БалканДенеска се навршуваат 21 година од убиството на Зоран ЃинѓиќВо Белград денеска ќе се одбележи 21-годишнината од убиството на српскиот премиер и поранешен лидер на Демократската партија (ДС) Зоран Ѓинѓиќ. Венци утринава беа положени во дворот на владата, на местото каде Ѓинѓиќ беше убиен. По повод годишнината од убиството, организацијата „Нов оптимизам“ во 12 часот ќе одржи трибина „Истрел во иднината на Србија - каде сме 21 година подоцна“, а Демократската партија во 19 часот ќе одржи трибина „Србија како недовршена состојба - Како до слободни и фер избори“. Премиерот Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година. Неколку часа по убиството, Владата прогласи вонредна состојба во Србија, а како сторители веднаш беа осомничени членовите на Земунскиот криминален клан и дел од Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи на Србија. . За време на вонредната состојба, која траеше до 22 април 2003 година, полицијата во операцијата Сабја уапси повеќе од 11.000 лица, меѓу кои политичари, високи воени офицери и носители на судски функции. Во август 2003 година беше покренато обвинение против 44 лица за учество во организацијата на убиството, а судењето почна на 22 декември истата година во Окружниот суд во Белград. На 23 мај 2007 година, судот ги прогласи обвинетите за виновни и беа осудени на вкупно 378 години затвор. По 40 години затвор беа осудени поранешниот командант на ЕСО, Милорад Улемек – Легија, и неговиот заменик Ѕвездан Јовановиќ како непосреден извршител на убиството. Политичката заднина на убиството на Ѓинѓиќ никогаш не е откриена. Зоран Ѓинѓиќ е роден во 1952 година во Босански Шамац, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Белград во 1974 година. Тој е еден од основачите на Демократската партија, во која е избран за претседател на Извршниот комитет во септември 1990 година, а за претседател на партијата во јануари 1994 година. Од февруари до септември 1997 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Белград, како кандидат на коалицијата „Заедено“. По победата на Демократската опозиција на Србија (ДОС) на парламентарните избори во декември 2000 година, тој беше избран за премиер во јануари 2001 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter