НБАДенвер со победа ја започна серијата со Лејкерси во конференциското финалеДенвер Нагетс утринава ги совлада Лос Анџелес Лејкерс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА со 132:126.Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции. Во поразениот тим се истакна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока. Вториот натпревар во серијата ќе се одигра на 19 мај исто така на теренот на Денвер. За вечер во 2:30 часот по полноќ е закажан почетокот на финалната серија во Источната конференција во која ќе се соочат Бостон селтикс и Мајами хит. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбалфенербахче на чекор од големо засиливањеНова „бомба“ одекна на Босфор, турскиот фудбалски великан Фенербахче заврши спектакуларна работа. .Фенербахче сериозно покажа интерес за Ромелу Лукаку, белгискиот напаѓач веќе ги договорил условите, а се чека конечниот договор меѓу клубовите. На повидок е голем трансфер во турското фудбалско првенство! Капитенот на Белгија, Ромелу Лукаку е пред преселба од Наполи во Фенербахче! Како што пренесуваат италијанските медиуми, вклучително и „Скај Италија“, Лукаку веќе дал зелено светло за преселба во Истанбул и ги договорил личните услови со Фенербахче. Сега преостанува двата клуба да се договорат за висината на обештетувањето. Фенербахче веќе испрати понуда до Наполи, но таа била одбиена, па преговорите продолжуваат. Италијанскиот клуб бара околу 10 милиони евра за трансферот, додека во медиумите се појавија различни информации за тоа колку Фенербахче е подготвен да плати. Сепак, сите страни веруваат дека договорот може да се постигне многу брзо. Според најновите информации, Наполи, Фенербахче и самиот Лукаку очекуваат преговорите да завршат во наредните неколку дена. За Фенербахче, доаѓањето на Лукаку би претставувало спектакуларно засилување. Белгиецот со години е едно од најпознатите имиња во европскиот фудбал, а во текот на кариерата настапувал за Андерлехт, Вест Бромвич Албион, Евертон, Манчестер Јунајтед, Интер, Челзи и Рома.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЖерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол?Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме. На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните. И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“. Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација“. И сега повторно, како рефлекс, се вратија на омилена тема - на народот, на СДСМ, односно на талогот. Кога ќе направат грешка, виновен е СДСМ, виновен е народот. Кога ќе понижат државата и државен симбол, повторно виновни се граѓаните и талогот. Кога немаат резултати, повторно некој друг им е виновен. Тендер патриотите не знаат како изгледа знамето на државата, но многу добро знаат како изгледаат бугарските пасоши и како се прават фирми во Бугарија. Тие многу добро знаат што е патриотизам, кога патриотското крадење на патриотските пари, преку патриотските тендери, си го организират перфектно. Меѓутоа, она што сакаме денеска да го истакнеме на прес-конференцијата е следно. Додека Мицкоски една екскурзија се одвива едно срамно обележување на независноста на нашата држава, недостасуваат клучни факти. Недостасува членството во НАТО, недостасува членството во ОН, недостасува кандидатскиот статус во Европската Унија. Значи се прави ревизија на клучните историски факти, што е многу важно да го напоменеме. Зошто се прави оваа ревизија? Затоа што всушност ВМРО го нема во ниту еден од државните успеси кои што ги постигнала Македонија. Напротив, токму СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори. И ова што беше објавено како спот и целиот тој проект е потврда за тоа што денеска го кажуваме. Каде денес ќе беше Македонија, каде денес ќе беше нашата држава, ако ВМРО беше цело време на власт? Немаше да имаме држава. Да потсетиме дека токму тие го газеа македонското знаме на Мечкин Камен. Значи, ова не е прв инцидент. Наназад се случува од патриотите да имаме такви инциденти. Или газење, или понижување на македонското знаме. Она што сакаме денес кај исто така да го соопштиме и да го отвориме како тема е дека за ова мора да има последици. За срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција. Според член 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната, исто така јасно е наведено како може да се употребува државното знаме. Има и казнени одредби, тоа е член 30, од овој закон за прекршочна одговорност доколку организаторот на јавен настан по грешка или незнање, истакне погрешно знаме. Денеска бараме Владата да го прекине молкот и конечно да излезе пред граѓаните. Да каже, која фирма го направи погрешното знаме? Кој беше задолжен за визуелниот перформанс? Колку народни пари чини оваа прослава и кој ќе сноси одговорност за ова понижување на Македонија, на нејзините државни символи и на нејзините граѓани? Прес конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, Секретар за меѓународна соработка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
СветТрагедија во напуштен рудник: Најмалку 14 загинати и десетици повредени рудари Најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, Јужна Африка. Причината за инцидентот засега е непозната. Полицијата денеска соопшти дека најмалку 14 рудари се пронајдени мртви, а десетици се повредени во напуштен рудник во близина на градот Рустенбург во Јужна Африка. Телата на рударите се пронајдени во напуштен рудник во близина на Рустенбург, на околу 130 километри северозападно од Јоханесбург, пренесе АП. Засега, полицијата не соопшти повеќе детали за околностите на нивната смрт или за причината за инцидентот. Во Јужна Африка, десетици илјади рудари работат нелегално во напуштени рудници за злато и платина што рударските компании престанале да ги користат. Ваквите рудари често работат без соодветна заштитна опрема и во многу опасни услови. Рустенбург е еден од главните центри на индустријата за платина во Јужна Африка. Јужна Африка ги поседува најголемите познати резерви на платина во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook