вршеа бесплатни консултативни прегледи на граѓаните, а се делеше и едукативен материјал со цел информирање и подигнување на јавната свест за борба на ракот на кожата како потенцијално излечлива состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Танкер бил погоден од непознат проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец информираше  британската поморска служба.

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот.

„Аксиос“, објави дека Иран испукал ракети врз комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот. Нападот се случил неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да замине на самитот на НАТО во Анкара, Турција, каде што се очекува лидерите да разговараат за безбедноста во протокот, и додека Иран го одбележува повеќедневниот погреб на убиениот поранешен врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран ги прекина кревките преговори со САД, чија цел беше постигнување траен договор за прекин на нивниот конфликт, за време на повеќедневните комеморации за Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во февруари, на првиот ден од војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова

Во Анкара денеска почнува дводневниот самит на лидерите на 32-те земји членки на НАТО... Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљновска Давкова...

Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова

Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата.

Во тензична атмосфера, лидерите ќе разговараат за неколку клучни прашања – зголемување на инвестициите во одбраната, натамошната воена поддршка за украина, зачувување на единството во сојузот но и инцијатива Европа да ја презема одговорноста за безбедноста на континентот.

Американскиот претседател Доналд Трамп доаѓа со очекување дека НАТО членките ќе ја потврдат согласноста до 2035 година да издвојуваат 5 проценти од бдп за одбраната.

Исто така, се очекува сојузниците да ја потврдат финансиската и воената поддршка за украина, која според најавите ќе достигне околу 140 милијарди евра во текот на оваа и следната година.

Пред пристгнувањето во Анкара, Трамп изрази и оптимизам дека на претстојниот самит на НАТО ќе биде изнајдено решение за завршување на војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија

23 светски фудбалски шампионат во осминафиналето остана и без последниот, трет домаќин, селекцијата на САД. 

Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија

Белгија ги победи САД со 4–1 во најконтроверзниот натпревар од осминафиналето на Светското првенство.

Херој на победата беше Шарл де Кетеларе, кој постигна голови во 9. и 33. минута и асистираше за голот на Ханс Ванакен во 57. минута.

Ромелу Лукаку постигна гол во 93. минута откако влезе во игра од клупата за резерви. Малик Тилман го постигна единствениот гол за САД од слободен удар во 31. минута.

Во четвртфиналето Белгија ја очекува дуел против актуелниот европски шампион големиот фаворит за завршницата селекцијата на Шпанија.Мундијалското европско дерби ќе остане запишано и во историјата како последен меч во репрезенативниот дрес на Португалија на светската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Шпанците синоќа го добија европскиот класик во осминафиналето против големиот ривал Португалија со гол на Мерино во судиското надополнување.

Инаку, мечот Белгија - САД имаше тензија уште пред да започне поради еден од најголемите скандали во историјата на Светското првенство, откако ФИФА – наводно под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп – ја укина суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун. Тој доби црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина, но неговата суспензија беше одложена, што му овозможи да игра против Белгија. Сепак, дури ни тој не можеше да им помогне на САД да дојдат до победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер