БалканДенеска се одбележуваат 30-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во СребреницаСо одекнување на сирените од возилата точно напладне низ повеќе градови во Босна и Херцеговина започна одбележувањето на 30 години од злосторството во СребреницаСо одекнување на сирените од возилата точно напладне низ повеќе градови во Босна и Херцеговина започна одбележувањето на 30 години од злосторството во Сребреница, а над околу 10.000 учесници на овогодинешниот „Марш на мирот“ – 6.000 регистрирани, 3.000 кои се приклучиле подоцна и околу 1.500 моторџии вчера пристигнаа во Меморијалниот центар Сребреница во Поточари кадешто ќе бидат погребани посмртните остатоци на уште седум жртви кои биле пронајдени на различни локации. На комеморацијата се обрати и еврокомесарката Марта Кос го оцени злосторството како длабок белег во европската историја и рече дека луѓето се способни да го направат и незамисливото. -Сребреница остава длабок белег во европската историја. Сребреница се случи за време на мојот живот, во наша близина во државата во која бев родена, држава која денес повеќе не постои. Не потсетува дека луѓето се способни да го направат незамисливото и дека омразата и дехуманизацијата можат да доведат до најтешките злосторства,- -Марта Кос . Одбележување денеска имаше и во Чаир кадешто беше положено свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од геноцидот. На настанот се обрати и … која потсети за 18 годишната потрага по најстарата и најмладата жртва и порача никому да не се повтори ваквиот злостор. Најстарата жртва е жена, Шаха Измелиќ – 94 години, а најмладата, новороденче Татима Мухиќ по чии посмртни остатоци се трагаше 18 години. Потрагата која траеше многу подолго од нејзиниот живот се заврши откако беше пронајдена во ќеса за ѓубре. Масакрот во Сребреница е извршен во текот на војната во Босна и Херцеговина од страна на босанските срби и бил предводен од страна на генералот Ратко Младиќ и претставува најголемото масовно убиство во Европа по втората светска војна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно време со сончеви периоди, наместа нестабилно со пороен дождВремето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени. Времето во наредните денови Денеска и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 13. август 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 13. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството денеска ќе ве привлекува и ќе ве одбива. Ќе има влијанија што кај вас ќе предизвикуваат фрустрации. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓето околу себе со кои уште не сте дефинирале некои работи. Здравје и совет Оние кои се движат на работа , ќе уживаат во секој момент. Девица 23.8.-23.9. Љубов Многу е веројатно дека ќе се натпреварувате со саканата личност околу надмоќ во врската. Тврдоглавоста нема никого да направи среќен. Кариера Малите мудрости ќе бидат вашата добитна комбинација во работата.Не се залетувајте , туку прво промислете. Здравје и совет Емотивно незадоволство. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е поволен за секаков вид љубовна комуникација.Доколку сте сами , препуштете им се на чувствата и изразете ги. Кариера Оние кои се движат на работа , денеска ќе уживаат во секој момент.Другите ќе имаат потреба за движење и ќе ги засилат контактите. Здравје и совет Не анализирајте ги своите заслуги. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе измислат поетски зборови , со кои ќе ја заведуваат личноста што им се допаѓа. Другите ќе ги решаваат малите семејни проблеми. Кариера Парите и комуникациите ќе бидат главни обележја на работниот ден. Главно доборо ќе се снаоѓате. Здравје и совет Мали проблеми со циркулацијата. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Многумина денеска ќе добијат шанса да ги покажат вистинските чувства.Ќе бидат отворени , искрени и чесни. Кариера Немојте да се двоумите ако треба да се впуштите во некаков ризик.Околностите , лѓето и настаните ќе ве поттикнат во тоа. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашиот личен живот ќе се одвива пријатно.Ќе има мали натпревари со партнерот, но се ќе свртите на шега. Кариера Она што ве задржува на работа се подобрите перспективи што можеби не ги очекувавте.Добро е. Здравје и совет Може да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат необмислени .Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера Денеска ќе се занимавате со финансиски теми. Ќе бидете задоволни со резултатите, но малку ве загрижува иднината. Здравје и совет Не ја трошете одеднаш целата енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно денеска ќе се покажете како исклучително чувствителна и привлечна личност.Едноставно ќе блескате. Кариера Се што ќе работите денеска ќе има јасна порака дека вашето влијание е неопходно. Со задоволство ќе бидете прифатени од колегите. Здравје и совет Дотерајте се и излезете некаде. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе поработите на развојот на еротската страна на врската. Ќе настојувате што побргу саканата личност да ја однесете во кревет. Кариера Ви претстои договор во врска со вложување или состанок со спонзори.Ќе биде малку тензично.обидете се да бидете појасни. Здравје и совет Многу работи ќе ви изгледаат здодевни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало помали недоразбирања меѓу вас и саканата личност , денеска ќе успеете да ги смирите работите. Кариера Нека не ве загрижува тоа што одите со мали чекори . И на тој начин се стигнува до голема цел.Продолжете така. Здравје и совет Не се расправајте , туку соработувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе чувствувате дека среќата е во поврзаноста со луѓето и затоа демеска ќе се покажте како исклучително друштвена личност. Кариера Ви се оди некаде , но не можете. Истото ќе важи и за работните задачи што сакате да ги избегнете. Здравје и совет Бидете поодговорни. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашиот љубовен залет ќе продолжи и денеска. Оние кои можеби уште бараат сродна душа , нека излегуваат во друштво. Кариера Ќе немате повеќе грижи . Сте почнале добро и продолжувате со исто темпо. Здравје и совет Се чувствувате се подобро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉубиша Николовски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Љубиша Николовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter