3СДСМ: Каде и да се погледне – скандал со тендери: Сомнежи за злоупотреби на евакуациските летови на МНР
МакедонијаДенеска прва официјална средба Муцунски-Петрова Чамова во ШведскаШефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова - Чамова денеска на прва официјална средба.Според извори од македонското МНР, разговорот ќе се одржи попладне на маргините на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, во шведскиот град Хелсинбург. Средбата е на покана на македонскиот министер и доаѓа една недела по изјавата на чамова која го употреби терминот „северномакедонски“ за македонските претставници, а македонското МНР возврати со устен демарш за бугарскиот амбасадор во Скопје Жељазко Радуков.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаКостадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е игнориран, Гаши да закаже надзорна расправаОд пратеничката група на СДСМ обвинуваат дека власта не го спроведува законот за употреба на македонскиот јазик и побара од претседателот спикерот Гаши да овозможи одржување надзорна расправа за неговата примена. Велат дека власта години нема имплементирано ниту една одредба од законот и покрај алармирањата на опозицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПуштена во употреба реконструираната сала „Расадник“Заврши комплетната реконстуркција на спортската салата „Расадник“ во населба Кисела Вода.Салата која е со со капацитет за 1.000 гледачи се реконструираше со два милиона евра од министерството за спорт и во иднина ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“. Објектот, како што потенцираа надлежните располага со сериозен капацитет и нуди врвни услови за спорт и рекреација на младите. За посетителите во текот на денот е подготвена богата целодневна програма која вклучува спортски демонстрации, дружење со познати македонски спортисти и репрезентативци, како и можност за разгледување на новите капацитети на салата. Посебно внимание е посветено и на најмладите посетители, за кои се организирани детски и забавни содржини во специјално подготвена зона. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Каде и да се погледне – скандал со тендери: Сомнежи за злоупотреби на евакуациските летови на МНРНема тендер, нема институција во која ВМРО-ОКГ не ги има брцнато рацете и која не е спорна.Најновите наоди објавени од Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека дури и евакуациските летови на МНР во вредност од еден милион евра биле злоупотребени. Се наведува дека незкаонски биле платени однапред, иако законски смеело да се плати само 20 отсто, имало тендери со само една понуда и други неправилности. Сомнителни постапки и милионски јавни набавки се само дел од примерите кои сведочат за криминален систем на ВМРО во кој транспарентноста е укината, а злоупотребите стануваат правило. Договори зад затворени врати, без конкуренција и без јавноста да добие одговор на основните прашања: кој добива, по кои критериуми добива и по која цена добива државни пари? Ова е истиот модел на владеење што го гледаме речиси во секоја институција раководена од ВМРО кога тендерите се во прашање. На сите им е веќе јасно, за ВМРО-ОКГ јавните набавки не се механизам за обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, туку можност за партиски бизниси и привилегии. СДСМ бара итна и целосна ревизија на сите спорни јавни набавки во Министерството за надворешни работи, објавување на целокупната документација и утврдување одговорност за сите евентуални злоупотреби. Граѓаните заслужуваат одговори. Секој денар од буџетот е важен, тоа се пари на граѓаниреа не партиски плен на ВМРО-ОКГ. Скопје, 11.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter