Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотДенеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)Православната црква денеска го чествува празникот Петковден. Тоа е светителски празник којшто се празнува секогаш на истиот датум, а денот од седмицата секоја година се менува.Празникот е секогаш на 27 октомври или 14 октомври, по стар стил. Празник на света жена – жена светителка Петковден е празник на жена свет човек, а не маж – жена светителка – света жена. Тоа е високото достоинство на жената во христијанството. Тоа е издигнување на жената до светост во Црквата. Тоа е најголемото признание на жената и на земјава и на небото. Ова е доказ дека во христијанството женате е со исто достоинство, чест и слава, како и мажот, па и таа може да биде света, а не само мажот. Затоа има и жени светителки, а не само мажи и празници на свети жени, како и на мажите. Најсветата личност меѓу луѓето е Богородица – онаа која Го роди Бога и е наречена: Пресвета, Пречиста, Преблагословена и славна Мајка Божја – Мајка на нашиот Господ Исус Христос, Спасителот на светот. По Богородица, жената во светот постанува еднаква по достоинство со мажот. Христијанството и дава слобода, еднаквост, чест и слава, а Црквата и светост, прогласувајќи жени светителки и празнувајќи празници во нивна чест. Впрочем, сè е направено како што е запишано во Библијата: и според Божјиот кажан збор и според покажаниот пример. Зборот вели: „Нема веќе ни машки пол ни женски, зашто сите сме едно во Христа Исуса“ (Гал. 3,28), а примерот на Господа Исуса Христа и на апостолите покажува дека, освен апостолите, со Господа оделе и жени како Негови ученици. Потоа, така правеле и апостолите. Кај нас, во Македонија, прва го примила христијанството жена – Лидија, а не маж. Таа во Македонија постанала и првата христијанка во Европа, крстена од апостол Павле, но и првата светителка. Ние имаме прво христијанка, а не христијанин и прво светителка, а не светител. Македонија е прва и во издигнувањето на достоинството на жената во христијанството во Европа. Света Петка – преподобна Параскева е особено почитувана во Македонија Ние имаме особена почит кон светите жени и нивните празници. Тоа е нашиот благослов од Бога, уште од почетокот на Црквата во Македонија, која најпрво се формира во домот на Лидија. Првата црква беше нејзиниот дом. Таму започна сè од христијанското живееење, богослужење и празнување. Таму се собираа христијаните за празниците в црква. Се разбира, во првите векови, христијаните не ги празнувале сите овие празници, односно, и воопшто не празнувале празници на светителите, туку ги празнувале само празниците и спомените со кои ги одбележувале значајните денови и настани од Господа Исуса Христа. Потоа, започнуваат и празниците на светителите и светителките. Света Петка не е од тие први времиња, туку од 10-11. век и цели 10 века има силно развиен култ и слава кај нас и кај сите народи на Балканот, бидејќи таа е нашинка, од овие простори и нејзините мошти се пренесувани низ Бугарија, Србија и Романија. Народот се зближил со неа, а таа е небесна закрилничка на овие народи и брза помошничка на болните, немоќните и оние кои бараат помош од неа со искрена и чистосрдечна молитва. Петковден е и првиот поголем празник и слава на светителка во празничниот циклус, а со него започнуваат и зимските слави и празнувања. Се сменува сезоната, а годинава, на Петковден се сменува дури и часот за зимското сметање на времето, што го потврдува црковното правило за почеток на новото зимско време. Житие Нејзиното житие вели дека е родена во Епиват во Тракија меѓу Силиврија и Цариград, на брегот на Средоземното Море, кон крајот на Х век. Родителите ѝ биле побожни, а така ги воспитувале и своите деца. Имала брат по име Ефтимиј кој подоцна станал епископ Мадитски. И Параскева уште од млади години покажувала интерес за монашкиот живот. Кога ѝ умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго живеела во молитви, пост и плач. Се хранела со пустинска растителна храна, само еднаш во денот, и тоа навечер. Долго време ѓаволот се обидувал да ја одврати од приврзаноста кон Бога. Се преправал во разни форми, па и како ѕвер ја напаѓал, но таа не се поколебала. Кога остарела ангелот Божји ѝ соопштил дека треба да се врати во родното место зашто е дојден часот кога треба душата да Му ја предаде на Бога: „Остави ја пустината и врати се во својата татковина, бидејќи таму треба да го оставиш телото на земјата, а со душата да преминеш кај Господа“. Параскева набргу се вратила во родното место и никому не кажувала која е. Набрзо умрела, а бидејќи жителите на нејзиното родно место не ја познавале, ја погребале не на селските гробишта, туку одделно, како странец. Била погребана близу до морскиот брег, а во близината имало еден столб и на него седел некој столпник. По извесно време морските бранови исфрлиле тело на некој патник кој умрел на брод, а морнарите го фрлиле во морето. Тоа тело набрзо почнало да се распаѓа од што засмрдела целата околина, така што тука не се минувало. Тогаш столпникот слегол од столбот и замолил некои луѓе да го закопаат мртвото тело во земјата за да не смрди. Тие почнале да копаат во близината на брегот и за нивно изненадување нашле тело на жена, но не му посветиле поголемо внимание, зашто, како што си мислеле, ако било на некоја светителка, Господ порано со некои чуда ќе укажел на него. Телото на жената света Петка го закопале, а врз него и телото на патникот, што го исфрлило морето. Ноќта на еден од тие луѓе по име Георгиј му се сонила царица на светол престол со многу светли војници. Георгиј тогаш паднал, а еден од војниците му пришол, го подигнал и го прекорил што телото на света Петка го погребале заедно со смрденото тело на патникот. „Георгиј, зошто го презревте телото на преподобната Параскева и заедно со неа го закопавте смрдливото тело? Веднаш земете го телото на преподобната и положете го на достојно место зашто Бог сакаше да ја прослави на земјата својата слугинка“. Тогаш и царицата му рекла: „Побрзај да ги земеш моите мошти и да ги положиш на достојно место, бидејќи не можам повеќе да ја трпам смрдеата од тој труп. Оти и јас сум жена и мојата татковина е Епиват, каде сега и вие живеете“. Таа ноќ истото ѝ се сонило и на некоја жена. Утрото и двајцата ги раскажале соновите по што со голема свеченост телото на света Петка било откопано и погребано во црквата на Светите апостоли Петар и Павле во Епиват. Подоцна телото на Преподобна Параскева било повеќепати пренесувано од едно место на друго. Најпрво бугарскиот цар Јован Асен 1238 година измолил телото на преподобна Параскева-Петка да биде пренесено во Трново (во селото Арбанаси), поради што таа се вика Трновска или Арбанашка. Но кога Турците го зазеле Трново моштите на света Петка биле пренесени во Влашко, а кога и Влашко паднало под турска власт во 1396 година кнегињата Милица го измолила султанот да ѝ дозволи да ги пренесе во Србија. Тогаш моштите биле погребани во Белград. Но кога и Белград го освоиле Турците во 1521 година светите мошти биле однесени во Цариград каде што се прославиле не само меѓу христијаните, туку и меѓу муслиманите. Но и тука во патријаршиската црква каде што биле погребани не останале засекогаш. Во 1641 година молдавскиот војвода Василиј Лупул го измолил цариградскиот патријарх Партениј да му ги даде моштите на света Петка и ги пренел во црквата „Три светители“ во светиот град Јаши, а денес се наоѓаат во новиот храм, кој нејзе ѝ е посветен. Во спомен на маченичката и чудотворка преподобната Параскева-Петка Трновска, Светата православна црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27/14 октомври. Проф. д-р Ратомир Грозданоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28