3ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард
ТехнологијаДеновиве ќе експлодира најмоќниот вулкан на месечината на Јупитер (ФОТО)На месечината на Јупитер , Ио, се очекува деновиве да експлодира огромен вулкан.Обично е тешко да се предвидуваат вулкани , а уште потешко на природен сателит на друга планета, но научниците сметаат дека вулканот Локи е толку светол , што се чека секој момент за да еруптира. „Периодично, на околу стотина дена, вулканот е неактивен и мрачен, а потоа се раѓа и светнува од 15 до 20 пати посилно во наредните неколку стотина дена “, рече планетарниот научник Џули Ратбун од Институтот за планетарни науки во Аризона. На 17 септември, Ратбун ги претстави своите последни забелешки за Локи на состанокот на Европскиот Конгрес за планетарни науки (ЕПСЦ) и Одделот за планетарни науки во Женева и најави дека вулканот ќе еруптира деновиве. Поточно, научникот ја следи сјајноста на Локи секоја недела преку инфрацрвен телескоп на НАСА на Хаваи, и точно ја предвиде неговата претходна ерупција во мај 2018 година. Таа истакна дека во 90-тите години, вулканот избувнувал приближно на секои 540 дена, но сега интервалите се скратени и ерупцијата се јавува на секои 475 дена. „Обично е многу тешко да се предвидат вулкански ерупции затоа што многу геолошки сили влијаат на овој настан. Но, Локи се чини дека е толку голем што некои геолошки нарушувања немаат толку значајно влијание врз него“, рече Ратбун. Локи е навистина огромен вулкан. Кога е активен, обезбедува 15 проценти од вкупниот проток на топлина на Ио, иако оваа месечина на Јупитер е прекриена со околу 400 вулкани. „Не може да се спореди со ништо на Земјата. Да беше на нашата планета, ќе заземеше простор како целата јужна Калифорнија“, рече планетарниот научник. Но, постојаните периоди на ерупциите на Локи не се единствената вулканска мистерија на оваа месечина на Јупитер. Исто така, не е јасно за астрофизичарите зошто Локи е најактивниот вулкан во Сончевиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?Дали Бугарија го даде конечниот одговор за идејата за вклучување европски претставници како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Дали Бугарија го даде својот конечен одговор по предлогот европски претставници да се вклучат како посредници во дијалогот меѓу Скопје и Софија? Оваа дилема се отвори по вчерашната изјава на шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова, која како нетипични ги квалификуваше сите предлози да своевидно посредништо меѓу Македонија и Бугарија. Според Претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, ваквата изјава е јасен индикатор дека можат „да пропадне во вода“ нашиот обид да се вклулчиу директно Брисел во дијалогот. Вели Бугарија во овој случај има многу по комотна улога и може да ја диктира динамиката и форматот на разговорите. На сличен став е и аналитичарпт Петар Арсовски, кој смета дека и покрај ваквиот став на официјална Софија, напорите за дијалог да продолжат и ова да не предизвика никакво разочарување во Македонија. Инаку, вчера одговорајќи на новинарско прашање, бугарскта министерка за нодворешни работи.. кажа дека Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Променливо време за викендот, од вторник затоплувањеПроменливо облачно за викендот и во понеделник, а од вторник затоплување – покажуваат прогновите на УХМР. Облачно време со сончеви периоди се очекува денеска утре и во понеделник, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд. Од вторник пак следува стабилизирање на времето и пораст на температурите, а нови врнежи од дожд се најавуваат од петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗдравјеВременски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месециНаглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“. При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот. Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter