Депресијата кај младите е излечива, треба да се препознае и навреме да се третира - Канал 5

Депресијата кај младите е излечива, треба да се препознае и навреме да се третира

Депресијата стана сојузник во животот и кај младите луѓе. На Клиниката за психијатрија се почесто тинејџери доѓааат со развој на депресија. 

Депресијата кај младите е излечива, треба да се препознае и навреме да се третира

Возраста е од 15 до 24 години и навистина е загрижувачка, вели директорт на Клиниката за психијатрија Стојан Бајрактаров. Причината за ваквата состојба е изложеноста на социјални комуникации кои создраваат една повлеченост и анксиозност кај младите.

Ненавременото лекување на депресија може да дојде и до одземање на животот. Во светски рамки самоубиството е водечка причина за смрт во старосната популација меѓу 15 и 29 години. Во Македонија во 2018 година се регистрирани 121 самоубиства од кои 35 на возраст од 15 до 35 години.

800.000 луѓе годишно во светот се решаваат да си го одземат животот, според пресметките едно лице на секој 40 секунди, но во реалниот живот статистиката може да се промени ако навреме се реагира, велат психијатрите по повод Свестки ден посветен на менталното здравје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари.

Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото

Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем.

На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на унапредувањето на владеењето на правото и правната сигурност.

Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот закон за Судски совет и Кривичен законик.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните правни и реформски процеси, при што беше нагласена потребата од јасни законски решенија, почитување на уставните надлежности и координирана институционална комуникација за прашања кои имаат пошироко значење за правниот поредок.

На средбата беше изразена подготвеност ваквиот институционален дијалог да продолжи и во иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?

Јапонската влада денес објави дека Северна Кореја лансирала проектил за кој се верува дека е балистичка ракета, објави „Кјодо“.

Аларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?

Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров.

Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја.

Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади

Македонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени.

Македонија со седум медали од првата меѓународна завршница на Плазма Спортските игри за млади

Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.

Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот на спортот, дружењето и фер-плејот. На големиот спортски настан пристигнаа и бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и останатите спортови.

Плазма Спортските игри за млади, покрај тоа што обезбедуваат бесплатен спорт за секое дете, ги промовираат вистинските спортски и животни вредности. Најмладите преку спортот учат да го почитуваат противникот, да се борат до последниот момент, но и достоинствено да победуваат и губат. Во центарот на сите натпревари е фер-плејот.

Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, кој се закити со бронзен медал во трката на 60 метри во категоријата 2015 година. Во силна конкуренција, младиот македонски атлетичар стигна до одличен резултат и уште еднаш покажа дека Македонија има голем спортски потенцијал.

Медал освои и екипата на „Ролинг“ од Струмица, која го освои третото место во баскет 3х3. Струмичани покажаа одлични кошаркарски вештини и со своите настапи потврдија дека се одлични „баскетџии“. На теренот беше исклучително возбудливо, а младите кошаркари покажаа и атрактивни потези кои потсетуваа на најдобрите баскет сцени. И во оваа дисциплина, во преден план беше спортскиот дух и фер-плејот.

Уште пред заминувањето за Сплит беше јасно дека Македонија има сериозни адути во шахот, а тоа се потврди и на меѓународната завршница.

Во женска конкуренција, Илијана Велева од Свети Николе освои сребрен медал, додека во машка конкуренција Давид Атанасовски од Гази Баба исто така се закити со сребро.

Секој потег беше внимателно осмислен, секоја партија носеше нова неизвесност, а секоја победа беше заслужена со знаење, смиреност и спортски дух. Младите натпреварувачи уште еднаш докажаа дека шахот создава шампиони не само на таблата, туку и во животот.

Македонските „симовци“ продолжија со одличните настапи и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово го освои второто место во машка конкуренција и заслужено се закити со сребрен медал.

Бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп, кој заврши на третото место во машка конкуренција, и Бојана Јовевска од Пехчево, која го освои третото место во женска конкуренција.

Вредно е да се напомене дека Томи Јакимовски доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир.

Со седум освоени медали (три сребрени и четири бронзени), Македонија ја завршува својата прва меѓународна сезона на Плазма Спортските игри за млади со одличен резултат и уште една потврда дека младите македонски спортисти имаат што да покажат на меѓународната сцена.

Големото финале на Плазма Спортските игри за млади е предвидено за вечерва во Сплит, а се очекува на теренот да се појават и бројните најавени спортски ѕвезди и гости, со што ќе биде ставена завршната точка на големиот спортски спектакл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер