Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет - Канал 5

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Веќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.

Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.

На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026

Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра.

СДС и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места.

Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома.

Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики што носат економски раст, повисока вработеност и подобар животен стандард за сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. 

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра.

Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард.
За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 милијарди евра од ЕУ. Хрватска веќе има добиено 10 милијарди евра досега со членството во ЕУ.
Македонија, поради ставот на ВМРО-ОКГ, останува без милијарди евра и без перспектива за натамошен развој.
Граѓаните треба да знаат дека поради нивната политика, Македонија губи милијарди евра и шанса за подобра иднина.

Скопје, 16.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“

Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“  премиерно  ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел.

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“

Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска поезија.

Во „Кориолан“ играа Огнен Дранговски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Сандра Грибовска, Јулијана Мирчевска и Петар Спировски. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката за претставата ја напиша Александар Димовски.

Режисерот Џон Блондел посочи дека „Кориолан“, иако е напишан пред повеќе од четири века, останува актуелен поради темите за моќта, политиката и односот меѓу власта и народот.

-Видете го овој неверојатен простор во кој се наоѓаме моментално.Навистина магично место со стари корени за изведување претстава. Атмосферата е извонредна за гледање претстава како оваа вкоренета во минатото и сегашноста. Ова е перформанс полн со интимни, автентични и изненадувачки моменти. Се надевам дека гледачите понесени од приказната ќе ја вметнат во нивната имагинација за да се почувствуваат како да се на сцената, рече режисерот Блондел кому ова му е петта соработка со битолските актери.

Според директорот на Народниот театар-Битола, Васко Мавровски, се работи за многу интересна претстава со нова естетика, претстава којашто од 40-тина ликови е сведена само на седум и во неа, како што вели, е собрано само есенцијалното од текстот.

-Секогаш кога ќе се спомене Шекспир, луѓето очекуваат дека тоа ќе трае два часа и повеќе. Ние успеавме за 80-тина минути да направиме многу добра и естетски поткована претстава на еден наш препознатлив јазик, односно препознатлив јазик и за режисерот Џон Блондел којшто по стотти пат го покажува тоа на сцена, појаснува Мавровски.

Концептот на претставата е насочен кон минималистички сценски израз, со акцент на актерската игра и текстот.

-Сум играл на „Охридско лето“ многупати со Битолскиот театар и сцената ја доживувам како матична. Воодушевувачки е да се игра на толку импознатно место каде што има акустика, историја, има сè. Овде, на оваа сцена, прошетале илјадници глумци од цел свет, прошетале и наши драги колеги кои ги нема повеќе, така што возбудата доаѓа од сите страни, вели битолскиот актер Петар Горко.

И на сценографот и костимограф Благој Мицевски, оваа театарска претстава не му е прво гостување на „Охридско лето“.

-Повеќе од 30 години сме биле скоро секоја година учесници на „Охридско лето“. Да бидам искрен, сум учествувал и со неколку претстави. Сме биле на Плаошник, на Самоиловата тврдина, Канео, многупати и на Долни Сарај, кај изворите во „Свети Наум“, кај некогашниот хотел „Парк“, но „Света Софија“ си има своја енергија. Едноставно, те прима, те прифаќа и те прегрнува, вели Мицевски.

По македонската премиера на „Охридско лето“, претставата „Кориолан“ ќе ја има и својата светска фестивалска премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival во Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер