Дерковски: Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат во изборниот процес

Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги преземе сите неопходни активности – технички и административни за подготовка на изборните дејствија за претстојните предвремени парламентарни избори согласно Уредбата на Владата со законска сила.

Претседателот на ДИК Оливер Дековски на денешната седница на комисијата рече дека врз основа на Уредбата и согласно со Изборниот законик, ќе испратат барање до Министерството за внатрешни работи и до управите за санкции и за водење матични книги за прибирање на потребните податоци.

На новинарско прашање, Дерковски изјави дека согласно Изборниот законик ДИК не го определува датумот за избори. ДИК е, рече, секогаш подготвена за избори за организација на изборите во законски определените рокови. Во моментов, посочи, работат на дислоцирање на избирачки места согласно со насоките на здравствените власти.

– Без разлика кога ќе биде денот на изборите, ние им дадовме на некој начин насока на нашите подрачни единици вработените таму да бараат избирачки места со поголема квадратура, со отворени прозорци, според насоките од здравствените власти за да може да дислоцираме избирачки места. И има доста голем број којшто дале повратен одговор и каде што вршиме и промена на избирачките места. Значи, таа постапка е во тек и ќе продолжи се додека имаме можност и време да го направиме тоа. Значи, 3.480 избирачки места, од нив имаме некаде околу 700 што се со договори за закуп од приватни лица. Тоа веројатно ќе ни биде поголем проблем бидејќи тие се простории со помала квадратура, но се надевам дека ќе успееме на крајот да обезбедиме доволно добри простории за излегување на процесот, рече претседателот ДИК.

Како Комисија, додаде, ќе направат максимални напори да ги обезбедат потребните услови согласно протоколите од здравствените власти и согласно нивните акти што ќе ги носат понатаму.

-Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат во процесот – изборните органи, членови и заменици на избирачки одбори на општински комисии и се надевам дека ќе успееме во тоа, порача Дерковски.

Членот на Комисијата Наќе Витанов истакна дека согласно Уредбата со законска сила за дополнување на претходната Уредба ДИК денеска ја почнува својата работа во техничкиот дел за организирање и спроведување на изборите, а се однесува на ажурирање на Избирачкиот список.

Согласно Законот, рече Витанов, се доставија документи, односно барања, пред се, до МВР да ни ги достави сите податоци за граѓаните на РСМ согласно член 33 став 6, а тоа е во тој Избирачки список да влезат сите кои имаат важечки лична карта или патна исправа и се со наполнети 18 години до денот на изборите, кога ќе биде тој ден. Побарано е од основните судови да достават податоци за сите лица на кои им е одземена деловната способност до вчерашниот ден. Исто така, од Управата за водење на матични книги да достават податоци за сите лица со наполнети 18 години, а лицата кои починале до вчерашниот ден да се избришат од Избирачкиот список. Од Управата за спроведување на санкции, пак, е побарано да достави список на лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и со тоа, според Витанов, целокупниот Избирачки список ќе биде ажуриран и целосен.

-Оваа постапка оди подолго време и се надеваме дека според законскиот рок – 10 дена пред денот на изборите ќе го изготвиме Избирачкиот список што ќе биде целосен и во него ќе бидат опфатени сите граѓани на РСМ кои полнат 18 години на денот на изборите и кои имаат валидни лични документи и со тој Избирачки список ќе се оди на овие предвремени парламентарни избори, рече Витанов.

Шкотска остана без премиер- Хамза Јусаф си поднесе оставка

Премиерот на Шкотска Хамза Јусаф денеска поднесе оставка, откако минатата недела ја растури коалицијата со шкотските зелени.

Јусаф поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да го преживее гласањето за доверба подоцна минатата недела, пренесува Ројтерс.

Нешто повеќе од една година откако ја замени Никола Старџен на функцијата премиер и лидер на СНП, Јусаф рече дека е време некој друг да ја предводи шкотската влада.

Минатата недела Јусаф одлучи да ја прекине коалицијата со Зелените, кои исто така ја поддржуваат независноста на Шкотска, поради конфликтот околу политиката за климатски промени.

По распадот на владејачката коалиција, најголемата опозициска Шкотска конзервативна и унионистичка партија најави дека ќе иницира гласање за доверба на Јусаф.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер, а доколку СНП не успее да најде нов лидер кој може да добие парламентарна поддршка, ќе се одржат нови избори.

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

притисни ентер