DRӒXLMAIER Македонија:10 години стратешка посветеност кон дуалното образование според германски стандарди
2DRӒXLMAIER Македонија:10 години стратешка посветеност кон дуалното образование според германски стандарди
3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
НБАДенвер на чекор од четвртфиналето во НБА-плејофотЕкипата на Денвер нагетс ноќеска ја совлада Минесота во третиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 120:111. Ова беше трета победа во низа за Нагетс и сега ги дели само еден триумф од четвртфиналето.Центарот на Денвер, Никола Јокиќ забележа трипл-дабл од 20 поени, 11 скока и 12 асистенции. Четвртиот натпревар во серијата ќе се одигра на 24 април. Освен Денвер, водство од 3:0 во серијата прв до четири победи, во осминафиналето има и Филаделфија против Бруклин. Со 2:1 во победи водат Њујорк против Кливленд, Бостон со Атланта, Феникс со ЛА клиперс и Сакраменто против Голден стејт. Нерешено 1:1 е на пресметките Милвоки – Мајами и Мемфис – ЛА лејкерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37
МакедонијаФилипче: Ребалансот е признание за целосниот дебакл на економските политики на МицкоскиРебалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Ребалансот на буџетот од една страна е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски, а од друга страна, повторно, не носи ништо добро за граѓаните. Туку најавува зголемување на дефицитот и долговите кои што ги враќаат следните генерации“, истакна Филипче. Тој нагласи дека со ребалансот Владата само ги потврдува предупредувањата што СДСМ ги упатуваше изминатиот период. „Практично се потврдува тоа што го говориме цело време, дека со Мицкоски и оваа група на власт нема ниту економски раст, нема поголеми плати, има само уназадување. До крајот на годината практично ниту еден граѓанин не може да очекува подобрување на животниот стандард, туку напротив – влошување. Едноставно, економијата тоне“, рече Филипче. Само шест месеци по усвојувањето на Буџетот, Владата признава дека ги промашила речиси сите клучни економски проекции. Буџетот беше претставуван како документ за фискална консолидација, стабилни јавни финансии и силен економски раст. Ништо од тоа не е остварено“, истакна Филипче. Тој посочи дека Владата веќе ги намалува проекциите за економскиот раст, додека инфлацијата е речиси двојно повисока од ветената. „Наместо ветениот економски раст од 3,8%, сега проекцијата се намалува на 3,5%. Реалноста е дека ниту ова нема да се оствари. Наместо ветена инфлација од 2,5%, граѓаните добија 4,5% инфлација. Значи, двојно зголемена инфлација. Повисоки цени, дополнителен удар врз семејните буџети“, нагласи Филипче. Претседателот на СДСМ предупреди дека Владата, наместо фискална консолидација, го зголемува буџетскиот дефицит и отвора нов циклус на задолжување. „Наместо ветената фискална консолидација, Владата го зголемува буџетскиот дефицит од 39,2 на 46,3 милијарди денари, односно на 4,1% од БДП, што е речиси 18% зголемување. Наместо помал долг, Владата отвора нов бран на задолжување, и домашно и странско“, рече Филипче. Тој потенцираше дека јавниот долг достигнал 11 милијарди евра и за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра, без тие средства да бидат вложени во развојни проекти. „Значи, да повторам, јавниот долг достигна 11 милијарди евра. Зголемен од оваа власт за само две години е за 2,5 милијарди евра. И тие пари не се вложени во капитални проекти. Со новиот дефицит од над 110 милиони евра значи дека се задолжени кој знае колку следни генерации. И ова е опасно и неодржливо задолжување, со кое Владата едноставно товарот го префрла врз идните генерации“, истакна Филипче. Филипче оцени дека најзагрижувачки е што дополнителното задолжување не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи. „Пари едноставно нема за ништо. Загрижува поголемиот дефицит, кој што не се користи за развој, туку за покривање на тековни расходи, а кои што се резултат на лошо планирање и управување со финансиите“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. Линк до видео: https://youtu.be/kzSATfjTi8M?si=sGP0AgaefwYhAyNu Скопје, 03.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаDRӒXLMAIER Македонија:10 години стратешка посветеност кон дуалното образование според германски стандардиDRӒXLMAIER им додели сертификати за успешно завршена практична обука по индустриска мехатроника на практикантите од четврта година опфатени во програмата за дуално образование која континуирано се спроведува во рамки на компанијата. Настанот претставуваше значаен момент за младите практиканти, но и за DRÄXLMAIER, која годинава одбележува 10 годишен јубилеј од имплементацијата на дуалниот образовен модел според германски стандарди во земјата. Програмата е дизајнирана да обезбеди ефективна синергија меѓу теоретската настава реализирана во партнерските средни технички училишта и практичната обука која се одвива во најсовремена специјализирана училница во рамки на производствените капацитети на DRÄXLMAIER Македонија. Практикантите се обучуваат од страна на сертифицирани тренери, а преку структуриран менторски пристап директно се вклучуваат во реални производствени и оперативни процеси, со што стекнуваат релевантни технички компетенции, професионални навики и подготвеност за работа во современа индустриска средина. Во знак на признание за постигнатите резултати и покажаниот потенцијал, на дел од најуспешните практиканти им се понудени договори за вработување во DRÄXLMAIER, со што им се овозможува континуитет во професионалниот развој и директна интеграција на пазарот на трудот. Друг дел од завршените практиканти го продолжуваат своето образование на техничките факултети во земјава. На настанот за одбележување на 10 годишнината кадешто беа доделени и сертификатите за успешно завшена практична настава, присуствуваа дел од родителите, претставници на партнерските технички училишта како и членови на менаџментот на компанијата. „Програмата за дуално образование претставува стратешка инвестиција во одржливиот развој на индустријата“, изјави Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија. „Веќе една деценија систематски работиме на развој на висококвалификувани млади професионалци кои се подготвени да дадат реален придонес уште од првиот работен ден. Преку практична обука на современа опрема и активно учество во работните процеси обезбедуваме нивните знаења и вештини целосно да одговараат на тековните и идните потреби на пазарот на трудот“. Како пионер и лидер во имплементацијата на дуалното образование во земјата, DRÄXLMAIER доследно придонесува кон премостување на јазот меѓу образованието и индустријата. Долгорочната стратегија на компанијата е насочена кон создавање кадри со висока додадена вредност кои се целосно подготвени за динамичните барања на современиот индустриски сектор, со што се поддржуваат и одржливото вработување и економскиот раст. „Драго ми е што имав можност да посетувам практична настава во DRÄXLMAIER и да ги изучувам тајните на мехатрониката, особено во време когa технологијата и дигитализацијата се развиваат со голема брзина, а тука ги има сите можности за учење и за професионален развој. Среќен сум што ќе почнам едно ново поглавје како дел од тимот на DRÄXLMAIER во Кавадарци“, рече практикантот Димитар Панов. Програмата за дуално образование во DRÄXLMAIER останува еден од столбовите на корпоративната стратегија за развој на човечки потенцијали во компанијата, осигурувајќи дека преку структуриран менторски пристап, современа технологија и тесна соработка со образовниот сектор може успешно да се изградат стабилни, долгорочни и одржливи кариери во индустријата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска и Ризваноли: Посилно енергетско партнерство за посигурен регионПосилно енергетско партнерство за посигурен регион – „Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави“.Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори и забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар. Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници и дека Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен енергетски простор. „Енергетската безбедност денес не се гради поединечно, туку заеднички. Колку повеќе сме поврзани како соседи, толку сме посигурни како држави. Македонија останува силно посветена на регионалната соработка, затоа што само преку заеднички инфраструктурни проекти, интегрирани пазари и координирани политики можеме да обезбедиме стабилно, сигурно и достапно снабдување со енергија за нашите граѓани и стопанството“, истакна Божиновска. На средбата беше оценето дека регионалната инфраструктурна поврзаност и развојот на нови енергетски коридори претставуваат клучен предуслов за поголема енергетска независност, подобра отпорност на идни кризи и привлекување нови инвестиции во регионот. Двете министерки ја потврдија подготвеноста за интензивирање на институционалната соработка и за координиран пристап во реализацијата на заедничките енергетски приоритети, во согласност со европските политики и целите на Енергетската заедница. Божиновска нагласи дека Македонија останува активен и кредибилен партнер во сите регионални иницијативи што придонесуваат за поголема енергетска сигурност, забрзана зелена транзиција и побрза интеграција на Западен Балкан во европскиот енергетски систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37