3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
МакедонијаДенеска е Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)Денеска е Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица),празник на мајката на животот.Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана… Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири. Меѓу позначајните празници што македонскиот народ ги празнува со посебно внимание се и неколкуте празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Поради тоа и повеќе цркви низ цела етничка Македонија го носат нејзиното име. Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови. Македонскиот народ со повеќе свечености, но и со народни собири, панаѓури и сл. што траеле и по неколку денови ги прославувал празниците на Пресвета Богородица како што се: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица, Воведение на Пресвета Богородица (празник познат уште и под името Света Пречиста), Свето Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, и сл. По раѓањето на Исус, Богородица живеела уште 48 години, извесен период кај старателот Јосиф, со синот Исус, а по неговото распетие и воскрeсение кај неговиот ученик и апостол свети Јован Богослов. За сето тоа време таа била директен сведок на многу важни настани што се од значење за христијанската црква. Кога Исус бил распнат Богородица стоела покрај крстот и плачела како секоја мајка над судбината на својот син. Од крстот Исус ѝ порачал во иднина да живее кај апостолот Јован и да го има за свој син, а нему му порачал да ја има за своја мајка. Светото евангелие според Јована за ова сведочи: „А Исус, штом ја виде мајка си, и ученикот кого го љубеше како стои ѝ рече на мајка си: „Жено, ете ти син"! Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!" И од тој час ученикот ја зеде при себе" (Јован 19/26, 27) Се поставува прашањето зошто Исус од крстот на мајка си ѝ се обратил со „Жено" а не со „Мајко"? Истражувачите на оваа проблематика сметаат дека со тоа сакал да ја заштити од своите непријатели: „Околу крстот Христов се наоѓале неговите најголеми непријатели и Он така ѝ се обратил за да ја заштити од нивната дрскост и злоба, оти тие ако знаеле дека тука е неговата мајка, можеби ќе ѝ нанеле и нејзе некое зло". За време на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите со нив била и Богородица така што и врз неа слегол Светиот Дух, при што и таа ги примила неговите дарови. Потоа апостолите останале во Ерусалим уште 10 години, а за тоа време Богородица живеела кај свети Јован Богослов. Но кога Ирод ги започнал своите големи прогони на христијаните, апостолите со ждрепка решиле кој каде да оди и да го проповеда евангелието. Јован со Богородица отишол во Ефес, од каде што таа ги посетила св. Игнат Богоносец во Антиохија, св. Лазар воскреснатиот од Исуса кој бил епископ на Кипар и Света Гора којашто во таа прилика и ја благословила. И по враќањето во Ерусалим Богородица живеела во домот на апостолот и евангелист свети Јован Богослов и ги посетувала местата на кои за време на животот на Исус се случиле важни настани како што се Голгота, Витлеем, Гетсиманија, Елеонската Гора, потоа гробот на Исус итн. А во овие посети некои истражувачи гледаат зародиш на христијанскиот аџилак. Особено Богородица често го посетувала гробот на својот син и го молела што побргу да ја земе кај себе. Набргу Господ Исус Христос ѝ пратил вест дека е скоро часот кога таа ќе умре. Истиот оној архангел Гаврил што ѝ ја соопштил благата вест дека ќе го роди Спасителот, сега ѝ кажал дека е дојдено времето кога таа ќе се пресели кај својот син. Ѝ предал рајска палмова гранка како победа на животот над смртта со барање да ја носат пред одарот за време на погребот. Богородица не се исплашила од оваа вест туку се израдувала што наскоро ќе биде кај својот син. Му кажала на свети Јована, му ја предала рајската гранка и започнала да се подготвува за напуштање на овој свет. Посакала да ги види сите апостоли кои поради прогоните на Ирод, но и поради своите обврски да го шират христијанството биле растурени по светот. Носени од некоја таинствена сила сите апостоли веднаш пристигнале, со исклучок на Тома кој бил многу далеку и во тој момент не можел да дојде. На 15-тиот ден во месецот, во третиот час од денот, Богородица била легната во ковчегот, многу свеќи ја осветлувале просторијата, а апостолите пееле и го славеле Господа Исуса Христа. Богородица го очекувала својот син да ја поведе на небото. Одеднаш силна светлина ја исполнила просторијата, Исус слегол од небото со многу светци и ангели, а Богородица гледајќи го него извикнала: „Мојата душа го велича Господа, и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови", (Лука, 1/46-48) по што без болки ја предала својата душа во рацете на својот син. Тогаш ангелите го запеале поздравот од Благовештение: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените". (Лука, 1/28) Во тој момент апостолите виделе како со оваа песна ангелите, заедно со Исус, ја носат душата на Богородица кон небото. Лицето ѝ светело како сонце, а од телото се ширел пријатен мирис од кој се излечиле многу болни. По сопствена желба Богородица била погребана во Гетсиманската градина, каде што биле гробовите на нејзините родители Јоаким и Ана и на свршеникот (старателот) Јосиф. За време на погребот светиот апостол Јован ја носел рајската гранка пред погребната поворка, апостолите го носеле телото на Богородица, а над нив се слушало пеењето на ангелите. Светол облак ја завиткувал поворката и непријателите не можеле да се приближат, иако постојано ја следеле и се обидувале да ја растурат поворката, а телото на Богородица да го запалат. Во еден момент на едно место малку се поткренал облакот и се видел ковчегот во кој била Богородица. Тогаш еден од еврејските свештеници се затрчал кон него, го фатил со рацете за да го преврти. Но во тој момент невидлив ангел со меч му ги отсекол рацете и дланките останале залепени на ковчегот. Свештеникот се покајал за тоа што сакал да го направи и заплакал, а апостолот Петар му рекол да ги допре рацете до пресечените дланки. Кога тоа го направил се случило чудо, рацете зараснале како никогаш да не биле пресечени. Сите што виделе се увериле дека Исус навистина е синот Божји и на тој ден многумина се крстиле и го примиле христијанството. Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската градина и врз отворот бил ставен голем камен. Три дена апостолите пееле псалми, а од воздухот се слушало пеењето на ангелите. Третиот ден по погребот пристигнал апостолот Тома кој што многу жалел затоа што не присуствувал на погребот на Божјата мајка и побарал апостолите да му го отворат гробот за да се поклони пред телото на Богородица. Апостолите му ја исполниле желбата, го отвориле гробот но на општо изненадување телото не било внатре. Имало само некои погребни платна од кои се ширел пријатен мирис. Тогаш се јавила Богородица и им соопштила дека на третиот ден по погребот Исус ја воскреснал кревајќи ја на небото. Кога се упокоила Богородица имала 63 (според други 72) години. Празникот Успение на Пресвета Богородица меѓу народот познат како Голема Богородица се празнува на 28 август според новиот (односно на 15 август според стариот) календар. За подостоинствено празнување на овој празник му претходи двенеделен пост што започнува на 14/1 август, односно на празникот Св. седум маченици Макавејски. Иако култот на Пресвета Богородица имал значајно место во христијанскиот свет уште од најстари времиња, сепак, празникот на нејзиното успение не се празнувал од почетокот. Во почетокот се празнувал празникот Собор на пресвета Богородица, веднаш по Божик, а подоцна од овој општ празник на мајката Божја како и другите нејзини празници се одделил и празникот на нејзиното Успение. На иконите Успението на Пресвета Богородица е насликано на овој начин: На одарот е поставено телото на Богородица. Околу неа се народот и апостолите. До одарот во средината е нејзиниот син Исус кој во рацете го држи нејзиниот дух во форма на новороденче, или нејзиното тело во минијатурна форма. На некои фрески меѓу апостолите што го носат ковчегот со телото на Богородица насликан е и свештеникот со пресечените раце. Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири. Така е крај манастирот во Матка крај Скопје, кај црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир крај Тетово, во Берово, и на повеќе други места. Тропар Успение на Пресвета Богородица Богородице, и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не си го оставила светот, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со твоите молитви ги избавуваш од смртта нашите души./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter