ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите
2ПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизорите
МакедонијаДенеска регистрирани 1039 нови случаи на Ковид 19, починати се 15 лицаМинистерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања.Регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-546, Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19, Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17. Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 24660, активни 9985 • Куманово 3482, активни 915 • Дебар 430, активни 80 • Штип 2466, активни 515 • Прилеп 2688, активни 982 • Тетово 3579, активни 946 • Струга 1306, активни 442 • Велес 1778, активни 709 • Битола 1765, активни 905 • Охрид 1429, активни 620 • Кавадарци 1077, активни 427 • Гостивар 2210, активни 795 • Гевгелија 672, активни 221 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 120 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 1564, активни 566 • Крива Паланка 398, активни 122 • Радовиш 394, активни 117 • Крушево 117, активни 75 • Кочани 1159, активни 290 • Пробиштип 327, активни 70 • Демир Хисар 179, активни 80 • Македонски Брод 148, активни 33 • Пехчево 95, активни 24 • Берово 335, активни 92 • Валандово 194, активни 71 • Виница 348, активни 171 • Делчево 405, активни 181 (112 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 145, активни 62 • Свети Николе 758, активни 212 • Кичево 1157, активни 545 • Ресен 414, активни 176 • Неготино 485, активни 282 (51 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 3143 теста се преку: ИЈЗ-643, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-362, Биотек-376, МАНУ -262, Жан Митрев (Филип Втори)-306, Систина со PCR метода -256, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-13, ГАК-11, Синлаб-46, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ (рапид тест) -598, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 620 • Гази Баба – 1485 • Аеродром -1437 • Карпош – 1177 • Центар – 1190 • Кисела Вода – 1229 • Ѓорче Петров – 844 • Бутел - 573 • Шуто Оризари – 201 • Студеничани – 51 • Сарај – 158 • Арачиново -32 • Илинден – 242 • Сопиште – 66 • Чучер Сандево – 98 • Петровец –126 • Зелениково -73 • Странец – 175 • Нераспределен- 208Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаПовеќе од половината судови во државата со зголемен број нерешени предметиПоловина од судовите во земјава добиле оценка дека се неажурни, над 134 илјади предмети останале нерешени, недостасуваат 163 судии и околу 3000 судски службеници.. Ова се дел од податоците за 2025 година од извештаите на судскиот буџетски и на Судскиот совет, кои денеска беа разгледани на комисиска седница во Собранието. Претседателот Александар Камбовски потенцираше дека сето ова е резултат на бројните кадровски проблеми – лани од министерството за финансии немале одобрено ниту едно редовно вработување, и покрај тоа што недостасуваат стручни соработници, записничари, службници во писарници, курири, информатичари.. За ефикасно судство се потребни услови, а ако нема суштински мерки, и во иднина ќе се зголемува бројот на предмети кои се одолговлекуваат, алармира Камбовски. -Во моментов судството ни функцнионира во хроничен кадровски дефицит. Недостаток на судии и судски службеници е најголема закана за ефикасноста на судскиот систем. Финансиската зависност ја ограничува реалната независност на судството. / Без суштинско подобрување на кадровската и финансиската состојба, постои ризик од дополнително влошување на ажурноста, зголемување заостатоци и натамошно намалување на довербата на граѓаните во судството,- Александар Камбовски – претседател на Судски совет. Пратениците си ја префрлаат топката за тоа кој е виновен за поразителните податоци. Според опозицијата, актуелната власт треба да ги тргне рацете од судството и да им овозможи независна работа, додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелната состојба е последица на претходната власт. Во текот на минатата година до Судски совет пристигнале 425 претставки од граѓани, а само 13 биле оценети како основани, најголем дел поднесени поради незадоволство од донесени судски одлуки. Имало и 90 барања за поведување постапка за утврдување одговорност, во кои биле опфатени 161 судија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПИОМ: Минато се затечениот хаос и запуштеност во ИКТ системите на Фондот, како што утврдија ревизоритеФондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година..Во врска со објавениот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за ИКТ системите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот ја информира јавноста дека констатираните состојби се уште еден доказ за недомаќинското, неодговорно и занемарено управување со клучните државни институции во периодот до септември 2024 година. Извештајот на ДЗР јасно покажува каква состојба е затечена: години на лоша политика, отсуство на стратегија за сајбер-безбедност и игнорирање на основните безбедносни стандарди, со што директно се доведувала во опасност стабилноста на пензискиот систем. Новото раководство на Фондот ПИОМ покажа дека со вистинска политичка волја и професионален пристап, работите брзо се менуваат. Голем дел од констатираните пропусти на ревизијата веќе се надминати уште во текот на самиот ревизорски процес, додека значителен дел од препораките се веќе целосно реализирани или се во напредна фаза на имплементација. Инвестиции во сајбер-безбедност во 2025 и 2026 година: За разлика од претходната пракса на занемарување на проблемите, во текот на 2025 и 2026 година реализирани се сериозни инвестиции и активности насочени кон зајакнување на контролите за пристап, подобрување на системите за заштита и зголемување на отпорноста на инфраструктурата, односно зајакнување на безбедноста и модернизација на информатичката инфраструктура. Имплементирани се современи решенија за заштита, вклучително и Endpoint Detection and Response (EDR) и Managed Detection and Response (MDR) услуги, воспоставено е централизирано следење и анализа на безбедносните настани, а завршени се и активностите за сегментација на информатичката мрежа и дополнително зајакнување на контролите за пристап. Во 2025 година Фондот во областа на континуитетот на работењето и заштитата на критичните податоци, воспостави Disaster Recovery инфраструктура на посебна локација надвор од седиштето на Фондот. Истовремено, се спроведуваат редовни процедури за резервно копирање и заштита на податоците, согласно воспоставените политики и процедури за информатичка безбедност. Како дел од мерките преземени по ревизорските препораки, извршени се надградби на серверската инфраструктура и оперативните системи. До средината на 2026 година беа заменети и модернизирани над 100 работни станици (endpoint уреди) кои користеа постари технолошки платформи, при што е обезбедено користење на поддржани и ажурирани оперативни системи и повисоко ниво на сајбер безбедност. Паралелно со техничките унапредувања, извршено е ажурирање на интерните политики и процедури од областа на информатичката безбедност, Во текот на 2026 година е извршено и доекипирање на ИТ секторот со нов стручен кадар и континуирано се реализираат и обуки за вработените согласно законските обврски и интерните програми на Фондот. Фондот на ПИОМ останува целосно посветен на заштитата на личните податоци и информациите со кои управува. Безбедноста, доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците на осигурениците, пензионерите и корисниците на услугите се највисоки приоритети. Фондот на ПИОМ и неговото раководство укажуваат дека се има јасна визија и смерници по кои се постапува во насока на подобрување на квалитетот на работата и заштитата на податоците со кои располага. Како дел од тие активности е и соработката со Светска банка и изготвувањето на Функционалната анализа на работењето на Фондот, врз основа на која се реализираат активности за организациско и кадровско зајакнување и модернизирање на работата на институцијата. Фондот во оваа прилика упатува јасна порака до пензионерите и осигурениците: Немало и нема компромитирање на Вашите податоци. Податоците на граѓаните се сигурни, а Фондот презема сè за гарантирање на нивната доверливост, интегритет и достапност. Фондот на ПИОМ потенцира дека ревизорските препораки не се само формалност, туку патоказ за корекција на грешките од минатото. Наместо туркање на проблемите под тепих, новото раководство на Фондот воведува европски стандарди, целосна транспарентност и нулта толеранција за неодговорно работење. Фондот на ПИОМ спроведувајќи ја политиката на Владата пред јавноста констатира дека граѓаните конечно добиваат институција која вложува во нивната безбедност и обезбедува сигурни, модерни и стабилни услуги, соопштуваат од Фондот на ПИОМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter