БалканДенеска е мирно на северот на Косово, но тензично Состојбата на северот на Косово е мирна, но постојано на раб на инцидент. Меѓународната заедница повикува на деескалација, Белград и Приштина се конфронтираат кој е виновен за вчерашните судири меѓу припадниците на КФОР и косовските Срби, кои резултираа со над 80 повредени. Локалните Срби втор дена протестираат близу општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ против новите градоначалници Албанци, додека силите на КФОР поставија нови кордони не дозволувајќи пристап до објектите. Градоначалникот на Звечан денеска воопшто не дошол на работа, а неговиот колега од Лепосавиќ, Љуљзим Хетеми ноќта ја минал во општината и oд безбедносни причини не излегува од објектот. -Нашето барање е непроменeто од вчера. Бараме оние луѓе кои се во зградата да го напуштат објектот, за вработените да дојдат на работните места. Против оној господин горе немаме ништо лично, нека оди во оние три албански села кои го гласаа, а ние ќе го работиме тоа што го работевме цело време , изјави Зоран Тодиќ, поранешен градоначалник на Лепосавиќ. Косовските Срби имаат две клучни услова - повлекување на градоналаниците Албанци и на косовските специјалци од Општините, барања кои денеска претседателот Вучиќ ги изложи и на средбата со амбасадорите на земјите од Квинтата, односно САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија. Тој воедно побара западните сојузници да ја гарантираат безбедноста на српското насление. Во синоќешните изјави и Вучиќ и Курти ја обвинија другата страна дека ги иницирала последните инциденти. -Почне ли да пука албанскиот окупатор, тогаш состојбата ќе биде потполно поинаква. Последен пат повторувам и ја молам меѓународната заедница да го вразуми Албин Курти. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија. -Графитите од српски националистички, шовинистички и про-Кремљ карактер, заедно со маскирани екстремисти кои вршат напади, вандализираат и напаѓаат сè што не е српско, се главните показатели за мотивот на насилните дејствијa. , се вели во соопштението на косовската влада. Во вчерашните судири меѓу КФОР и локалното српско население во Звачан беа поврдени 53-ца цивили и 30-ина италијански и унгарски војници, од кои тројца биле повредени со огнено оружје. Тензиите избија во петокот кога локалните Срби почнаа протест пред трите општини не дозволувајќи им на новите градоначалници да ја преземат должноста, по изборите во април кои беа бојкотирани од косовските Срби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
АвтомобилизамКако Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобилНа една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил. На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата. „Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв. Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили. „Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.Тагови: ферари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси рагбистка воодушеви со облинитеРагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради. Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација. Dayummmm!! 💓 Btw: she is Australian Rugby player Her name: Jaime Chapman https://t.co/zwQUjRxZJR — HollywoodCave (@HollywoodCave) October 9, 2026 Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика. Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X. Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд. Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook