Депардје призна: Ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад - Канал 5

Депардје призна: Ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад

Францускиот глумец Жерар Депардје призна дека ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад.

Депардје призна:  Ја допирал за колковите една од тужителките која го обвини за сексуален напад

. Но, тој одрече дека се работи за напад, додавајќи и дека сите несоодветни коментари што ѝ ги дал, биле резултат на неговото лошо расположение.

Амели К. вели дека глумецот ја допирал по целото тело против нејзина волја, ја држел и ѝ упатувал недолични сексуални коментари, додека таа била преплашена, а тој се смеел. Сѐ тоа се случувало за време на снимање филм во 2021 година.

- Да, потврдувам дека ја зграпчив за колковите, па ѝ ги кажав тие не толку убави работи, но не со цел да ја допирам, изјави Депардје.

Тој имено, појасни дека, наводно, ја фатил Амели К. „за да не се лизне“ самиот тој, бидејќи бил вознемирен и уморен.

Адвокатот на тужителката истакна дека Депардје ја променил својата верзија за настаните, откако претходно одрекуваше дека ја допирал. Глумецот, на тоа, одговори: „Ако велите така“...

Актерот на судењето, исто така, се жалеше колку му било тешко да види како општеството се менува. - Мислам дека моето време помина!, прокоментира кусо тој.

За време на неговото сведочење, Депардје негираше вина, но призна дека некои луѓе неговото однесување го доживуваат како „вулгарност“.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Со порака дека ќе се борат за своите права, припадниците на македонската заедница во бугаРија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Канал 5 вели дека ваквиот вид на настани ќе продолжат и во иднина, а иако имало најави, сепак одбележувањето поминало без инциденти.

Со него разговараше Јован Ѓорговски.

YouTube video

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ја освои денеска Големата награда на Шпанија во рамки на шампионатот во Мото ГП.

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Алекс Маркез, за кого ова е прв триумф сезонава, победи со време од 40:56.374 минути.

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, мина втор низ целта, со заостанување од 1,561 секунди, додека Франческо Бањаја од Дукати беше трет, со заостанување од 2,217 секунди.

Шесткратниот светски шампион, возачот на Дукати, Марк Маркез, заврши на 12-то место откако се имаше пад н почетокот на трката.

Алекс Маркез сега е лидер во генералниот пласман со 140 бодови, Марк Маркез е втор со бод помалку, додека Бањаја е трет со 120 бода.

Натпреварувањето во шампионатот во Мото ГП продолжува во Ле Ман на 11 мај, за кога е закажана трката за Големата награда на Франција. /МИА

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето во ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако вечерва во драматичен натпревар на реваншот во Сандефјорд го елиминираа норвешки Рунар на пенали.

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во финалето во ЕХФ Европскиот куп

Вечерашниот реванш полуфинален натпревар во регуларниот дел заврши со победа на Рунар со 34-29, со што вкупниот резултат беше израмнет (71-71), откако Алкалоид победи на првиот натпревар во Скопје од 42-37.

Патникот во финалето беше одлучен во пенал серијата во која Серафимов, Митев и Петковски беа прецизни во редовите на Алкалоид, а Рунар не реализираше три седмерци и македонскиот тим забележа историски успех.

Противник на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп ќе биде грчки АЕК, кој во полуфиналните пресметки беше поуспешен од Извиѓач од Босна и Херцеговина. /МИА

притисни ентер