КултураДенеска продолжуваат концертите на отворено во време на коронаДенеска во 20 часот, кај Музеј на современа уметност ќе се одржи нов концерт од програмата „Култура во време на Корона'. Музичката група EYE CUE ќе одржи едночасовен концерт.За наредните денови се планирани и изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби по следниов распоред: - Христина Зафировска - 25 април, сабота од 12.00 ( видео - визуелни уметности ) - Артан Кастрати - 25 април,сабота - парк Топанско Поле од 17.00 - Funk Shui - 25 април , сабота – кај Млечен од 18.00 - Musaiq - 25 април, сабота – кај Млечен од 20.00 - Гоце Илиевски , 26 април, недела од 11.30 ( видео - визуелни уметности ) - Арда Мустафаоглу 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.00 - Емилија Потевска Попивода, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 12.30 - Дуња Иванова 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 13.00 - Силви Бенд, 26 април, Парк Шопен ,Кисела Вода од 14.00 - Pluto's Doubts 26 април, Аеродром , кај Стела од 18.00 - South Park 26 април, Аеродром, кај Стела од 20,00 Сите настапи ќе биде стримувани на: - фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs - Youtube канал на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw За потсетување, Град Скопје, заедно со градските културни институции, на 13.04. 2020 година, објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/ Со овој повик ќе се поддржат следните видови проекти: 1. Маалски изведби во времетраење до 2 часа; техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје; и 2. Виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до 2 часа. Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација. Со почит, Град СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидатКога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита. Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата? Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус Вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер СпасовскиПочитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски Кој ќе понесе одговорност по масовното труење во Гостивар? Зошто институциите повторно потфрлија во заштитата на граѓаните? Успеа ли СДСМ да се консолидира и да фунционира како конструктивна и силна опозиција? Може ли земјава да напредува кон ЕУ без нови условувања, ќе најдат ли власта и опозицијата заеднички јазик? Јана Јосифоска во Вести Плус со Оливер Спасовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела ВодаНа првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади.Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места. Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор. -Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање. Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари. Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10% дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица. На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода. Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси. Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook