Денови на македонска музика - Канал 5

Денови на македонска музика

Со концертот „Звуците на Македонија“ на ансамблот „Мартин & ПЕР-ЕКС“ на Мартин Вучиќ и уште шест изведувачи кои ќе настапат со композиции од Живоин Глишиќ според македонски народни теми, вечер во Македонската опера и балет почнуваат 39. Денови на македонска музика (ДММ).

Денови на македонска музика
Манифестацијата која традиционално ја организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), во претстојните 16 дена, до 14 април, ќе понуди 11 концерти. Влезот за посетителите е слободен.

Концепцијата на фестивалот останува иста - македонска музика од различни жанрови.

Во рамки на ДММ, 33 композиции ќе имаат светска премиера, а 14 се дела од македонски композитори создадени во 2014 и 2015 година.

Покрај концерти, ќе се одржуваат и предавања, како и работилници наменети и за пошироката јавност.

На фестивалот, главно, ќе настапат камерни ансамбли од Македонија, но и гости од странство - германскиот пијанист Штефен Шлаермахер (1 април), гудачкиот квартет „Мивос“ од САД (6 април), словенечкиот гитарист Нејц Кухар (11 април). Шлаермахер и Кухар во деновите на своите настапи претходно во ЕУ инфоцентарот ќе одржат предавања во рамки на проектот „Современи европски композитори“.

На програмата се и: Камерен концерт 2:3 (2 април), настап на ансамблот „Кон темпора“ (4 април), два концерта на 8 април - на млади композитори и на дувачкиот квинтет на ансамблот „Сонорис“, концерт на акузматична музика (на 10 април во Планетариумот на МКЦ како нов простор на фестивалот) на кој ќе гостува Мехмет Џан Озер кој ќе одржи и работилница за студенти. На 13 април концерт ќе одржат и хорот „Проарс“ и Женскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на Сашо Татарчевски.

За затворањето, на 14 април, концерт ќе одржи Македонската филхармонија, посветен на 80 години од раѓањето на композиторот Александар Џамбазов. Ќе има шест вокални солисти и ќе бидат изведени популарни композиции и хитови од фестивали за забавна музика.

На затворањето на ДММ ќе бидат доделени и трите награди кои традиционално ги доделува СОКОМ: „Трајко Прокопиев“ - за животно дело; „Панче Пешев“ - за најдобро премиерно дело во изминатата година и „Геогри Божиков“ - за најдоба изведба на македонско дело. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 

Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија

30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка..

Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен поранешен министер на Србија

Раде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.

Уапсен поранешен министер на Србија

Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови!

Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб.

Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Во среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањ

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. пилешко филе

20 гр. сув вргањ

150 - 200 мл. топла вода

500 мл. павлака за готвење

1 мало шише бело суво вино

40 - 50 гр. пармезан

1 коцка говедска супа

1 лажица путер

1 лажица маслиново масло

1 чешне лук

сол, бибер, свеж магдонос

мајчина душица

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер