Денеска е ден на Вера, Надеж и Љубов: „Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути...“ - Канал 5

Денеска е ден на Вера, Надеж и Љубов: „Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути...“

Денеска се празнува денот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.

Денеска е ден на Вера, Надеж и Љубов: „Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути...“

Свети маченички живееле и биле мачени и убиени во градот Рим, за време на цар Адријан.

Софија ушта во младоста останала вдовица, и ги воспитала своите три ќерки во Христовата вера. Кога започнале гонењата на христијаните и кога мачителите дошле во домот на Софија, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 9 години. Сите четири биле изведени пред царот, каде одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај. Таа им говорела дека небесниот љубител – Господ Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и бесмртен живот. Издржале страшни маки - ги тепале, ги сечеле со остри ножеви, ги фрлиле во оган и во врела смола, и на крај, една по една, ги убиле со меч. Мртвите тела на своите ќерки Софија ги погребала надвор од градот . По три дена и три ноќи, молејќи се на Бога, ја предала својата душа во рацете на Бога.

Верата е зракот, надежта - светлината, а љубовта е сончевиот круг. И сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај.

Верата може да направи сè, сè да создаде. Надежта, ја повикува Божјата милост и ја прави непосрамена. А љубовта никогаш не слабее, не заостанува и не му дава мир на оној, кој е занесен од нејзиниот блажен восхит.

Оној што сака да зборува за љубовта Божја, се осмелува да говори за Бога. А, да се зборува за Бога е ризично и опасно за луѓето кои не внимаваат многу. Вистината за љубовта им е позната на ангелите, но и ним – преку озарението. Бог е љубов (1. Јован, 4, 16), а оној што сака со зборови да објасни што е Он, го прави истото што и слепецот кој седи на брегот на океанот и сака да измери колку песок има на неговото дно.

По својот квалитет, љубовта е уподобување на Бога, во мера која им е достапна на смртниците. По своето дејство, пак, таа е извор на верата, бездна на долготрпението, море на смирението.

Љубовта , во вистинска смисла на зборот, е напуштање на секакви непријатни мисли во поглед на другиот човек. Зашто, љубовта не мисли зло (1. Кор. 13, 5).

Љубовта, бестрастноста и боговосиновувањето се разликуваат меѓу себе само по името. Светлината, огнот и пламенот се постигнуваат со едно дејство. Така треба да се замислуваат и тие три доблести.

Во согласност со копнежот за љубовта, во нас се јавува и стравот. Зашто, човекот во кого нема страв – или е полн со љубов, или душевно е веќе мртов.

Не е нималку неприлично да се споредува копнежот со стравот, ревноста и предаденоста, служењето и љубовта кон Бога, со она што обично може да се види кај луѓето. Блажен е значи, човекот кој Го сака Бога онака, како што занесениот љубовник ја сака својата љубена. Блажен е човекот кој се плаши од Бога онака, како што осудениците се плашат од судијата. Блажен е човекот кој станал усрден во вистинската предаденост на Бога онака, како што благоразумните слуги се усрдни кон својот господар. Блажен е човекот кој во извршувањето на добродетелите станал ревносен така, како што се ревносни мажите кои, заради своите сопруги, се лишуваат себеси од сон. Блажен е човекот кој во молитва стои пред Господа, онака како што служителите стојат пред царот. Блажен е оној, кој се подвизува во непрестајно угодување на Бога, исто како што некои се трудат да им угодуваат на луѓето.

Мајката не е така приврзана за своето доенче, како што синот на љубовта постојано е приврзан за Бога.

Кога срцето на човекот е весело, тогаш и лицето негово сјае. Кога целиот човек е опфатен од љубовта Божја, тогаш и надворешно, на неговото тело, како во некое огледало, се забележува сјајот на неговата душа. Така се прослави и боговидецот Мојсеј. Оние кои го достигнаа тој рамноангелски степен, често забораваат на телесната храна. Јас мислам дека тие дури и не чувствуваат потреба за неа. Не е ни чудо: дури и луѓето кои ги измачува телесната желба често одбиваат да јадат. Сметам дека телото на овие бесмртници веќе не е ни подложно на болести (спротивно на сите природни закони). Зашто, нивното тело е очистено, и на извесен начин (преку дејство на пламенот на чистотата, кој во нив го пресекол пламенот на страстите) станало нетрулежно. Мислам дека, дури и она што го јадат, го јадат без наслада. Зашто, како што подземната вода ги напојува корените на билките, така и небесниот оган ги храни душите на овие свети луѓе.

Согласно со растењето на стравот Божји, во човекот се јавува и љубовта. Врвот на чистотата е основниот услов за познавањето на Бога. Самиот Бог, на таинствен начин го воведува во Својата вистина оној кој своите чувства совршено ги соединил со Него. Зашто, сè додека не дојде до соединување на сите наши чувства со Бога, тешко дека ќе можеме да зборуваме за Него. Соединувајќи се со човекот, Единосушното Слово ја усоврши чистотата и со Своето доаѓање ја умртви смртта. А, тогаш кога смртта е умртвена, ученикот на вистинската теологија бива озарен од Бога. Зборот Божји, зборот кој од Бога доаѓа, Неговиот чист збор, пребива во веки. Оној што не Го познал Бога, за Него зборува со нагаѓање. Чистотата, пак, го прави својот ученик теолог, кој самиот од себе ги објавува догматите за Пресвета Троица.

Оној што Го сака Господа, најнапред го засакал својот брат. Второто е доказ за првото. Оној што го сака ближниот, никогаш не ги поднесува луѓето кои се занимаваат со оговарање. Уште повеќе, бега од нив како од оган. Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути, наликува на човек кој сонува дека трча.

Моќта на љубовта е во надежта. Преку надежта очекуваме награда за љубовта. Надежта е збогатување со невидливи богатства; надежта е сигурна ризница пред ризниците. Таа е одмор од маките, таа е капија на љубовта, таа го убива очајанието, слика е на идните добра. Недостатокот на надеж претставува исчезнување на љубовта. Со неа се врзани нашите маки, на неа се градат нашите подвизи, неа ја опкружува милоста Божја. Монахот кој е исполнет со неа, ја употребува како нож со кој го сече унинието. Надежта раѓа искуство во даровите Господови. Зашто, оној кој не ги почувствувал даровите Божји, не може да не се сомнева. Надежта го победува гневот: таа не посрамува (Рим. 5, 5). А лутиот човек е непристоен.

Љубовта е дарител на пророштвата. Љубовта е извор на чудата. Љубовта е бездна на озарувањето. Љубовта е извор на благодатниот оган: колку повеќе се разгорува, толку повеќе ја распалува жедта на жедниот. Љубовта е животот на ангелите. Љубовта е вечно напредување.

Објави ни добродетелке најубава, каде ги пасеш своите овци, каде отпочинуваш на пладне. Осветли нè, напој нè, води нè, раководи нè, зашто, ете, сакаме да ги достигнеме твоите висини. Ти владееш над сите. Ти ми ја рани душата, и сега не можам да ја издржам силата на твојот пламен. Од каде да ја започнам песната во твоја чест? Ти љубителите твои ги правиш непобедливи.

Горам од желба да дознаам како, зацврстена на врвот на скалата, те видел Јаков. Кажи ми како тој го гледаше оној пат во висините? Каков е начинот и смислата на редењето на скалилата, оние столбови, кои во срцето свое ги постави љубителот твој? Сакам да го знам нивниот број? И колку време е потребно тие да се поминат? Оној што те виде и што со тебе се бореше, нè извести само за ангелите кои водат низ скалилата. И ништо друго не сакаше, или поточно – ниту можеше да открие, ако тоа е токму она, што треба да го кажам.

А, љубовта, таа царица, ми се јави како од небото, и ми рече, како да говори на увото на мојата душа: Љубителу мој, сè додека не се ослободиш од дебелината на телото свое, нема да бидеш во состојба да ја видиш мојата убавина, таква каква што е. А лествицата Јаковова, нека те научи како да ја составиш твојата духовна лествица на добродетелите, на чијшто врв јас сум зацврстена, како што рече големиот посветеник на моите тајни: Сега останува само ова: Верата, надежта и љубовта...но, најголема од сите нив е љубовта.

Качувајте се, качувајте се, браќа! Храбро поставувајте ги скалилата во срцата свои, слушајќи го оној кој говореше: Дојдете да се искачиме на гората Господова и во домот на нашиот Бог, Кој ги усовршува нашите нозе да бидат како на елен, и Кој стои на висините. (Пс. 17, 34), за да станеме победници на Неговата патека! Трчајте, ве молам, заедно со оној што велеше: Да се потрудиме, додека не постигнеме единство во верата и познание на Синот Божји, во човек совршен, по мерата на растот од полнотата Христова (Ефес. 4, 13), Кој, крштевајќи се во триесеттата година од видливата возраст, го достигна триесеттиот степен на мислената лествица. Зашто, Бог Е љубов.

Нему Му прилега слава, Нему власт, Нему сила, зашто Е, и беше, и ќе биде причина за секое добро во сите векови. Амин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 3. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе ја игнорирате сентименталноста и ќе се фатите во костец со реалноста. Тоа ќе биде здраво , а ќе ги подобри и вашите односи.

Кариера

На дневен ред се нови финансиски анализи. Ваше е да направите добар извештај.

Здравје и совет

Потсетете се на сопствените приоритети.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива , а партнерот ќе ви даде повод да се врткате ојколу него повеќе од вообичаено.

Кариера

Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте.Иамте низа прашања на кои чекате одговор.

Здравје и совет

Ќе бидете креативни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Подгответе нов еротски план за да ја заведете личноста која ве привлекува. На чекор сте до оистваруавање , но има едендетал што треба да го доработите.

Кариера

Пред врата се спонзори , чија понуда не е лесно да ја одбиете. Ќе мора повеќе да се ангажирате во анализата.

Здравје и совет

Внимавајте на здравјето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Станува се појасно дека треба повеќе внимание да и псоветите на саканата личност. Некако не сакате да играте како што таа ви свири.

Кариера

Преговори , договарања и усогласувања дениовиве ќе бидат главна тема. најпрвин ќе треба се да проанализирате.

Здравје и совет

Сигурен пад на имунитетот.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Иако веќе сигурно се согласивте на отуѓеност, сепак се надевате дека работите ќе тргнат на подобро. Така ќе биде , но не сега.

Кариера

Денеска ќе се дефинираат последните детали пред донесувањето на една деловна одлука.

Здравје и совет

Сакате да престанете со нездрав живот .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Повторно ќе се фокусирате на тајните во односите.Ќе ве интересираат тајните , скриени работи , а некои ќе почнат со непотребни озборувања.

Кариера

Иако ги имате сите шанси за да се покажете и дас е докажете, вие денеска ќе играте игра криенка во која ќе нема победник.

Здравје и совет

Делувајте паметно.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Иако во себе чувствувате де сте се посилни , мопноста за недоразбирање и вербални расправии со партнерот е голема.

Кариера

Се повеќе очи се свртени кон вас и сите имаат големи очекувања. Со тоа се зголемува и вашата одговорност.

Здравје и совет

Контролирајте го своето однесување.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Речиси ништо нема да направите самите. Клучот на вашата среќа се наоѓа во целосната отвореност кон другата страна.

Кариера

Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во љубовните прашања ќе бидете наклонети да гледате под површината. Ќе успеете да дознаете нешто што до сега ви било тајна.

Кариера

Фантазија , креативност , уметнички визии и инспирација- сето ова ќе го исполни вашиот денешен работен ден.

Здравје и совет

Следете ја својата интуиција.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не сте сеуште во најдобра форма , но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога.

Кариера

Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени.

Здравје и совет

Не се откажувајте од своите идеали.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веќе не очекувате бајка , но соновнот ниво на културно однесување е она под кое не прифаќате никаков однос.

Кариера

Пред вас се нови предизвици поврзани со вашето знаење и стручност. Сеуште анализирате некои детали.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Не сте сигурни како да се поставите кон една личност. Затоа денеска ќе балансирате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите.

Кариера

Ќе се жртвувате на работатат мислејќи дека вие можете повеќе од сите други заедно. Премногу размислувања го забавува работењето.

Здравје и совет

Бидете подготвени за акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ

Љубиша Николовски, Никола Србов и Срѓан Ивановиќ  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Секојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнува

Љубовта не исчезнува секогаш после голема расправија, неверство или драматично раскинување. 

Секојдневни навики кои откриваат дека блискоста полека исчезнува

Понекогаш партнерите се оддалечуваат тивко така што и самите не забележуваат кога престануваат да бидат блиски. Еден од првите знаци може да се крие во сосема обичните ситуации или реченици.

Кога престануваме да се забележуваме еден со друг?

Психологот Џон Готман, познат по своите истражувања за романтичните врски, моментите во кои имаме желба со партнерот да споделиме нешто што ни го привлекло вниманието, ги опишува како мали обиди за поврзување.

Она што следува после нив е важно. Ако партнерот застане, нè погледне и покаже интерес за она што го зборуваме, макар и неколку секунди, покажува дека е присутен. Меѓутоа, ако ваквите обиди постојано завршуваат со тишина, со тоа што некој гледа во својот телефон или со рамнодушен одговор, со текот на времето може да се појави чувство на осаменост – дури и кога двајца луѓе живеат под ист покрив.

Не станува збор за една пропуштена реченица.

Се разбира, никој не може да биде внимателен во секој поединечен момент. Заморот, работата и секојдневните обврски понекогаш ни го одвлекуваат вниманието. Проблемот настанува кога ова игнорирање ќе стане образец на однесување. Едниот партнер се обидува да започне разговор, но другиот не одговара. Следниот пат, обидот е пократок. По некое време, може целосно да исчезне. И така, се случува нешто необично: парот речиси воопшто не се расправа, но истовремено имаат многу малку работи што можат да ги споделат еден со друг.

Мала промена што може многу да значи

За повторно да се воспостави блискост, не се секогаш потребни скапи излегувања, патувања или грандиозни романтични гестови. Понекогаш е доволно само да го оставите телефонот настрана кога партнерот ќе почне да зборува, да поставите дополнително прашање или да покажете искрен интерес. Исто така, важно е отворено да кажете кога чувствувате потреба за повеќе внимание, наместо да очекувате другата личност сама да погоди како се чувствувате.

Зашто љубовта не се покажува само преку големи зборови. Честопати, таа е најјасно видлива во оние мали, секојдневни моменти кога партнерот сака да сподели нешто со нас – а ние одлучуваме навистина да го сослушаме.

Извор: una.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер