3 Стравот од летање мачи милиони патници – Оваа едноставна техника помага да се намали анксиозноста за време на летот
Шоу бизДени Вилнев режисер на наредниот „007“ филмДени Вилнев, француско-канадски режисер номиниран за „Оскар“, ќе го режира следниот филм за Џејмс Бонд, објави „Амазон Ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios).Во соопштението на продукциското студио, Вилнев вели дека е „страствен обожавател на Џејмс Бонд“ и дека има намера да ги „почитува традициите“ на серијалот. Гласините за иднината на „007“ филмовите, инаку, се во пораст, откако долгогодишните продуценти Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон се повлекоа од своите улоги зад сцената на овие филмови во февруари. Вилнев, исто така, ќе биде извршен продуцент на новиот филм. Продукцијата не откри податоци за следниот глумец што ќе го игра Џејмс Бонд во новиот филм. - Пораснав гледајќи ги филмовите за Џејмс Бонд со мојот татко, почнувајќи од првиот - „Доктор Но“ со Шон Конери. Јас сум голем обожавател на Бонд. Тоа е „свето земјиште“ за мене. Имам намера да ја почитувам традицијата и да го отворам патот за многу нови мисии што доаѓаат, рече Вилнев. Тој додаде дека со неговите колеги-продуценти Ејми Паскал и Дејвид Хејман „се возбудени што ќе го вратат Бонд на екранот“, а раководителот на „Амазон Ем-џи-ем“ - Мајк Хопкинс го пофали Вилнев како „филмски режисер“ и неговата способност да испорача „импресивно раскажување“ на гледачите ширум светот. - „Џејмс Бонд“ е во рацете на еден од најголемите филмски режисери кои работат денес и едвај чекаме да почнеме со следната авантура на „007“, рече тој. Сè уште не се знае кога ќе се прикажува следниот филм, бидејќи потрагата по глумецот-носител на насловната улога - продолжува. Британците Арон Тејлор-Џонсон и Џејмс Нортон се, неофицијално, меѓу главни кандидати, а се споменува и ирскиот глумец Пол Мескал. Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класикаЕнергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.На репертоарот на „Охридско лето“ синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ. „Кармен свита“ адаптирана според Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“ во вториот дел од вечерта донесе динамична кореографија полна со драмски тензии. Енергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници. Идејата за настанување на овие две балетски претстави е на поранешниот уметнички директор на Операта и театарот „Мадленијанум“ Никола Мијаиловиќ со цел да се одбележат 150 години од раѓањето на Морис Равел и 150 години од смртта на Жорж Бизе. Оваа година почина и Родион Шчедрин, така што претставите ги слават токму овие тројца големи уметници. Кореографот Илиќ, класичните музички дела ги поставува во современ контекст, спојувајќи ја виртуозната игра, силната драмска експресија и авторски препознатливиот кореографски израз. -Оваа претстава носи спектакуларна танцова верзија на двете дела, „Кармен“ и „Болеро“. Според мене, секако „Кармен“ е една од најубавите музички партитури, а исто така и „Болерото“ од Равел. Сакам да кажам дека се работи за две потполно различни продукции. „Кармен свита“ е правена во еден неокласичен стил кој носи класика и сè што навистина е кореографски јазик за класичен балет. „Болерото“ е правен на еден потполно современ кореографски вокабулар, појаснува Илиќ. Современата игра, според него, бара дијалог со публиката, просторот и времето. -Сметам дека современата игра е можеби единствена гранка во уметноста која најбрзо се развива од сите останати уметнички гранки, нешто слично како технологијата. Во денешно време кога зборувате за современа игра, таа отишла толку далеку што сè е возможно. Кога ги споменувам овие три фрази мислам на тоа дека е важна партиципацијата на публиката во сите претстави. Тоа вечерва го почувствува и публиката на „Охридско лето“. Дали претставата е наративна или не, не е воопшто прашање, туку работата е како можете да допрете до гледачите, да ја почувствувате не само играта на уметниците, туку и текстурата на претставите која секако е во синергија со музиката, појаснува Илиќ. Опера и театар „Мадленијанум“ за балетите „Кармен свита“ и „Болеро“ е добитник на бројни признанија од српските стручни здруженија и фестивали. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракетаХутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море. Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран. BREAKING: A Saudi oil tanker is on fire after being struck by the Houthis approximately 70 km north of the Yemeni border, according to UKMTO. The vessel had departed from Yanbu before the reported attack. The Yemeni Houthis later said "large-scale operations are underway."… pic.twitter.com/RcUrtPA46X — The Hormuz Report (@HormuzReport) July 23, 2026 Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил. Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).Тагови: Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаЗаседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во ГостиварКризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино. Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар. Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook