Денес се отвара новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар - Канал 5

Денес се отвара новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар

Лидерот на СДСМ Венко Филипче и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски присуствуваа на отворање на  новата детска градинка „Пролет“, изградена по најсовремени стандарди,.

Денес се отвара новата детска градинка „Пролет“ во Општина Центар

Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености

YouTube video

Флик потпиша нов договор со Барселона до јуни 2027 година

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вчера објави, а веќе денес тренерот Ханси Флик потпиша продолжување на договорот за уште една година, до јуни 2027 година.

Флик потпиша нов договор со Барселона до јуни 2027 година

Германскиот стручњак не само што го оправда својот ангажман минатото лето, туку и ја воодушеви јавноста со својот начин на работа и структурата на играта што ја создаде, создавајќи машина за постигнување голови што во тој процес освојува трофеи.

Барселона не мораше да брза со продолжување на соработката, но тројната круна (Ла Лига, Копа дел Реј, Суперкуп на Шпанија) мораше да биде наградена на некаков начин. Новиот договор носи и подобра плата.

Колку Флик е далекувид и колку добро ја гледа Барселона, покажува и фактот што го прифати предлогот на Бојан Кркиќ, помошник спортски директор, да го замени Тијаго Алкантара во тренерскиот штаб со тренерот на кадетскиот тим, Арнау Бланко. Оваа соработка ќе биде од најголема важност за иднината и вклучувањето на нови млади играчи од Ла Масија во првиот тим.

Германскиот тренер промовираше многу млади играчи од академијата на почетокот и во текот на целата сезона, како што се Бернал, Касадо, Пау Виктор, Херардо Мартин и други. Заедно со Гави и другите, тој има одлична база од Ла Масија. /MИА

Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници

Вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз во првиот квартал годинава изнесува 9 845 000 и е намален за 8,6 проценти во однос на првото тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници

Во градскиот превоз бројот на патници е намален за 12,4 проценти, а во приградскиот за 6,3 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот за 0.8 проценти и во меѓународниот превоз, за 54,9 проценти.

Вкупниот број на патничките километри е 247 877 илјади и е зголемен за 27,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз се зголемени за 30,5 проценти, во приградскиот за 7.2 проценти, во меѓународниот за 62,6 проценти, а намалени се во меѓуградскиот превоз за 5.2 проценти.

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

Украинските погранични сили денеска објавија дека откако Русија ја нападна земјата пред повеќе од три години спречени се околу 49.000 регрути да избегаат од земјата. 

Украина од почетокот на војната спречила бегство на 49.000 регрути

-Околу 45.000 од нив беа приведени директно на таканаречената зелена граница, на неофицијални премини или за време на проверки во пограничните области, изјави портпаролот на Државната погранична служба Андриј Демченко во онлајн емисија. Другите мажи биле запрени на граничните премини.

Вкупно биле откриени речиси 900 групи чие бегство било организирано од шверцери.

Според Демченко, оние кои сакаат да избегаат плаќаат од 4.500 евра до речиси 11.000 евра за помош при напуштање на земјата.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, во земјата е на сила воена состојба и е издадена наредба за мобилизација.

Мажите на возраст за регрутација помеѓу 18 и 60 години можат да ја напуштат земјата само со дозвола од локалната канцеларија за одбрана.

И покрај ова, повеќе од 800.000 украински мажи на возраст за регрутација добија статус на заштита во земјите-членки на ЕУ откако ја напуштија Украина./МИА

притисни ентер