3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
Шоу бизДензел Вашингтон ќе го „оживее“ историскиот војсководец Ханибал Двојниот Оскаровец Дензел Вашингтон повторно се соединува со Антоан Фукуа, со кого работеше на Тренинг Денот и Еквалајзер.Овој пат, талентираното дуо ќе работи на ненасловен историски еп, во кој Вашингтон ќе го глуми воениот лидер од Картагина, Ханибал, пренесува Variety. Сценариото за овој амбициозен проект го напиша Џон Логан, кој зад себе има три номинации за Оскар за неговата работа на филмовите Авијатичар, Гладијатор и Хуго. Филмот ќе се занимава со животот на картагинскиот генерал Ханибал, кој според многумина е еден од најголемите воени стратези на сите времиња. Главниот фокус на филмот ќе бидат неговите значајни битки за време на Втората пунска војна против Римската Република, кога Ханибал марширал во Италија на грбот на воени слонови. Под водство на Ханибал, Картагина извојувала неколку победи против Рим и 15 години контролирала голем дел од јужна Италија, додека Ханибал конечно не бил поразен во битката кај Зама во 202 година п.н.е. Освен што глуми во филмот, Вашингтон работи и како продуцент покрај Ерик Олсен, Адам Голдворм и Фуква. Фуква и Вашингтон неодамна работеа на третиот дел од The Righteous, кој излезе оваа година, а познатиот актер моментално работи на Gladiator 2, кој е во режија на Ридли Скот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЈамал: „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“Ламин Јамал не ја крие својата самодоверба, но смета дека сè уште не го покажал сето она што го може.Младата ѕвезда на светскиот фудбал, Јамал верува дека најдоброто допрва претстои. Во интервју за „Movistar Plus“, фудбалерот на Барселона зборуваше за својот развој, советите од Серхио Бускетс и критериумите за доделување на „Златната топка“. „Ќе биде тешко да се најде некој што е на моето ниво“, изјави Јамал, осврнувајќи се на моментот кога на натпреварите ќе може да го покаже сето она што веќе го прави на тренинзите. Шпанскиот репрезентативец оцени дека брзо созреал, но и дека на одредени натпревари можел да настапи со поголема самодоверба. Во тоа гледа простор за напредок и причина да верува дека за четири години ќе биде значително подобар. Важна пресвртница бил разговорот со Бускетс по неговата суспензија во младинските категории. Искусниот Бускетс го потсетил на одговорноста што ја носи играњето за Барселона, по што Јамал одлучи целосно да му се посвети на фудбалот. Тренинзите, натпреварите, семејството и одморот станаа негови приоритети. Зборувајќи за „Златната топка“, Јамал оценил дека бројот на постигнати голови и освоени трофеи не треба да биде пресуден. Според него, признанието треба да му припадне на најдобриот фудбалер во светот, чии натпревари ѝ причинуваат најголемо задоволство на публиката. „Златната топка мора да заврши кај најдобриот“, истакнал Јамал. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter