Денес во Србија 105 нови случаи на Ковид-19, нема смртни случаи

Во Србија, во последните 24 часа, не е регистриран ниту еден смртен случај предизвикан од инфекција со коронавирус.

Ова е прв ден без нови жртви во оваа земја после скро два месеци, од 24 март.

Во изминатите 24 часа тестирани биле 5.998 лица, а 105 се позитивни на Ковид-19. Вкупно во Србија се тестирани 209.797 луѓе, објавено е на сајтот „covid19.rs“.

Од 744 хоспитализирани лица на респиратори се 12.

До сега вкупно починале 237 луѓе, а стапката на смртност во таа земја е 2,15%.

Вкупниот број на регистрирани случаи во Србија е 11.024.

притисни ентер